Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Уметниците од Македонија и Албанија преку уметност ќе им помагаат на ранливите категории на граѓани

Post Views: 501 Уметноста ставена во функција на ранливата категорија на граѓани. Проектот под наслов „Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува – Размени меѓу уметници кои работат во социјалната област” има за цел да ја поттикне уметноста и креативноста кај оние луѓе кои скршнале од вистинскиот пат. Културниот центар „Медиа Артес“ од Охрид и албанската асоцијацијата „Рефракшн“ една година ќе го спроведуваат овој проект кој е финансиран од ИПА програмата на Европската Унија за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Со него се опфатени општините...

Продолжи со читање

Која сака има можност доживотно да учи

Post Views: 280   Охриѓани заинтересирани за доживотно учење. Денес преставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одржа презентација на програмите Доживотно учење (Еразмус, Комениус, Грундвиг, Леонардо да Винчи и Студиски посети) и Млади во акција. Целта на информативниот ден е запознавање на потенцијалните корисници со можностите на програмата, начините за пријавување, како и со предвидените правила и рокови за аплицирање и размена на успешни приказни.Постојано интересот кај граѓаните за овие програми расте.  Оваа година имаше 240 стипендисти, а...

Продолжи со читање

Штитениците од дневните центри сеуште не го имаат сефтосано специјалното возило

Post Views: 288   Штитениците од дневниот центар „Доброљубие“ сеуште не го имаат сефтосано специјалното возило наменето за лицата со хендикеп кое беше набавено со средства собрани од големата хуманитарна акциja   „Декември-месец на отворено срце“ која се спроведе минатата година. Никола Кукоски, проект менаџерот на „Доброљубие“ вели дека откога во месец јули ова возило и било предадено на Локалната за таа да го одржува и да стопанисува со него,  тие не го имаат користено  за свои потреби.Бидејќи ние во летниот период паузираме со работа немавме можност кога да го побараме...

Продолжи со читање

Домаќински или недомаќински се трошат парите на охриѓани

Post Views: 366 Измените на Програмата за детска заштита за 2013 год., за култура, за образование за социјална заштита и за спорт ги разбрануваа страстите кај советниците. Советникот од ВМРО НП, Јоне Станкоски рече дека работењето на новата локална власт очигледно е недомаќинско бидејќи средствата кои беа наменети за реализација на овие програми сега се планира да се намалат дури за 600 000 евра. Со тоа многу важни ставки од овие програми ќе бидат избришани, додаде Станкоски.Станува збор за лоша проценка, односно планирање на буџетот. Во јуни беше донесена нова програма во која...

Продолжи со читање

Мачно се калеше дневниот ред на 14тата седница на совет

Post Views: 285   Двете точки од областа на урбанизмот кои беа повлечени на 12тата седница на совет а со кои се предвидува изградба на висококатници во централното градско подрачје никако да се најдат на дневен ред. Опозицијата која ја напушти таа седница во знак на подршка на Мирослав Шиповиќ, претседателот на ОО на СДСМ Центар, сега две заседавања на советот по ред ги бара овие точки.Ова покажува дека има несогласувања внатре во советничката група на ВМРО ДПМНЕ. Не можат да се искоординираат меѓе себе и затоа не ги ставаат овие точки на дневен ред, вели Јoне Станкоски,...

Продолжи со читање

Повторно настрада детското игралиште во населбата „Гоце Делчев“

Post Views: 525 Руинирано детското игралиште во населбата „Гоце Делчев“. Овие катчиња за одмор и рекреација кои се замена за некогашните маалски лединки се почесто безмилосно се уништуваат. Долго време спортските и детските игралишта беа посакувани терени за забава и рекреација на децата, и сега кога ги добивме, не знаеме да ги чуваме, велат граѓаните. Конкретно за изградба на игралиштето во оваа населба граѓаните чекале 30 години. Од Локалната самоуправа информираат дека редовно ги одржуваат 14-те детски и спортски игралишта во повеќе делови од градот. Но, ги загрижувава тоа што...

Продолжи со читање

Сеуште не се знае со која претстава ќе се отвори театарската сезона

Post Views: 306 Сонот на летната ноќ охридските љубители на театарот по се изгледа можат да го гледаат само на лето а на зима можат да го сонуваат. Техничките соработници од странство кои се потрудија ова дело на Шекспир 4 пати да биде изведено во Охрид во летниот период сега поради други ангажмани им ги изменија плановите на Охридскиот народен театар и Центарот за култура Григор Прличев. Новата театарска сезона место  како што беше најавено, со најволшебното дело на Шекспир ќе започне со задоцнување со некоја друга претстава.   Со уметничкиот директор на охридскиот театар Горан...

Продолжи со читање

Музејските артефакти набрзо ќе станат подостапни за слепите лица

Post Views: 342   Слепите лица и лицата со оштетен вид ќе можат да ја почуствуваат културата. Завод и музеј заедно со Здружението за слепи лица од Охрид изработиле проект со наслов „Допри ја културата, почувствувај ја уметноста“. Тој е финансиран од фондацијата Ставрос Ниаркос во партнерство со Шведската организација „Културно наследство без граници“. Со овој проект треба да им се овозможи на слепите лица и лицата со оштетен вид подобар пристап до просториите со музејските збирки и експонати во Охрид.Ќе се изработат и копии на артефакти кои не можат да вообичаено да се допираат...

Продолжи со читање

Охриѓани го одбележаа Митровден

Post Views: 383 Охриѓани денес го чествуваат верскиот празник Митровден. Голем број граѓани, со свеќа во рака и со молитва за здравје и бериќет се помолија пред импровизираниот црковен храм посветен на великомаченикот Св. Димитрија. Со звуците на македонската песна и игра на градскиот плоштад се одржа црковно народен собир. Граѓаните се задоволни од ваквиот начин на прославување на Митровден. Од Црковниот одбор Св. Димитрија по десети пат го одбележуваат црковниот празник. Организираа свечен ручек пропратен со богат музички и сценски настап на музичари од земјава.Со посно гравче...

Продолжи со читање

Градоначалникот Никола Бакрачески, кум за Водици

Post Views: 309 Здружението Богојавление го кани Градоначалникот Никола Бакрачески да биде кум за Водици. Поканата веќе е испратена до Градоначалникот, а била во согласност со традицијата на здружението на секој ново избран градоначалник во првата година од мандатот да му се понуди кумство за Водици. Се очекува Бакрачески официјално да се произнесе за иницијативата на „Богојавление.Инаку, здружението интензивно се подготвува за манифестацијата  Водици 2014-та. Од таму велат дека интенција им е бројот на гостите кој минатата година изнесуваше околу 3000 да го зголемат. Димитри...

Продолжи со читање

Дневните центри за деца со посебни потреби, бараат помош од локалната

Post Views: 287 15 дечиња со посебни потреби веќе осум години се згрижени во дневниот центар Доброљубие кој се наоѓа во просториите на црквата Св. Ѓорѓија. Тие таму го поминуваат и осмислуваат своето време под надзор на дефектолог, медицинска сестра и уште неколку лица кои се ангажирани околу нив. Овој дневен центар се отвори на иницијатива на католичката и православната црква, а е финансиран преку проект од германската влада. Никола Кукоски, проект менаџерот вели дека центарот добро функционира, но има и некои проблеми со кои се  соочуваат веќе подолго време.Бараме локалната или...

Продолжи со читање

Секој со своите аргументи

Post Views: 264 Цените на услугите, висината на давачките за поставување урбана опрема, локалната патна инфраструктура се само дел од проблемите кои ги мачат угостителските работници од градов. Од еснафот на угостители велат дека генерално се задоволни како измина туристичката сезона, но додаваат дека би била уште подобра доколку се минимизираат овие проблеми. Тие бараат да се зголеми соработката со Локалната самоуправа.Локалната немаше време да се подготви за оваа сезона. Но се надевам дека нејзините служби ги увидоа недостатоците. Очекувам во иднина плодна соработка со цел...

Продолжи со читање