Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 226 Новиот Закон за зелените пазари, кој стапи на сила од 1 јануари оваа година, го доведува во прашање опстојувањето на охридскиот пазар и на јавното претпријатие кое се занимава со оваа дејност. Со неговото донесување се бара пазарџиите да обезбедат лиценца за работа која чини 3.600 денари, а за втора тезга треба да се платат дополнителни 2.400 денари, што претставува голем проблем за буџетот на пазарџиите. Законот предвидува пензионерите, вработените или пак луѓе кои остваруваат некакви хонорари да не можат да работат. Од ЈП „Градски пазар“ неодамна направиле сондажа...
Нови седумдесет вработувања во јавните претпријатија во градов
Post Views: 213 Новите седумдесет вработувања во јавните претпријатија во градов беа каменот на сопнување на денешната седница на совет. Советниците од ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека нема никаква оправданост за ваквиот чекор на Локалната земајќи го во предвид фактот дека јавните претпријатија работат на работ на рентабилноста. Според Кирил Пецаков, координаторот на опозиционата советничка група ова е чисто политички потег и тоа сега непосредно пред локалните избори кои треба да се одржат во април. Тоа е еден вид на заложништво и уценување на сите оние кои ќе имаат желба да конкурираат...
Некој обештетен, а некој оштетен
Post Views: 210 Обештетувањето на граѓаните чии домови настрадаа во земјотресот кој пред година и пол го погоди Охрид, го оштети буџетот на државата, тврдат советниците од ВМРО ДПМНЕ. Тие на денешната седница побараа да се стави дополнителна точка на дневен ред по која ќе се расправа за неправилностите кои биле утврдени при исплатата на оштетата на некои граѓани. Како што кажа координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков на некои граѓани им биле исплатени повеќе средства од тоа што реално биле штетите, а други пак воопшто не биле обесштетени. Кој знае каква...
Градов интензивно се подготвува за големиот христијански празник Богојавление-Водици
Post Views: 188 Подготовките за големиот христијански празник Богојавление-Водици се при крај. Спасувачките екипи од Црвен крст Охрид и годинава ќе бидат на ниво на задачата, а ќе бидат ангажирани и нуркачите од клубот Амфора, како и екипи од итната медицинска помош. Тие ќе се грижат за безбедноста на капачите, но и на сите посетители кои ќе дојдат да го проследат овој настан. Најчест проблем предизвикува разликата во температурата на водата и воздухот, но оваа година според предвидувањата на метеоролозите параметрите на температурата на водата и воздухот на денот на Богојавление...
Антонио доби чек од 10 000ден.
Post Views: 232 Антонио е првото бебе родено во новата година во Охрид. Денес вршителот на должност градоначалник Константин Георгиески го даруваше новороденчето со вредносен чек од 10.000 денари и пригодни подароци, упатувајќи и` честитки на дваесетгодишната мајка Софија Бимбилоска, на која ова и е прво дете. Искрено упатувам честитка до среќното семејство Бимбилоски за најубавиот дар од Бога што го добија во новата 2019 година. На малиот Антонио му посакувам добро здравје, долг живот проследен со многу среќа и радост. Децата се нашата иднина, нема човек кој не се разнежнува кога...
Престојните празници ќе донесат многу гости во Охрид и Струга
Post Views: 187 Престојните празници ќе донесат многу гости во Охрид и Струга. Најбројни и оваа година ќе бидат гостите од Србија и Бугарија, но ќе има и од Албанија, Грција и западноевропските земји. Туристички работници задоволни од најавената посетеност. Најголемиот број хотели и приватни апартмани се веќе резервирани. Исполнетоста е добра и тоа е показател дека цените на хотелите и рестораните се коректни. Е сега има некои гости на кои им се високи, а има и такви на кои им се ниски. Но, ако аранжманите се добро продадени тоа значи дека се коректни, вели Крсте Блажески, претседател...
Корпите за смет беа вандализирани
Post Views: 190 Корпите за смет кои беа вандализирани викендов се повлечени со цел ако може да се санираат. Контејнерите се вратени во првобитна положба, а отпадот е расчистен. Урбаната опрема вчераутро беше мета на несовесни граѓани кои дивееле и вандалски се однесувале во центарот на Охрид. Превртиле, искршиле и уништиле контејнери и корпи за смет, а отпадот го расфрлале насекаде по градскиот кеј и по улицата „Македонски Просветители“. И контејнерите по улиците „АСНОМ“, булевар „Туристичка“, „Егејска“ и „7-ми Ноември“ се превртени, а отпадот бил расфрлан по коловозот, тревните...
Домашни посети за изнемоштените лица
Post Views: 285 Граѓаните кои се немоќни, болни или хендикепирани, а имаат потреба од анализи кои се прават во Центарот за јавно здравје, оваа услуга можат да ја добијат во домашни услови. Стручни екипи oд центарот доаѓаат кај пациентите на кои треба да им се земе брис од нос, грло, уринокултура или треба да им се направат други микробиолошки испитувања. Со оваа акција опфатени се и трудниците кои имаат ризична бременост или некоја друга причина па не се во можност да го посетат Центарот за јавно здравје. Корисно е во овај временски период кога навистина е студено, кога има снег...
Реал Мадрид доаѓа во Охрид
Post Views: 199 Охрид е подготвен за вториот камп на фондацијата Реал Мадрид. Кампот е наменет за деца помеѓу 7 и 17 години, кои ќе стекнат непроценливо фудбалско искуство од тренерите за млади категории на „кралскиот клуб“. Учесниците на кампот се обединети од нивната страст кон клубот и неговите вредности како што се напорна работа, иницијатива, самоконтрола, тимска работа и респект. Тимот на кампот е составен од професионални тренери, психолози и едуцирани едукатори чија обука овозможува да се применува еден мултидимензионален систем, вели Влатко Тодев, лиценциран партнер на...
Плашицата се помалку барана на пазарот
Post Views: 197 Плашицата се помалку барана на пазарот. Оваа риба која е карактеристична за охридскиот регион, многу се конзумираше во минатото, но во последниве петт- шест години нема интерес за нејзино изловување, а многу ретко се нуди во рестораните во градов. Граѓаните оваа риба порано многу ја користеа и во секојдневната исхрана, а посебно во овој период кога се посните слави. Неодамна се случи еден поголем помор на плашицата, а стручњаците велат дека една од причините за тоа е што оваа риба е многу размножена, а не се изловува во доволни количини. Концесионерот на рибниот...
Пешаците најчести жртви во сообраќајните незгоди
Post Views: 195 Околу 25 отсто од вкупниот број жртви во сообраќајни незгоди во државава се пешаци. Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата наведуваат дека ваквиот загрижувачки податок се должи на тоа што голем дел од пешаците не се свесни дека и тие се активни учесници во сообраќајот па ги прекршуваат сообраќајните правила.Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Охрид, активно се вклучува во кампањата на Републичкиот совет за поголема заштита на пешаците во сообраќајот „Без изговори-без оправдувања“.Дел од пешаците драстично ги кршат...
Охридската гимназија се осовременува
Post Views: 385 Охридската гимназија се осовременува. Направени се осум кабинети по речиси сите предмети кои се опремени со инвентар, телевизори, компјутери како и една просторија наменета за прием на родителите, а во подготовка е и просторијата за учениците во која ќе можат да го поминуваат слободното време или да извршуваат некои воншколски активности. Денес по повод патрониот празник на Гимназијата Св. Климент Охридски и официјално беа презентирани новите кабинети и простории. Кабинетската настава е поттик за подобра работа и на професорите и на учениците, а со подобрувањето...