Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Депонијата на Мауцкер сеуште не е исчистена

Post Views: 5 Депонијата на Мауцкер сеуште не е исчистена. Иако уште во месец јануари Секретарот на општината Димитар Спасески заедно со Зоран Рафтоски, раководителот на Секторот за подршка на градоначалникоти директорката на ЈП „Комуналец“, Елена Скрческа на официјална пресс конференција најавија дека депонијата во најкраток рок ќе биде исчистена, на ова место и пет месеци подоцна можат да се забележат купишта шут и друг вид на отпад. Екипи од „Комуналец“ неколку недели го чистеа отпадот, но се откажаа од оваа невозможна мисија. Директорката изјави дека претпријатието ниту...

Продолжи со читање

Бакрачески со охриѓани на кафе во Летница

Post Views: 5 Средби на отворено со граѓаните на Охрид. Ова е нов начин на комуникација на Грдаоначалникот Никола Бакрачески и службите при Локалната самоуправа со охриѓани. Градоначалникот со цел да се доближи што повеќе до граѓаните и да ги слушне лично од нив проблемите со кои се соочуваат, денес, заедно со својот тим реализира средба со нив, во центарот на градот, на култното место Летница.Сметаме дека на ваков начин граѓаните ќе бидат ослободени од сите стеги кои ги предизвикуваат формалностите за да се закаже средба со мене или со некој претставник на Локалната, рече...

Продолжи со читање

Охридската вода исправна за пиење

Post Views: 9 Охриѓани слободно можат да ја пијат водата од градскиот водовод. Најновите податоци од Центарот за јавно здравје покажуваат добар физичко- хемиски и микробиолошки квалитет. Останува проблемот со водата од селските водоводи која е со променлив квалитет, поради нередовното користење на средства за дезинфекција. Квалитетот на водата на шесте јавни градски чешми во Охрид е задоволителен и водата може да се користи за пиење. Редовно се следи и состојбата со квалитетот на водата во Билјанини извори. Анализите покажуваат дека таа е со променлив квалитет. Се контролира и...

Продолжи со читање

Ново лето стари проблеми

Post Views: 9 Просторот помеѓу улиците Коста Абраш и Цар Самоил повторно преполн со паркирани возила. Жителите на Стар град често пати не можат да си дојдат дома, бидејќи улицата е блокирана од паркираните автомобили. Иако од Секторот за комунален развој при Локалната самоуправа уште минатото лето беа поставени два знаци за забрането запирање и паркирање и од едната и од другата страна на спојката, непосредно до ресторанот Чун, несовесните возачи упорно ги игнорираат и не ги почитуваат. Во вакви случаи  кога се прекршуваат сообраќајните знаци, обврската за постапување е во...

Продолжи со читање

Бакрачески излезе од ИК на ВМРО ДПМНЕ за целосно да се посвети на Охрид

Post Views: 8 Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески веќе не е член на ИК на ВМРО ДПМНЕ. За ТВМ изјави дека тоа е поради две причини. Прво, бидејќи тој самиот барал зошто сакал повеќе да се посвети  на решавањето на проблемите на градот и на многубројните проекти кои се во тек и кои престојат во периодот што следува, а второ бидејќи ваквата промена е дел од концептот на  партијата според кој на секои две години се прават ротации и се внесуваат нови и свежи кадри. Инаку, на завчерашната седница Емил Димитриев беше по втор пат избран за Генерален Секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Во...

Продолжи со читање

Продолженото работно време на локалите , непроспиени ноќи за граѓаните

Post Views: 8 Угостителските објекти во Охрид за време на туристичката сезона ќе работат со продолжување од еден до два часа. Работното време на угостителските објекти во месец јуни во текот на пет празнични денови се продолжува за еден час, во јули 5 дена работното време ќе биде продолжено за два часа, а два дена за еден час. Во август, во текот на 11 празнични дена работното време ќе биде продолжено за два часа, а во септември, октомври, ноември и декември во текот на три дена од овие месеци, угостителските објекти ќе работаат подолго за еден час.Нормално е во овој период од...

Продолжи со читање

Ден на идеи во Охрид

Post Views: 7 Општина Охрид денеска на плоштадот „Св. Климент Охридски“организираше „Ден на идеи“. Сите граѓани кои имаа некаква идеја, проект или предлог имаа можност да ги напишат и да ги достават до службите во Локалната Самоуправа и Јавните претпријатија.Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со директорите од охридските јавни претпријатија, раководителите на сектори и одделенијата и стручните лица од службите на општина Охрид ги слушаа идеите, предлозите и сугестиите кои им ги даваа охриѓани, а најдобрите од нив ќе бидат инкорпорирани во идните програми за работа на...

Продолжи со читање

Започнуваат уписите во клубот за спортови на вода „Акватика“

Post Views: 4 Од утре започнуваат уписите во клубот за спортови на вода „Акватика“. Сите заинтересирани деца на возрасат од 7 до 15 години можат да се запишат во школата за едрење и да ги научат тајните на овај спорт. Може да се запише секој кој го сака едрењето без никакви предуслови.Најосновно е детето да има желба потоа да нема страв од вода бидејќи овој спорт се учи во вопда и треба да се фатат во коштец со природата. Децата одма учат и од самиот почеток се гледа кое дете има талент за едрење а кое не. Веднаш се прави природна селекција, вели Стевчо Ставрески, инструктор...

Продолжи со читање