Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Водениот сообраќај во Охридското езеро ставен под контрола

Post Views: 19 Водениот сообраќај во Охридското езеро ставен под контрола. Од охридската капетанија велат дека досега не се регистрирани некои поголеми отстапувања и нарушувања на законот и правилата за пловидба. Помал проблем преставуваат некои несовесни глисерџии кои доаѓаат блиску до брегот, но и со нив се справуваме, вели капетанот на охридската капетанија, Горан Устијаноски. Овааа сезона барем на охридскиот дел од езерото нема проблем со скутерџиите. Повеќе прекршоци се прават на струшкото крајбрежје. Дојава за ваков прекршок стигна и денес по што екипа од Охрид замина за...

Продолжи со читање

Специјалните возила немаат пристап на Кеј „Македонија“

Post Views: 7 Специјалните возила на противпожарната единица и комбињата на брзата помош немаат пристап на Кеј „Македонија“. Со новиот летен режим на сообраќај оваа сообраќајница од двете страни е затворена со физички препреки, од едната страна рампа, а од другата жардињери. На овој потег се хотелите Ривиера, ресторанот Белведере, ланч барот Објектив,  неколку индивидуални куќи. Недај боже да се случи пожар или пак да имаат потреба од итна медицинска помош, возилата не ќе можат да стигнат до таму. Од локалната признаваат дека ова е проблем и ветуваат дека ќе најдат начин да го...

Продолжи со читање

Охрид се здоби со тренери и спасители на брзи води

Post Views: 4   Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид се здоби со тренери и спасители на брзи води. Ова е резултат на обуката за спасување и извлекување на давеници од брзи води, кои во организација на Црвен крст Охрид и под водство на инструктор за безбедност на вода од Операција Флориан во изминатите четири дена се реализира  на реката Црн Дрим во Струга.Обуките поминаа без никаков проблем. За овие четири дена успеавме да ги оспособиме волонтерите за интервенции на брзи води. Ние сме задоволни како се помина и се надеваме дека помогнавме за зголемување на...

Продолжи со читање

Ова лето не се наплаќа за паркинг кај Центарот за обука на вода

Post Views: 12 Ова лето не се наплаќа за паркинг кај Центарот за обука на вода. Гостите кои тука минатото лето паркирале и плаќале по 30 ден. за час пријатно изненадени. Тие прашуваат на што се должи ова олеснување. Од ЈП „Билјанини извори“ кои минатата година стопанисуваа со овој паркинг објаснуваат дека не се откажани од него. Овој паркинг треба дополнително да се уреди. Треба да се фрли чакал  и да се обележи. Паркингот треба да се направи по сите стандарди. Се до тогаш нема да се наплаќа, вели Теодор Андоноски-раководител на секторот паркинзи при ЈП „Билјанини...

Продолжи со читање

Спроведена обуката за укажување прва помош

Post Views: 3   Спроведена обуката за укажување прва помош. Црвен крст од Охрид заедно со своите партнери од операција Флоријан од Манчестер, Англија и со противпожарната единица од Охрид на заинтересираните присутни на грдаскиот плоштад синоќа им ги презентираа активностите кои во изминатите неколку дена се одвиваа во црвениот крст.Беше прикажано сето она што англиските инструктори ги научија охридските волонтери.Првата помош е насекаде иста во цел свет но различни се стандардите и процедурите. Нашите волонтери бњеа обучувани според англиски стандарди кои многу не се...

Продолжи со читање

„ Охрид без бариери за лицата со попреченост“

Post Views: 8 „ Охрид без бариери за лицата со попреченост“. Овој проект општина Охрид го реализира во Дневниот центар „ Зраци“ со грант од Амбасадата на Австралија во Белград. Проектот денес беше промовиран во присуство на градоначалникот Никола Бакрачески и амбасадорката на Австралија, Џулија Фини на јавна трибина на која учествуваа и лица со попреченост во развојот. Активностите од проектот се одвиваат во Дневниот центар „Зраци“ каде основната цел е социјална инклузија и дневна грижа на лицата со попреченост, подобрување на нивниот психосоцијален развој преку креативни...

Продолжи со читање

Идните средношколци го направија својот избор

Post Views: 2 Идните средношколци го направија својот избор. Во првиот уписен рок кој заврши вчера поголемиот дел од нив веќе се определија во кое средно училиште ќе го продолжат своето образование. Во Гимназијата „Св. Климент Охрдски“ се пријавиле 226 ученици од кои само 198 се запишани бидејќи го исполниле условот да имаат минимум 60 поени. Директорот Ѕвонко Трпески вели дека оваа година е забележан мал тренд на пораст на бројот на средношколци кои се пријавиле во гимназијата. Минатата година во првиот уписен рок се пријавиле 205. Квотата која и е одобрена на оваа образовна...

Продолжи со читање

Охридските млади виолинисти на сцената во Милано

Post Views: 4   Тројца млади виолинисти од ОМУ ,,Методи Патче“ беа дел од меѓународниот оркестар ,,100 млади,, како единствени учесници од Р. Македонијана. Концертот  се одржа во црквата Санта Кроче во Милано-Италија. Оркестарот е формиран од 100 млади музичари на возраст меѓу 13 и 21 години кои доаѓаат од Италија, Словенија, Србија, Македонија и Чешка. Чест да настапат на сцената во Милано имаа  виолинистите  Даниел Мојсоски, Александар Грунчески и Бајрам Рамаданоски. Како најмлад солист со оркестарот настапи Даниел Мојсоски.Беше прекрасно иако малку напорно бидејќи патувавме...

Продолжи со читање