Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 289 28ми септември, светскиот ден на глувите лица, здружението на глуви и наглуви лица од Македонија, традиционално го одбележа со спортски игри. По петти пат 12 општини од Македонија се натпреваруваа во пет дисциплини и тоа баскет, фудбал, одбојка на песок, куглање и фрлање ѓуле. Во натпреварите учествуваа 60 лица од кои 40 мажи и 20 жени. Тихо Русовски, претседателот на спортската федерација на глуви и наглуви лица на Македонија задоволен што лицата од оваа ранлива категорија и оваа година се собраа во толкав број да го одбележат овој ден. Не случајно секоја година игрите...
Со здрави навики до здраво срце
Post Views: 224 Охриѓани се повеќе ги менуваат своите животни навики. Тие од ден на ден изнаоѓаат нови начини како да се справат со динамичниот начин на живот и стресот кои придонесуваат за голем број заболувања. Кардиоваскуларните сеуште се број еден во светот по процентот на смртност, вели кардиологот Марија Зимбова.Свеста кај охриѓани се повеќе расте. Ме радува што нашите заложби превентивно да делуваме веќе ги даваат првите резултатаи. Тие се повеќе се откажуваат од лошите навики како пушењето, нездравиот начин на исхрана и слабата физичка активност, рече кардиологот Д-р Марија...
Од нова година конечно ќе се гради градскиот пазар
Post Views: 185 Од нова година конечно ќе се гради градскиот пазар, најавува претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Современиот пазар за кој граѓаните се изнаслушаа ветувања веќе десетина години наназад а беше дел од изборната програма на сите кандидати за градоначалници, конечно ќе се гради со преземањето на локалната влааст од страна на ВМРО ДПМНЕ, уверува Михаилов. Тој открива дека во тек е изработката на физибилити студијата, а деновиве ќе започне и тендерската постапка за да се одбере најдобрата понуда за изведувач. По се изгледа пазарот ќе...
Центарот за јавно здравје подготвен за новата сезона на грип
Post Views: 198 Центарот за јавно здравје набави 2500 вакцини против сезонски грип. Од таму велат дека се целосно подготвени за новата сезона на ова заразно заболување. И оваа годин како и минатите ќе се вакцинира против три видови на грип и тоа А, Б и Ц. Атанаско Михаилов, раководителот на Центарот за јавно здравје вели дека од минатата година набавени се 300 вакцини повеќе поради се поголемиот интерес на граѓаните за превентивна заштита од грип. Првенствено да се вакцинираат ранливите групи а тоа се лицата со над 65 год старост, хронично болните, децата и граѓаните кои работат со...
Автопатското поврзувања Охрид, Струга, Кичево се поизвесно
Post Views: 259 Добрата патна инфраструктура еден од најважните услови за развојот на туризмот во регионов, велат експертите. Гостите кои доаѓаат во Охрид со автомобил најмногу се жалат на состојбата на патиштата низ државава. Автопатското поврзување на градовите Охрид, Струга и Кичево кое се најавува веќе подолго време, се поизвесно. Граѓаните на Охрид и туристите со нетрпение очекуваат да се направи овој патен правец.Претседателот на Владата Никола Груевски во Собранието на Република Македонија одговарајќи на пратеничко прашање од охридскиот паретник Александар Николоски ги обелодени...
Во градов ќе се отвори средно музичко училиште
Post Views: 228 Од 2014 година во Охрид покрај основното ќе има и средно музичко училиште. Оваа идеја која постоеше години наназад конечно ќе се реализира. Градоначалникот Никола Бакрачески рече дека подготовките и преговорите се во тек.Интерес за отварање средно музичко училиште постои вели, Нина Момировска, директорката на ОМУ Методи Патче. Уште во месец мај тие спровеле анкета кај учениците од последните одделенија во музичкото училиште и кај основците од останатите училишта во градов. Голем процент од нив позитивно се изјасниле околу прашањето за отварање средно училиште во Охрид....
Соединување на каменот со дрвото
Post Views: 199 Со камчиња и дрво Анета Вршкоска Јованоска го напиша својот личен дневник покажувајќи ја притоа својата сензибилност и вербата во естетиката, но и вљубеноста во уметноста. Под името Соединување таа синоќа пред широката публика ги прикажа своите дела изработени од ситни камчиња и дрвца кои стрпливо ги собирала и соединувала речиси една година. Името на изложбата не е случајно а го даде мојот помал син, Јаков при една заедничка прошетка во планина. Тогаш забележавме како камчињата и дрвата во природата се совршено соединети, рече уметникот Анета Вршкоска Јованоска.Таа...
Сеуште неизвесна судбината на здравствениот дом во Охрид
Post Views: 198 Сеуште неизвесна судбината на здравствениот дом во Охрид, попознат како Маларична. Надлежните институции во дилема дали да се реконструира или да биде изграден нов објект на друга локација. Оваа здравствена установа е во незавидна состојба бидејќи многу е руинирана па речиси во неа и да нема услови за работа. Охриѓани кои голем дел се и пациенти кај докторите чии ординации се наоѓаат токму таму, со поделени мислења околу иднината на здравствениот дом.Министерството за здравство е тоа кое треба да одлучи што со Здравствениот дом во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески...
Нова ера во развојот на охридската хирургијата
Post Views: 214 Во Општата болница во Охрид денес за прв пат беше изведена лапараскопска интервенција. Зафатот се изврши на 24 годишна пациентка на која и беше отстранета жолчката. Операцијата се одвиваше во присуство на професори од скопската клиника, а целиот зафат можеше да се следи и во живо преку болничките мониторинг-камери. Според претседателот на Управниот одбор на болницата и портпарол, доктор Сашо Василевски ова е многу значаен момент и за болницата, но и за пациентите.Ова не е нова метода во медицината и во светот е етаблирана со години наназад, но во охридската болница...
Европа ќе го отвори кесето
Post Views: 203 Еден милион евра треба да влезат во градов доколку бидат прифатени сите проекти со кои аплицираше Секторот ТЛЕР до различни фондации и институции од Европа и пошироко. Најголем дел од проектите се доставени до програмата за прекугранична соработка на ИПА фондовите и тоа во соработка со Р. Грција. Во четири проекти Општина Охрид се јавува како водечки партнер. Вкупната вредност на овие проекти се движи околу 550 000 евра, вели Горан Мицковски од ТЛЕР.Мицковски потенцира дека примарната функција на овој сектор е максимално искористување на можностите кои постојат...
Туристичката сезона заврши ама остана расфрланиот смет
Post Views: 185 Околината на патот кој води кон хотелот со пет ѕвездички, Инекс Горица и кон вилата на претседателот и останатите државни објекти, затрупана со смет. Овој најрепрезентативен дел од Охрид нималку не изгледа репрезентативно со расфрланото ѓубриште покрај патот. Пластични шишиња, хартија, метални шипки и што уште не, може да се најде под боровата шума. Големиот број рекреативци кои ја користат оваа патека зад нашата камера коментираа дека ова е најфрекфентниот дел за љубителите на природата, и никогаш досега истиот не бил во ваква лоша состојба. „ До лани овде поминуваше...
Продолжениот престој и оваа година ќе функционира
Post Views: 220 Родителите можат да бидат мирни. Продолжениот престој во рамките на ОУ Григор Прличев и градинката Јасна Ристеска и оваа година ќе функционира. Веќе се запишани 43 дечиња на возраст од шест до десет години кои се згрижени од стручен персонал од градинката кој поседува соодветно образование за одделенска настава. Се очекува овој број да се зголеми бидејќи уписите траат до крајот на септември. Цената на чинење за целодневниот престој е иста како во градинката и изнесува 1590 ден. а во неа покрај престојот се вклучени и три оброци, кажува Роза Костеска-директорката на ...