Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Есента-сликар со волшебни бои

Post Views: 275 Есента со сите нејзини бои и убавини прикажана во изработки од пластелин, лисја, овошје, зеленчук и што ли уште не. Дечињата од прво и трето одделение од основното училиште „Григор Прличев“ денес своите ремек дела ги изложија во училишните хоници. Тие преку нив ја покажаа својата креативност и фантазија.Идејата за ваквата изложба потекнала од вработените. Тие биле иницијатори првачињата да направат сликовници на тема есен. Наставничките заедно со учениците собирале суви лисја, шишарки и плодови од кои ги направиле несекојдневните изработки.Ваквата изложба која во ова...

Продолжи со читање

Убавината кратко траеше

Post Views: 206 Настрадаа лед диодите поставени на макетата на старата охридска куќа  кај влезот на Охрид. Само после еден ден од нивното поставување непознат сторител ноќеска упаднал во паркот кај клучката на излезот од Охрид, го исклучил напојувањето, и украл дел од поставеното осветлување.Случајот е пријавен во Секторот за внатрешни работи од Охрид, каде екипите излегоа на терен и извршија увид на лице место. Ќе се трага по сторителот, вели  Сашо Велјановки-советник за јавно осветлување.Штетата која е направена изнесува околу 20 000ден., вели Велјановски. Екипи на општина Охрид...

Продолжи со читање

Навиките тешко се менуваат

Post Views: 212 Контејнерите скриени, ѓубрето на улица. По акцијата на ЈП Комуналец за дислокација на контејнерите од „Булевар Туристичка„ по барање на Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште поради непречено движење на велосипедистите по велосипедската патека, граѓаните отпадот почнаа да го фрлаат каде ќе стигнат. Тие велат дека не се доволно информирани каде се преместени контејнерите па се затекнати кога со ѓубрето в раце не ќе ги најдат на нивното старо место и затоа отпадот го оставаат на несоодветно место.По нашата обиколка на неколку локации каде се наоѓаа овие...

Продолжи со читање

Триесетина пушки, кубури, пиштоли и две сабји кои датираат од 18 и 19 ти век, извадени од дното на езерото

Post Views: 256 Од Охридското езеро по трет пат организирано беа извадени примероци на оружје старо неколку векови. Триесетина пушки, кубури, пиштоли и две сабји, сите во прилично добра состојба станаа сопственост на Завод и музеј. Со тоа се реализира и последната фаза на проектот „Охридското езеро, подводно – депо на оружје“. Кустосот Горан Митрески вели дека при оваа подводна акција пронајдени се пиштоли со специфична орнаментика карактеристична за дебарскиот крај. Тие се изработени од дрво и метал, а украсени со месинг. Биле симбол на статус како кај отоманското така и кај...

Продолжи со читање

Се подготвува стратегијата за рурален развој на Општина Охрид

Post Views: 185 Дел од жителите на планинските села Куратица, Свињишта, Плаќе, Завој, Речица и Опеница ги пренесоа своите искуства и забелешки околу развојот на руралниот туризам во нивното место на живеење. Истите ќе им помогнат на стручните лица во Секторот за локален економски развој при подготвување на стратегијата за рурален развој на Општина Охрид. Во моментов интензивно се работи на свот анализата која пак треба да покаже колкава е оправданоста за развој на рурален туризам во овие места.Нашата намера беше изработката на стратегијата за рурален развој да направи баланс помеѓу...

Продолжи со читање

Спомен куќата на Христо Узунов крие две многу значајни реликвии

Post Views: 289 Спомен куќата на Христо Узунов крие две многу значајни реликвии за кои мал дел од граѓаните знаат. Тоа се брадата и ќесето на овој наш голем револуционер и визионер. И двете се стигнати во Охрид после макотрпни залагања на сега веќе покојниот кустос Никола Целакоски. Приказната за брадата на Христо Узунов започнува на денот на неговото загинување кога тој со своја рака си го одзел животот со цел жив да не му се предаде на непријателот. Пред да биде погребан некоја жена му ја отсекла брадата за да и ја испрати на неговата мајка на која Христо и бил син единец и неизмерно...

Продолжи со читање

Каква ќе биде судбината на Мостот на желбите

Post Views: 261 Жителите на населбата Канео, сопствениците на рестораните кои се наоѓаат на овај дел од крајбрежјето, но и граѓаните кои го користат Мостот на желбите за прошетки, алармираат за неговата состојба. Тој при секое невреме и налет на ветерот југ и високите езерски бранови се оштетува, велат очевидците. За тоа придонесува и високото ниво на водата кое беше застапено во последните неколку зими, додаваат тие. Митко Пендов, сопственик на ресторанот Потпеш вели дека мостот е квалитетно направен , но треба да се одржува.Ние го санираме колку што можиме, но тоа доста чини. Зтоа...

Продолжи со читање

Ќе им се отворат ли вратите на децата со посебни потреби

Post Views: 194 Родителите на децата со посебни потреби од Охрид бараат да се отвори специјална паралелка во Основното училиште Григор Прличев. Во неа под надзор на обучено лице би учеле нивните деца кои моментално посетуваат настава во редовните паралелки, но според нив тоа не е вистинското решение поради состојбата во која се наоѓаат. Директорката на ова училиште Силвија Мојсовска вели дека е запознаена со оваа иницијатива и во целост ја подржува. Таа објаснува дека моментално во училиштето учат 23 деца со посебни потреби кои заслужуваат еден поинаков третман и работа со стручно...

Продолжи со читање

stefan dimovski

Охриѓанец олеснет за 1,2 милиони денари

Post Views: 477   Охриѓанец олеснет за 1,2 милиони денари. Вчера попладне од неговиот дом на улица Дејан Војвода украдени се повеќе златни предмети и пари. По пријавување на тешката кражба стручни полициски екипи извршиле криминалистичко технички увид при што констатирани се сите аспекти на ова тешко казнено дело. Интересен е податокот дека при увидот не се пронајдени знаци на насилно влегување во станот, вели портпаролот на СВР, Стефан Димовски.Сторителите или сторителот на ова казненоп дело нема долго да му се радува на пленот. Набрзо ќе бидат изнесени пред лицето на јавноста. Тоа...

Продолжи со читање

Денот на македонската револуционерна борба, Општина Охрид свечено го одбележа

Post Views: 201   Возвишено, гордо, достоинствено и исправено одбележуваме 120 години од судбинскиот момент кога беше одредена историјата на македонскиот народ, рече градоначалникот Никола Бакрачески во денешното обраќање по повод денот на македонската револуционерна борба. Тој се наврати назад во 1892год. Кога во Солун шестмина мажи, револуционери и пред се македонци ја поставиле структурата на организацијата и ги втемелиле идеите за создавање сопствена македонска држава.Иако низ годините се менуваа називите, две придавки секогаш беа стожерот на името на оваа организација. Тоа се...

Продолжи со читање

Потребна е поголема грижа на државата за инклузија на децата со хендикеп

Post Views: 189 Децата со посебни потреби многу малку се вклучени во општествените процеси во државава, велат дефектолозите. Проф. Д-р Зора Јачева, раководителот на институтот за дефектологија при филозофскиот факултет во Скопје вели дека уште од 1998 година започнале преку проекти да се борат со предизвиците наметнати од овој горлив проблем. Она што било лоцирано на терен е дека наставниците немале соодветна едукација за работа со вакви деца. Поради тоа заедно со трите ресорни министерства, министерството за здравство, образование и труд и социјала во иницијалното образование внесле...

Продолжи со читање

Фирмите кои немаат набавено дефибрилатор ќе плаќаат високи глоби

Post Views: 262   Државниот санитарен инспекторат од понеделникот врши интензивни контроли во фирмите  во кои има повеќе од 100 вработени за да провери дали набавиле апарати за електрошокови, односно дефибрилатори што е предвидено со Законот за здавствена заштита кој стапи во сила од први јуни минатата година. Според него здравствен пункт со дефибрилатор мора да имаат државните органи, правосудните органи, единиците на локалната самоуправа,трговски друштва со над 100 вработени, како и хотели со капацитет над 100 легла. Доколку немаат казните се високи. За правно лице изнесуваат од...

Продолжи со читање