Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

„Светиот завет“ од Томислав Тунтев, оставштина за идните генерации

Post Views: 267 „Пливајќи од Сараиште према Свети Јон крстон, а тоа е линијата кога од брегот првпат ќе го здогледате крстот на Свети Јован Богослов-Канео и гледајќи ја сета таа убавина, гледајќи како пред мене излегува покривот од Св. Софија, па покривот на Св, Врачи, па камбанаријата на Св. Богородица Перивлепта и на крај ти излегува пред очи покривот на Св. Константин и Елена, гледајќи ги двете калиња на кои се распослал Охрид, сите тие куќи, улици, јалици, маѓерија, сватив дека таму се кријат тајни за кои сум слушал од моите тетки и баби и си реков морам да напишам книга. Во тој...

Продолжи со читање

Охриѓани имаат волонтерски дух

Post Views: 207 Во охридската организација на Црвениот крст има преку 1200 волонтери од кои околу 800 се активни. Според овие бројки охридската организација е прва во Македонија. Тие се на различна возраст и се инволвирани во сите сегменти на делување на оваа организација. Голем е бројот и на младите луѓе кои се подготвени безрезервно да им помогнат на оние на кои што тоа им е неопходно. Стефани Данеска е една од нив. Мотивот што станав волонтер во охридскиот Црвен крст е желбата да им помогнам на моите врсници на кои им е потребна помош, но и на постарите лица кои се немоќни, вели...

Продолжи со читање

Спомениците и спомен обележјата во градов, оставени на забот на времето

Post Views: 279   Спомениците и спомен обележјата во градов, а посебно оние кои се наоѓаат во руралните средини оставени на забот на времето, велат историчарите. Овие паметници не се случајно поставени и не се посветени на случајни личности, потенцира кустосот Горан Митрески. Тој како пример го посочи спомен обележјето на македонскиот пролетерски поет, Коста Абраш кое се наоѓа на Сараиште а за кое ретко кој од охриѓаните знае бидејќи местото не е ниту заградено ниту уредено.Недолично е ваквото однесување кон овие обележја. На дел од нив се сеќаваме само кога е некој национален празник,...

Продолжи со читање

Над 500 семејства во Охрид и Дебрца се социјално загрозени

Post Views: 217 Во Охрид и Дебрца евидентирани се над 500 социјално загрозени семејства. Ова го покажуваат податоците на Центарот за социјална работа. Поради строгите критериуми за доделување еднократна или постојана помош, бројот на евидентирани семејства  според центарот во последните пет години се намалува, но се поголем е бројот на семејства кои бараат помош во охридскиот Црвен крст. По повод Светскиот ден на гладта и Неделата на борба против гладта, Црвениот крст спроведува кампања за помош на социјално најзагрозените семејства. Ние правиме напори да им помогниме на семјставата...

Продолжи со читање

Охрид започна со чествувањето на големиот национален празник, 11ти Октомври

Post Views: 198 Општина Охрид со свечено обраќање на претседателот на совет, Д-р Гордана Коњаноска започна со чествувањето на11 Октомври, денот на востанието на Македонија. Овој ден од македонската историја, не е само симбол на македонската борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност, рече Д-р Гордана Коњаноска -претседателката на Совет.Коњаноска подвлече дека на овој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание. Наша должност останува да го чуваме она за што тие го дадоа својот живот....

Продолжи со читање

Започна вториот глобален инвестициски самит

Post Views: 497 Македонија има стабилна економија, нејзината политичка атмосфера е ориентирана кон НАТО и ЕУ. Нашата земја  најверојатно ќе беше членка на НАТО и ќе беше пред влезот во ЕУ доколку немаше попречување од една земја членка затоа што Македонија ги исполни условите за членство уште во 2008, и за почеток на преговорите со ЕУ за полноправно членство во 2009 година.Ова го истакна премиерот Никола Грувески на Вториот глобален инвестициски самит што се одржува денеска и утре во Охрид во органзиација на „Македонија 2025“.Груевски рече дека ваквите настани се можност да се затскрие...

Продолжи со читање

Нови ветришта ќе дувната во Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот

Post Views: 235   Кристијан Џамбазоски, новиот директор на Агенцијата за и поддршка и промоција на туризмот најави нов начин на работа на ова тело. Тој кажа дека ќе се применат старите начини на промовирање на туристичките вредности на државава како што се саемите, но ќе се изнајдат и нови форми. Целта е да се направи спој помеѓу класичното и модерното. Џамбазовски вели дека моменталната состојба во агенцијата не е сјајна. Ќе треба време и заеднички ангажман за да се надминат проблемите кои се јавија посебно во изминатите пет месеци кога практично немеше директор на агенцијата бидејќи...

Продолжи со читање

Преставени членовите на ИO на ОО на СДСМ

Post Views: 322 Претседателот на ОО НА СДСМ, Д-р Томислав Тунтев денес во јавноста ги престави 18те членови на новиот Извршен одбор на СДСМ. ИО на СДСМ Охрид го сочинуваат: Д-р Ацо Велевски, специјалист во Коснозглобна (поранешен претседател на ОО СДСМ Охрид) Сашо Ставрески – професор по физичко образование Дарко Стевоски – инженер Ристе Недески – правник Перо Малески – вработен во Заводот за кардиологија Климе Ставрески – стопанственик Васко Паскали – правник Александар Кузески – правник Денис Мурат – правник Даниел Радески – дипл јавен администратор Никола Галиот- дипл. менаџер...

Продолжи со читање

Со квалитетно образование и соодветна пракса до развој на туризмот

Post Views: 319   Симбиоза на науката и праксата. Тоа е формулата за развој на туризмот и туристичкото стопанство, велат стручњаците. Во последните десет години се повеќе се работи на зголемување на предметите со практичен дел на факултетите за туризам. Охридскиот факултет за туризам и угостителство обучува стручен кадар кој веднаш по завршувањето на студиите може дасе вклучи во туристичкото стопанство, вели Сашо Коруновски, деканот на ФТУ. Врската помеѓу факултетите, хотелиерите, ресторатерите и сите останати инволвирани во развојот на туризмот треба да станува се поцврста, додава...

Продолжи со читање

Ревматските заболувања земаат се поголем замав

Post Views: 266   Ревматските заболувања земаат се поголем замав. Најновите истражувања на Светската здравствена организација покажуваат дека 20% од населението заболува од некој вид на ревматизам. Ревматските болести се наоѓаат на 4то место во групата на сите останати болести. Постојат голем број фактори кои доведуваат до ова заболување. На прво место се генетските предиспозиции, зголемената телесна тежина, стилот на живеење, недоволната физичка активност. Најголемиот предизвик на современата медицина е како да се превенират овие болести. Тешко е да зборуваме за превентива бидејќи...

Продолжи со читање

Се обновуваат две релации на градскиот линиски превоз

Post Views: 291 Повторно ќе се воведе градски линиски превоз на двете релации на кои се возеше пролетта, а кој згасна набрзо после неговото воспоставување.  Граѓаните, особено постарата популација која живее подалеку од централното градско подрачје реагира дека овој позитивен гест на тогашната локална  треба да се продолжи. Едната линија од градскиот превоз беше на релација Гоце Делчев-Јане Сандански-Булевар Туристичка- Железнилка па до автобуската. А другата линија се одвиваше вдолж улицата 7ми ноември-Булевар Туристичка- Асном- населбата Гоце Делчев до автобуска. Превозот го вршеа...

Продолжи со читање

Гробот на Григор Прличев обраснат со трева и расфрлан со ѓубре

Post Views: 414   Mестото каде се наоѓа вечното почивалиште на ловороносецот Григор Прличев, заборавено од надлежните. Паркот зад црквата Св. Богородица Перивлепта каде се наоѓа гробот на вториот Хомер покрај тоа што речиси ретко кој ојхриѓанец го знае, обраснат е со трева и прекриен со ѓубре. Од Завод и музеј велат дека иако одржувањето на ова место не е во нивна надлежност минатите години од нивна страна е извршена одредена реставрација и обновување на надгробната плоча и натписот кој стои на неа.Во секој случај ова место заслужува поголемо внимание од нас самите поради нас самите....

Продолжи со читање