Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Охридска софра во Скребатно

Post Views: 202   Охридска софра во Скребатно. Утре со почеток во 9 часот во ова познато излетничко место ќе се подготвуваат познатите охридски специјалитети кои ќе може и да се дегустираат. Манифестацијата е организирана од Локалната самоуправа, а преставува симбиоза на повеќе манифестации. Во неa влегува и познатата охридска Ѓомлезијада.Целта на оваа манифестација е да се види начинот на подготвување на нашите охридски специјалитети кои може да се пробаат по рестораните и хотелите, рече Ѓоко Апостоловски-раководителот на ТЛЕР.Оваа манифестација е дел и од програмата на Министерството...

Продолжи со читање

Жителите на улицата Вардар живеат во мрак

Post Views: 228 Жителите на улицата Вардар во населбата Кошишта кај црквата св Архангел Михаил, живеат во мрак. Освен слабото светло од светилката поставена на една бандера во оваа улица години наназад нема никакво осветлување. Мештаните велат дека навечер не се гледа прст пред око па се плашат да одат на продавница или  да излезат за да си завршат некоја друга обврска. Посебно е проблем во периодот кога децата одат на училиште па не можат да си се вратат дома бидејќи е тотален мрак па нивните родители се приморани да ги пречекуваат. Темнината им одговара само на крадците кои ја искористиле...

Продолжи со читање

Локалната самоуправа ќе им помага на опожарените охридски семејства

Post Views: 208 Локалната самоуправа ќе им помага на опожарените охридски семејства. Само во текот на оваа година се случија четири пожари на семејни куќи во градов. Последниот случај беше пред пет дена кога изгоре домот на шестчленото семејство Рустем. Преставници од локалната го посетиле ова семејство, а денес со нив се видел и портпаролот на Локалната, Томе Џамтоски кој им ја објаснил постапката која треба да ја запазат за да можат да добијат помош од локалната.Уште претходниот совет на Општина Охрид донесе одлука да им се помага на семејствата кои се затекнати од некои елементарни...

Продолжи со читање

Охриѓани пијат квалитетна вода

Post Views: 181 Водата од градскиот водовод е со добар квалитет, велат од Центарот за јавно здравје. Екипите постојано земаат мостри и вршат нивно испитување се со цел граѓаните навремено да се заштитат доколку има некои отстапување во квалитетот на течноста без која не може да се живее. Бромологот Сашо Точко вели дека сеуште проблем преставува водата од селските водоводи бидејќи испитувањата покажуваат постојано отстапување во нејзиниот квалитет. Состојбата е таква кај 90% од мострите земени од селските средини во Охрид, Струга и Дебар. Под итно мора да се започне со употреба на ...

Продолжи со читање

Изгоре семејна куќа во населбата Кошишта

Post Views: 203 Изгоре семејна куќа во населбата Кошишта. Во неа живееше шест члено семејство кое буквално е на работ на егзистенција. Единствен приход е дневницата на таткото Рамиз кој работи како молер. Во пожарот тие изгубија се што имаа од покуќнина. Се ни изгоре. И покуќнината, телевизор, спалната. Се. Ништо не ни остана, вели мајката Дитурие Рустем.Рамиз Рустем со солзи во очите вели дека куќата која изгоре ја наследил од татко му. Во неа вложил се што имал за да направи дом за своето семејство, а пламените јазици за час ја проголтале. Сега се буквално под ведро небо. Немаме...

Продолжи со читање

Јубилејно издание на поетската ноќ во Велестово

Post Views: 293   25 години поетска ноќ во Велестово. Ова јубилејно издание кое стартува од утревечер оваа година и финансиски и логистички е подржано од Општина Охрид и Градоначалникот Никола Бакрачески. Особена чест е да се зборува за поетската ноќ во Велестово. Ова е најзначајна културна манифестација која се одржува во Охрид, а е под покровителство на општината, рече Зоран Велјановски-Летра-преставник на Општина ОхридПоетската ноќ во Велестово е манифестација која се разликува од другите манифестации од ваков карактер пред се поради тоа што изминатите години секоја ноќ беше посветена...

Продолжи со читање

Охридската цреша долгошишка се враќа на пазарот

Post Views: 224  Црешата на голема врата се враќа во Охрид. Ова специфично овошје кое беше обележје на охридскиот регион речиси исчезна но од пред две години овоштарите со финансиска стимулација од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство повторно почнаа да создаваат црешови насади. Еден од нив е и Ванчо Стојаноски од село Оровник кој пред две години засадил 6000 стебла со цреша. Застапени се четири сорти па Стојаноски вели дека догодина кога веќе ќе се стасани за богат род бербата ќе трае околу 20тина дена. Тој објаснува дека црешата е четири до пет пати поисплатлива...

Продолжи со читање

Комарците непаѓаат

Post Views: 200   Граѓаните на Охрид и гостите се жалат дека не можат мирно да спијат поради досадните комарци. Се поголем е бројот на оние кои се со убоди од овие инсекти. Од Центарот за јавно здравје смируваат и велат дека во текот на минатиот месец се направила првата дезинсекција и тоа во леглата на комарците. Направена е и ларвицидна дезинсекција со средство кое ги уништува ларвите на овие инсекти и тоа во местата каде тие најчесто се размножуваат, а тоа се мочуриштата и барите. Од понеделник ќе се започне со втората фаза на прскање против комарците, а во текот на овој месец...

Продолжи со читање

Почна монтирањето на унифицираните куќички

Post Views: 201 Започна монтирањето на  унифицираните монтажни куќички за продажба на сувенири, подарок од Министерството за култура. Во овие времени објекти ќе се продаваат сувенири – копии на археолошки наоди од Македонија, како и промотивен материјал на Охрид. „Куќарките ќе се постават на три локации. Една на градскиот плоштад, една на плоштадот Крушевска република а за третата допрва Секторот за урбанизам ќе одлучи на која локација ќе биде ставена„, вели Томе Џамтоски-портпарол на Локална самоуправаОд Секторот за локален економски развој велат дека материјалите и сувенирите...

Продолжи со читање

Станарите од опожарената зграда на булеварот „Туристичка“ добија електрична енерија

Post Views: 214   На станарите од опожарената зграда бр.4 на булеварот „Туристичка“ конечно им светна. Тие вчера напладне добија електрична енерија. Поради пожарот кој пред единаесет дена ја зафати зградата од електричната инсталација станарите останаа без струја речиси една недела. Откога Градоначалникот Никола Бакрачески пред шест дена најави дека Локалната самоуправа ќе направи се што е во нејзините можности за санација на штетите, работите тргнаа на подобро, велат станарите. Во акцијата за помош се вклучија и советниците, стручни служби и специјализирана фирма од Охрид.„По објавата...

Продолжи со читање

Ние не сме некоја африканска земја во која не се почитуваат законите и секој си прави што сака

Post Views: 188 Предлог Одлуката за давање согласност на Одлуката за измени и дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП Билјанини извори-Охрид, крена прашина на денешната , седма седница на градскиот совет. Советниците од опозицијата се побунија зошто ЈП билјанини извори веќе десет дена наплаќа за паркинг просторите во градов само со одлука на Управен одбор, а без одлука на Советот на Општина Охрид.Не ми е јасно зошто денес ние ќе дискутираме за нешто што веќе е направено и тоа без наша согласност. Тие...

Продолжи со читање

Ќе се стави ли ред во водениот сообраќај во езерото

Post Views: 259 Забраната за скутери се зголемува за еден час, одлучија од охридската капетанија. Љубителите на овие пловила ќе можат да ги возат само пред 11 часот и после 19, вели Горан Устијаноски, капетанот на охридската капетанија. Тој додава дека  забраната ја поместиле за уште еден час бидејќи во 18 часот плажите сеуште се полни со капачи па опасноста од доаѓање до некаков несреќен случај предизвикан пд скутерџиите е поголема. Зaбраната стапува на сила од први јули и ќе трае до крајот на август. Инаку охридската капетанија презема и низа други активности и мерки за подобрување...

Продолжи со читање