Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 6 Од борбените дејства во Диво насеље во Куманово оштетени се околу 30 куќи. Тие што не можат да се вратат во своите домови, ќе се сместат кај свои роднини. Жителите велат дека претходно не можеле да се забележат никакви движења на вооружени луѓе. Имало зголемено полициско обезбедување, за кое мештаните протолкувале дека е поради протестите. И понатаму остануваат отворени прашањата кои се напаѓачите во Куманово, која им била целта, како се инфилтрирале во густа населба и многу други, нотираат познавачите. Претседателот на РМ, Ѓорѓе Иванов денес оствари средба со...
Во градинката „Јасна Ристеска“ се бара место повеќе
Post Views: 4 Во градинката „Јасна Ристеска“ се бара место повеќе. Посебно интерес има за запишување на дечиња во јаслените групи. Моментално има седум во кои се згрижуваат по дваесет и пет деца на возраст до две години. Директорката на градинката Розе Костеска вели дека има потреба за уште една паралелка. Таа додава дека поради специфичноста на Охрид како туристички центар, интересот за згрижување на деца во градинката и во летниот период е голем. Кај нас не е случај како во другите градови на државава на лето градинката да има помал обем на работа, објаснува Костеска.Имаме...
Во Охрид одбележан денот на Европа
Post Views: 9 Во Охрид одбележан денот на Европа. На малиот градски плоштад во боите на Европската унија најмладите од детските градинки со својот настап, со игра и песна на присутните им го разубавија денот. И основните училишта од Охрид го одбележаа Денот на Европа на организирани штандови на кои секое училиште преку уметничко изразување ги презентираа културите на земјите членки на ЕУ: Словенија, Хрватска, Шпанија, Португалија, Латвија и Литванија.На свеченоста беа присутни претседателката на градскиот Совет, Гордана Коњаноска, и Амбасадорот на Словенија во Република...
Науката не признава граници ниту политика
Post Views: 6 Грчки студенти на Факултетот за туризам и угостителство си ги прошируваат знаењата во оваа област. Хипократ Каракашоглу веќе втор семестар слуша настава на охридскиот факултет. Тој пристигнал тука преку програмата мобилност на студенти. Тој се одлучил да студира во Македонија пред се од лични причини бидејќи корените на неговото семејство биле од вардарскиот дел на Македонија. Никогаш претходно не бил во Охрид, а слушал за неговите убавини и туристички потенцијал.Очекував многу, но открив и повеќе од очекуваното. Навистина. Сите туристи кои доаѓаат овде, доаѓаат со...
Први Mај со скара или со протест
Post Views: 7 Денес е први Мај, меѓународен празник на трудот. За сите оние кои го заборавиле неговото значење да потсетиме дека овој ден е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Но, први Mај е и денот кога традиционално се оди на пикник и на скара. Граѓаните со свое мислење дали на ваков начин треба да се одбележи овој ден или пак треба да се излезе на протест.Охриѓани велат дека од година во година спласнува еуфоријата меѓу народот за одбележување на pрви Mај. Луѓето се помалку сакаат да зборуваат за неговото значење. Годинава во најголем...
Охрид ќе ја добие најубавата и најсовремена автобуска станица
Post Views: 8 Охрид ќе ја добие најубавата и најсовремена автобуска станица во државава и регионов. Ова го потенцира Аднан Исмаил од транспортната компанија и туристичка агенција „Делфина Турс“ од Скопје при денешното потпишување на договорот со локалната за изградба на современа автобуска станица во Охрид.Моментално работиме на потребната проектна документација и добивање дозволи за почеток на градба со надеж дека тоа ќе го реализираме во најкус можен рок за да отпочнеме со самата градба. Ќе ја искористме и ќе ја оправдаме дадената довербата на граѓаните и ќе работиме на...
Понудата на работа и побарувачката на едно место
Post Views: 7 Дипломираните и активни студенти на ФТУ и работодавачите на едно место. Компаниите од областа на туризмот, агенциското работење, услужните дејности и шпедицијата денес имаа можност да се сретнат и да поразговараат околу нивните потреби и желбите на оние кои бараат работа. Факултетот за туризам и угостителство организира „ Денови на кариера“ со цел да се надмине недостатокот од комуникација помеѓу понудата на работа и побарувачката.Во Охрид доминира сезонскиот карактер на ангажирање, а нашите студенти секако дека можат да влезат во таа празнина. Имавме многу...
Пристигна првата група холандски туристи
Post Views: 8 Пристигна првата група холандски туристи кои својот одмор ќе го поминат на охридското крајбрежје. На аеродромот „Свети Апостол Павле“ претпладнево сто и осумдесеттината гости беа пречекани на традиционален македонски начин, со сол и погача. Меѓу холандските туристи кои пристигнаа со првиот чартер-лет имаше такви кои за прв пат доаѓаат во Охрид, но и од оние кои овде веќе се чуствуваат како дома.Првпат сум во Македонија. Со мојата сопруга се венчавме минатата седмица и решивме медениот месец да го поминеме во Охрид. За езерото и убавините на градот прочитавме преку...