Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Конечно ќе започне реализацијата на проектот Вотерленд

Post Views: 3   Конечно ќе започне реализацијата на проектот Вотерленд. Уште пред една година Општина Охрид заедно со Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун го изработија овој проект со кој аплициараа до ИПА фондовите од кои добија пари за истиот, но работите закочија кај документацијата. На почетокот на оваа година беше извршена ревизија на документите кои ги доставија Општина Охрид и ФТУ и од кога беа направени некои дополнувања и корекции се премина на наредната фаза, а тоа е потпишување на договорот. До крајот на месецов треба да заврши оваа процедура, а од почетокот на...

Продолжи со читање

„Комуналец“ со отчет пред граѓаните

Post Views: 10 Претпријатие потонато во долгови, кредити, камати и стар возен парк, тоа беше сликата на ЈП „Охридски Комуналец“ од пред две години, рече директорката на претпријатието, Елена Скрческа која на денешната прес конференција даде отчет за сработеното во текот на нејзиниот двегодишен мандат. Таа потенцира дека требало многу труд и работа  за претпријатието повторно да застане на здрави нозе.Во текот на овие две години значително се подобрени перформансите во сите аспекти од работењето на претпријатието. Подобрена е профитабилноста – искажана преку добивката во...

Продолжи со читање

Работодавците и работниците на едно место

Post Views: 5 Работодавците и работниците на едно место. ФТУ организира денови на кариера  на кои ќе земат учество повеќе компании кои ќе се престават на свои штандови поставени во факултетот и каде ќе ги промовираат работните места кои им се непополнети а се од областа на струките кои  се едуцираат на ФТУ.Во комуникација со хотелиерите и ресторатерите заклучивме дека има недостаток на готвачи посебно на искусни кои ќе можат да се снајдат и со класичната кујна но и со другите видови на кујни. Гастрономијата во светот се повеќе добива на цена и всушност имиџот на еден добар...

Продолжи со читање

Охридското езеро го демне опасност

Post Views: 6   Охридското езеро го демне опасност. Колекторскиот систем кој ги прочистува отпадните води кои потоа се влеваат во езерот е стар и дотраен. Честите дефекти на пумпните станици доведуваат до се почести еколошки инциденти. Посебно се критични пумпните станици во Воска и Подмоље кои при поголеми врнежи се надвор од функција, вели Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.Можеби најкритично е функционирањето на самата пречистителна станица во Враништа бидејќи во неа се влеваат и води од фекалната и од атмосферската канализација што...

Продолжи со читање

ЈП „Градски пазар“ даде отчет

Post Views: 6 Отчет даде и ЈП „Градски пазар“. Директорот Тони Коталески денес пред новинарите зборуваше за се она што е сработено во изминатите две години. Започна како што рече со најзначајниот и најкапитален проект, а тоа е изградбата на нов затворен зелен пазар. Уште еднаш потенцира дека е избран приватен партнер односно изведувач и рече дека изградбата на пазарот ќе започне наскоро. На прашањето каде привремено ќе биде сместен пазарот додека траат градежните работи не даде конкретен одговор.Сеуште не знаеме каде привремено ќе биде сместен градскиот пазар додека се гради...

Продолжи со читање

Празничен ручек за пациентите на геријатрија

Post Views: 5 Големиот христијански празник Велигден весело се одбележа и на одделението за геронтологија при општа болница Охрид. Нашите иселеници од здружението „Св Наум Охридски“ од Мелбурн, Австралија пациентите од ова одделение ги почестија со богат празничен ручек. Атмосферата ја развеселија членовите на ансамблот Билјана Јуниор. Инаку соработката со Австралиското друштво постои многу одамна нагласува Лазар Стојчески, главниот медицински техничар. Тој додава дека редовно добивале помош од нашинците од Австралија посебно на геријатриското одделение. Ова здружение од Мелбурн...

Продолжи со читање

Ќе се гради нов павиљон од геријатриското одделение

Post Views: 5 На повидок е изградбата на новиот павиљон од геријатриското одделение при општата болница во Охрид. Директорот Љубен Арнаудов вели дека во тек е изготвувањето на проектната документација. Години наназад и општината и болницата се борат за проширување на ова одделение каде се сместени стари и изнемоштени лица.Се соочуваме стварно со голем  проблем и етички и медицински и морален. Геријатриското одделение вакво какво што е е планирано за некои стандарди кои важеа пред 20-30 години. Условите воопшто не одговараат на денешните стандарди, вели Арнаудов.Денес стандардите...

Продолжи со читање

Велигденски саем по втор пат

Post Views: 7   Велигденски саем по втор пат. Осумнаесет излагачи денеска и утре ќе ги презентираат своите рачно изработени предмети, украси, сувенири кои ќе се продаваат по симболични цени. Саемот  се организира во халата за текстил во ЈП „Градски Пазар“. Директорот на ова јавно претпријатие, Тони Коталески вели дека се задоволни од интересот на производителите кои ќе земат учество на овој Велигденски саем.Акцентот и оваа година е ставен на хуманоста. Закупот на просторот е бесплатен, а дел од средствата од продадените производи ќе одат во хуманитарни цели. Ние заедно со...

Продолжи со читање