Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Доцни доградбата на општинската зграда

Post Views: 7 Доградбата на општинската зграда наместо на почетокот на летото како што беше најавено ќе биде дозавршена наесен. Темелите на новата зграда беа поставени пред две години, а градежните работи беа стопирани пред локалните избори во 2013. Во месец јануари повторно беа интензивирани градежните зафати за нејзино довршување. По распишаниот јавен повик одобрени беа четири компании кои работат на изградбата на инсталациите, на фасадата и ентериерот. Тоа се Метал електрик од Скопје, Кармен која е задолжена за молерајот на зградата, Бокоп ја поставува изолацијата и Али...

Продолжи со читање

Во образованието ќе се воведува предмет предприемништво

Post Views: 6 Во образованието ќе се воведува предмет предприемништво. Оваа идеја на коалицијата на младински организации “СЕГА”е во зародиш и допрва треба да се разработи. Од средното стручно училиште Св. Кирил и Методиј ја поздравуваат ваквата иницијатива кажувајќи дека предприемништвото е многу важно особено кај стручните струки. Тоа  има за задача да го развие  предприемачкиот дух кај учениците кои по образованието треба да се вклучат во  практичниот процес на работа. Директорката на училиштето, Славица КОстоска вели дека воведувањето на ваков предмет во стручните училишта...

Продолжи со читање

Охридската библиотека доби пет примероци од книгата „Можеш и ти“

Post Views: 6   Донирани пет примероци од книгата „Можеш и ти“ од авторот Венко Андоновски на охридската библиотека „Григор Прличев“. Се работи за биографска книга за проф. д-р Ванчо Чифлиганец, познат стопанственик и успешен бизнисмен, своевиден прирачник за деловниот успех за сите оние кои се на почетокот на својот професионален пат. Читајќи ја оваа биографија уште еднаш се потврдува дека со посветена работа, искрена желба и верба во себеси, успехот е неизбежен. Ова биографско четиво е многу моќно и сугестивно особено за оние кои се на почеток на градењето на својата...

Продолжи со читање

Дали сонот ќе стане реалност

Post Views: 5   Никола Грунчески има 18 години и е матурант во колеџот Јахја Кемал. Ово ј млад човек  моментално се наоѓа на животниот крстопат кога треба да одлучи по кој пат да тргне. Секој правец е послан со задачи, бројки и геометриски фигури и тела, но некој води до престижните европски универзитети, а некој во соседните земји. Никола од кога знае за себе се дружи со математиката. Добиеното прво место на регионалениот натпревар кога бил четврто одделение бил пресуден за тој да ја засака математиката и да и се посвети максимално. Се ределе успеси и награди на државно...

Продолжи со читање

Од пролеттва повторно ќе има кино проекции

Post Views: 7 Од пролеттва повторно ќе има кино проекции во Центарот за култура „Григор Прличев“. После пауза од повеќе од една година, љубителите на седмата уметност повторно ќе можат да уживаат гледајќи филмови на големото платно. Проблемот што толку долго време Охрид остана без кино проекции е од техничка природа. Новиот директор, Горан Симоновски вели дека проблемот со дефектот на прожекторот и некои други пропратни елементи набрзо ќе биде надминат. Сме во преговори со Агенцијата за филм од Скопје пошто прожекторот е во нивно владение и во договорот стои дека тие треба да...

Продолжи со читање

Ќе се оди на матурско патување во Италија

Post Views: 4 Ќе се реализира матурската екскурзија со учениците од гимназијата „Св. Климент Охридски“. Сите 188 матуранти кои се пријавиле за патувањето во Италија заминуваат на 16- ти мај. Директорот Ѕвонко Трпески изјави дека само 12 матуранти остануваат во градов, но објаснува дека тоа не е поради финансиски причини туку дека тие уште на почетокот кога се организираше оваа екскурзија се изјасниле дека не сакаат да патуваат. Во деновите кога се реализира екскурзијата овие ученици ќе посетуваат редовна настава. Екскурзијата ќе трае шест дена, а матурантите ќе ги посетат...

Продолжи со читање

Богато културно лето во Охрид

Post Views: 6   Богато културно лето најавуваат од Центарот за култура „Григор Прличев“. Нова понуда за охриѓани се филмските проекции во три де анимација. Директорката Драгана Боцевска вели дека интерес кај публиката постои што покажал и бројот на посетители при прикажувањето на филмот „Одмаздници 2„. Филмот повторно ќе биде репризиран на 16ти април, а во наредниот период ќе има уште две проекции. Ќе биде прикажан филмот „Лудиот макс“ како и анимираниот филм наменет за помладата популација, „Дома“. Во центарот за култура се работи и на други проекти. Се подготвуваат за...

Продолжи со читање

Денес се изгласа првиот ребаланс на буџетот

Post Views: 6   Денес градските избраници гласаа за предлог одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на општина Охрид за 2015 година. Со тоа според советникот од СДСМ Јован Стојаноски само по три месеци од донесувањето на буџетот, општината влегува во зона на финансиска нестабилност.Имаме дополнителен прилив на 42 милиони денари средства, но најтрагично е што до овие зголемени приходи дојде по продажбата на неизградено градежно земјиште. Кога веќе го продадовме земјиштето барем тие средства да се искористеа за никаков развој, а не за средување одредени комунални...

Продолжи со читање