Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 243 Малиот плоштад кај некогашната библиотека ќе се гради со германски средства. Од Секторот за ТЛЕР велат дека идејата за овој проект дошла одкога воспоставиле контакти со преставници на општината на градот Визмар од СР Германија кој истотака е заштитен од УНЕСКО и има сопствен фонд за финансирање на мали проекти кои изнесуват од 10 до 12000 евра и тоа за реконструкција и заштита на стари споменични јадра или простори.Локалната од овој фонд планира да извлече 12000 евра а целокупниот проект чини 18 183 евра. Останатите пари ќе ги даде локалната, вели Горан Мицковски од...
Дворот на училиштето Христо Узунов ќе стане цветна градина
Post Views: 215 Дворот на училиштето Христо Узунов ќе стане цветна градина. Родителите со сопствени средства и работна сила ќе засадат 3000 цвеќиња донесени од приватни расади. Сега временските услови не се погодни за садење, но ќе ја изораме и фрезираме дворната површина со што ќе ја подготвиме за пролетното садење, вели Душко Цветкоски еден од иницијаторите на оваа акција.На ова место 25 години ништо не било направено.ВД директорот на ова основно училиште, Тони Симоновски вели дека се радува на оваа иницијатива и на соработката со родителите. Дворот на едно училиште всушност е неговото...
Промовирана стратегијата за одржлив економски развој за 2013-2014
Post Views: 255 Секторот за локален економски развој ја промовираше стратегијата за одржлив економски развој, односно ревизијата на акционите планови за 2013-2014. Општина Охрид уште од 2007год. имаше развиено стратегија за одржлив економски развој, но дури годинава, за прв пат, се направила нејзина ревизија. Ѓоко Апостолов, раководителот на ТЛЕР вели дека тоа е обемен процес, па затоа ревизија е направена само за две години, но во догледно време ќе се ревидираат акционите планови и од останатите години. Ваквата постапка е неопходна, бидејќи само на таков начин може да се реализира...
Четири години од бродската несреќа
Post Views: 210 Охрид денес се потсети и им оддаде почит на жртвите од бродската несреќа која се случи пред четири години. Со потонувањето на бродот Илинден животите ги изгубија петнаесет бугарски туристи во чија чест општината подигна паметник на кејот на езерото. Делегација од локалната и од бугарскиот конзулат во Битола положија свежо цвеќе.Оваа несреќа беше причина повеќе Министерството за транспорт и врски и локалната да поводат уште поголема сметка за безбедноста во водениот сообраќај, рече Гордана Коњаноска, претседателот на на Совет.Данчо Мичев, преставникот на бугарскиот...
Тегла ајвар колку килограм месо
Post Views: 231 Почна сезоната на ајварот. Ретко кој не го сака овај наш македонски специјалитет, ама оваа зима се помалку ќе го има на трпезата. Килограм црврени пиперки чинат од 30 до 40 ден. па според некои пресметки тегла ајвар ќе чини колку килограм месо. Домаќинките кои подготвуваат зимници велат дека трошат 4 килограми пиперки за една тегла ајвар од 800 грама. Според нив ајварот е прескап и многумина ќе се одлучат да купат по некоја тегла од маркетите колку за мерак. Оние тврдокорните , ќе треба да го одврзат ќесето.Единствена олеснителна околност е што маслото за јадење поефтини...
Ќе се санираат тротоарите на улицата „Питу Гули“
Post Views: 204 Улицата „Питу Гули“ заборавена од надлежните. Ова го тврдат граѓаните кои живеат на оваа улица која се протега од кружниот тек кај болницата па се до новата автобуска станица. Тие додаваат дека оваа улица е многу прометна како за сообраќај така и за пешаци посебно сега кога започна учебната година, а тука се наоѓа едно од најголемите основни училишта, „Христо Узунов“. Учениците сакаат што побрзо да се направат тротоарите за да не газат во дупки. Повозрасните пак велат дека улицата наликува на селски пат. Директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски вели дека и...
Локалната подготвена за новата учебна година
Post Views: 214 Проблемите во охридските училишта испливаа на површина. Димитар Спасески, секретарот на општина Охрид на десетата седница на совет обелодени дека ниту едно училиште од градов не може да извади имотен лист бидејќи никој досега не се потрудил да ги евидентира во катастар како нивна сопственост. Тоа предизвикува низа проблеми, објасни Спасески при нивната реконструкција и санација бидејќи дел од нив веќе се влезени во програмата на Министерството за образование за 124 реконструкции на училишта низ државава. Најголем приоритет на Локалната е да ги реши натрупаните проблеми...
Зелено светло за паралелките со помал број ученици
Post Views: 211 Образованието, тема на десетата седница на Советот на Општина Охрид. Во очи на новаста школска година советниците продискутираа за проблемите кои ги мачат училиштата години наназад. Рак рана преставува се помалиот број првачиња, но и намалениот број на ученици кои се запишуваат во средните училишта во градов. Најалармантна е состојбата во ЕМУЦ Св. Наум Охридски и Угостителското училиште Ванчо Питошевски. Денес се бараше согласност од советниците во овие училишта да се формираат паралелки и со помалку од 25 ученици.Според моите пресметки во оваа учебна година ќе се...
Возбуда за децата главоболки за родителите
Post Views: 220 Се ситнат деновите до почетокот на новата училишна година. Овој период им создава возбуда на децата пред се на првачињата, но и главоболки на родителите. Сите оние кои имаат првачиња од својот буџет ќе треба да одвојат од 700 до 1500 денари за да го обезбедат само школскиот прибор . Само за илустрација тетратките од А5 формат чинат 60ден., тетратките од А4 формат чинат 30 ден., дрвените боици во зависност од квалитетот и производителот чинат од 90 до 140 ден., фломастерите се од 70 до 200ден., моливите и пенкалата можат да се купат по цена од 10 до 20 ден. Тука секако...
Денес се празнува големиот христијански празник- Успение на пресвета Богородица
Post Views: 212 Голем број верници не само од Охрид туку од сите краеви на Македонија и пошироко утрово ја посетија црквата „Света Богородица“ Каменско. Денес се празнува големиот христијански празник- Успение на пресвета Богородица. Тие запалија свеќи и се помолија за здравје и благосостојба. Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица е голем христијански празник кај православните, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму...
Охриѓани незадоволни од такси превозот во градов
Post Views: 194 Охриѓани со низа забелешки во врска со такси превозот во градов. Тие велат дека и ова лето присутни биле старите проблеми. Повторно имало случаи кога таксистите одбивале да возат на кратки релации, а доколку ги однеселе до саканото место цената која им ја наплаќале ја треселе од ракав.Од Секторот за туризам и локален економски развој велат дека свесни се за проблемите со такси превозот. Токму поради тоа на самиот старт на сезоната превзедоа низа мерки за воведување ред во такси превозот. Ѓоко Апостолов, раководителот на ТЛЕР вели дека во текот на летото поради поплаки...
Успешна туристичка сезона
Post Views: 207 Успешна туристичка сезона, од ТЛЕР вака ја оценуваат сезоната која е на изминување. Од таму велат дека статистичките податоци и податоците од општинскиот инспекторат кои се однесуваат на наплатата на туристичката такса го потврдуваат тоа. Наплатата на туристичката такса заклучно со месец јуни е зголемена за 29%. Бројот на домашни ноќевања на домашни гости во месец јуни е намален за 2,6%, но затоа пак бројот на ноќевања на странски гости во истиот месец е зголемен за 23,3%. Или вкупно бројот на ноќевања во месец јуни е зголемен за 13,3%. Ѓоко Апостолов, раководителот...