Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

12 тезги ќе бидат поставени на паркингот кај Ваикики

Post Views: 5 12 тезги ќе бидат поставени на паркингот кај Ваикики. На овој простор наместо автомобили ќе има мини базар. Од ЈП „Градски пазар“, кое стопанисува со просторот велат дека утре е последниот ден за доставување документација, а после тоа ќе биде аукцијата по што ќе следува склучувањето на договорите со заинтересираните лица. Таа локација со оглед дека е доделена за поставување урбана опрема нема повеќе да биде паркинг па сите продавачи на храна и сувенири кои сега се распрскани низ чаршијата ќе бидат стационирани таму, вели Кристина Крлеска Деспотоска, директорката...

Продолжи со читање

Фабрика за рециклирање на отпад на Мауцкер

Post Views: 7 Станува се поизвесна изградбата на фабрика за рециклирање на отпад на Мауцкер. Овој проект е одобрен уште во 2016 год., а минатата и оваа година интензивно се работеше на негово комплетирање. Моментално се прават калкулации дали еколошката фабрика за отпад ќе ја гради општината или приватни компании.До овој момент од Локалната самоуправа и ЈП Комуналец сите наши задачи се завршени. Чекаме на партнерот, Р.Грција кој ги обезбедуцва средствата да ја комплетира документацијата за проектот, вели Љупчо Грданоски- директор на ЈП „Охридски Комуналец“.Со изградбата на...

Продолжи со читање

Четвртиот меѓународен гастрономски натпревар „Гастро Мак“ 2019 ќе се одржи во Охрид

Post Views: 6 Четвртиот меѓународен гастрономски натпревар „Гастро Мак“ 2019 ќе се одржи во Охрид. Во петте фестивалски денови ќе учествуваат над 400 натпреварувачи, судии, гастрономски амбасадори на ВАКС, светската асоцијација на готвачи и почесни гости од над 35 земји со што во Охрид всушност ќе биде дојден светскиот гастрономски крем. Тоа ќе биде годишна натпреварувачка ревија на шефови на кујни од глобални размери. Претседател на судискиот одбор на Гастромак 2019 ќе биде иконата на гастрономијата на поранешна Југославија, Стево Карапанџа кој ќе раководи со педесеттина...

Продолжи со читање

спортска паралелка за фудбал и ракомет ќе има и оваа учебна година

Post Views: 8 Дисперзирана спортска паралелка за фудбал и ракомет ќе има и оваа учебна година. Првиот уписен рок помина и местата во паралелката за фудбал се речиси пополнети, но има уште слободни места во паралелката за ракомет. Заинтересираните ученици ќе можат да аплицираат на вториот уписен рок кој ќе се одржи на 1ви јули. Паралелката и понатаму ќе биде сместена во СОУ „ Ванчо Питошески“. И оваа година продолжува спортската академија. Наставата и понатаму ќе се одвива во просториите на нашето училиште. Ќе има пзралелка за фудбал и ракомет. Кадарот кој предава во...

Продолжи со читање

Инспекторите кревааат столици и маси

Post Views: 6 Нема веќе да има столици и маси и друга урбана опрема на места кои не се определени за тоа. Одделението за инспекциски надзор-Инспекторат при Општина Охрид заедно со службите на ЈП „Охридски комуналец” и СВР Охрид, започнаа координирана акција за отстранување на нелегално поставената урбана опрема пред угостителските објекти. Навистина ако сакаме да ставиме ред ова мора да се прави. Дури и некои од сопствениците на локали сами побараа да се спроведе одлуката за поставување урбана опрема и да важи за сите подеднакво. Нашите служби токму тоа го прават, ништо повеќе...

Продолжи со читање

Започна првото пријавување за запишување ученици во прва година

Post Views: 9 Во средните училишта во државава денеска и утре се спроведува првото пријавување за запишување ученици во прва година во учебната 2019/2020 година во јунскиот уписен рок. Уште од утринава новите средношколци кои веќе одлучиле каде ќе го продолжат своето образование се упатија кон некој од четирите средношколски центри во градов за да ги достават своите пријави. Во општинското средно стручно училиште „Ванчо Питошески“ уписот течеше без никакви проблеми, а учениците имаат можност да се запишат на еден од шестте профили и тоа: тригодишните за кувари и келнери и...

Продолжи со читање

Советникот Џемал Мена најави дека ќе поднесе кривична пријава против колегата советник за физички напад

Post Views: 6 Советникот Џелал Мена не се чуствува безбедно на седниците на градскиот совет. Вели дека по вчерашниот инцидент кога бил нападнат од негов колега, неговото функционирање во советот во иднина ќе му создава притисок и вознемиреност. Утре кој мене ќе ми гарантира , а и на другиве советници ако нешто се случи. Немаме никаква сигурност. Треба да има контрола, треба да има осигурување, треба да има полицајци, бидејќи понекогаш на седниците доаѓаат и граѓани па може да дојде и до поголем инцидент, вели Мена. Од Локалната самоуправа го осудуваат вчерашниот инцидент меѓу...

Продолжи со читање

Ребаланс без баланс

Post Views: 4 Предлог одлуката за изменување и дополнување на буџетот на единицата на Локалната самоуправа- Охрид за 2019 год. Ги разбранува страстите на советниците од ВМРО ДПМНЕ. Тие сметаат дека нема никаква оправданост за ваквиот ребаланс земајќи го во предвид фактот дека годинава општината имала најголем буџет до сега. Тие реагираат бидејќи се кратат средства од многу програми како што се за образование, детска заштита, за развој на туризмот, за спорт, за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води, за водоснабдување, за да се пренаменат средствата за...

Продолжи со читање