Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 6 Галичица нуди можности за развој на спелеолошки туризам. Десетте пештери кои се откриени и тоа претежно од странски посетители, љубители на спелеологијата, се многу интересни бидејќи се недоволно истражувани. Екипата на „ Bottom Time “ од Охрид во соработка со Спелеолошкиот клуб „ Златоврв“ од Прилеп организираат спелеолошки камп на Галичица. Кампот ќе има главно истражувачка цел, почнувајќи од потврдување на досегашните сознанија за пештерите, преку истражување на нови канали во познатите пештери, до лоцирање и истражување на нови пештери на Галичица.Галичица...
Пловидбени знаци и информативни табли се поставуваат на охридско-струшкото крајбрежје
Post Views: 39 Од Радожда до Св. Наум на брегот на Охридското Езеро капетанијата на пристаништата поставува пловидбени знаци и информативни табли како и бови кои ќе служат за сигнализација во вода. На брегот ќе бидат поставени 179 знаци а ќе бидат обновени и светилниците во Охрид и Св. Наум, каде ќе бидат поставени најсовремени светла по последната технологија. Нов светилник ќе биде поставен и во Струга. Поради тоа деновиве зачестени се ракциите од граѓани поради поставените знаци за забрането капење на пристаништата во Охрид, Св. Наум и на некои пристапни мостови. Од...
Jапонските експерти утврдија дека колекторскиот систем е во незавидна состојба
Post Views: 19 Колекторскиот систем кој е изграден пред неколку децении е деградиран, оштетен и итно е потребна негова надоградба, реконструкција и ревитализација, покажаа направените испитувања од страна на јапонски експерти. Нацрт финалниот извештај за состојбата во која се наоѓа колекторскиот систем, како и мерките кои се предлагаат за негова реконструкција денеска ставен на маса пред стручната јавност, надлежните институции и претставници од локалната самоуправа и јавните претпријатија Проаква и Нискоградба и министерството за екологија. На извештајот му претходеа повеќе...
Високите температури ја редуцираа работата на терен
Post Views: 5 Охрид летово интензивно се гради. Но деновиве кога живата во термометрите на сонце се искачува и до 40тиот степен целзиусов градежните работи на отворено се извршуваат со намален интензитет. Владата по предлог од Министерството за здравство донесе препорака за ослободување од работните обврски на бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години која ќе важи до 28ми јули. Во овој период, се препорачува работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни...
Англичани и швајцарци од аеродром до градов се возат со двокатниот панорамски автобус
Post Views: 6 Најзаинтересирани за разглед на убавините на Охрид со двокатниот панорамски автобус се холанѓаните. Поаѓаат од градскиот плоштад а турата не е прецизирана, се плаќа по 80 ден. од километар. Автобусот го користат и странците кои доаѓаат во Охрид со новите дирекни авионски линииза превоз од аеродромот Св. Апостол Павле до градот. Од неодамна ЈП „Билјанини извори“ склучи договотр со ТАВ Македонија за превезување на гостите со панорамскиот автобус во среда и недела кога на аеродромот пристигнуваат гости од Лондон и Базел.Со овој договор ние се надеваме дека на...
На Галичица денес не гори
Post Views: 4 На Галичица денес не гори. Одвреме на време може да се забележи само чад од пожариштата, но екипи од Противпожарната единица од Охрид и од НП Галичица се на терен и ја следат состојбата. Причините за пожарот кој вчера попладне избувнана на две места во близина на далноводите кои го снабдуваат Охрид со електрична енергија, не се познати. Дали се работи за некаков дефект на електричната инсталација, човечки фактор или друга причина, треба да открие истрагата која трба да ја спроведе јавниот обвинител. За подетални информации за пожарот но и за тоа каква е состојбата...
Пожар на Петрино
Post Views: 5 Попладнево околу 1часот и 30 мин. избувна пожар на планината Петрино, над трафостаницата 110, кај местото викано Мечкина дупка. Поради близината на 110-киловолтната трафостаница делови од Охрид краток период останаа без електрична енергија, а и во делови од населбата Рача немаше струја. По дојавата за пожарот екипи на противпожарната единица од Охрид веднаш излегле на терен со две возила, а потоа пристигнале уште две, информира командирот на противпожарната единица Охрид Спасе Прентоски. Подоцна се приклучиле и екипите од НП Галичица, од Црвен крст, како и...
Водената линија Охрид-Поградец функционира и ова лето
Post Views: 7 Водената линија Охрид-Поградец функционира и ова лето. Досега се реализирани три тури. Од охридската капетанија велат дека оваа линија не е редовна, туку дека е чартер, и пред се зависи од интересот на патниците. Капетанот на охридската капетанија, Горан Устијаноски вели дека откога ги поедноставиле царинските процедури за спроведување на овие екскурзии, интересот се зголемил. Тој додава дека сите бродови ги исполнуваат условите за да сообраќаат на оваа релација.Успехот на оваа линија зависи од менаџерските способности на сопствениците на бродовите и од нивните...