Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 52Урбанизацијата на локалитетот Студенчишко блато жежок костен на денешната седница на совет. Градските избраници од опозиционите редови побараа конечно да се каже и тоа не од лаици, туку од експерти дали и колку има остаток од некогашното Студенчишко блато и до каде се неговите граници. Паушалниот одговор на ова прашање даден од Др. Ленче Локоска, преставничката на Хидробиолошки завод дека можеби има , а можеби и нема блато, кај опозиционерите предизвика револт и во најмала рака го оценија како несериозен.Блато има тоа го покажа и студијата направена во 2011год. И тоа не смее...
И ова лето ќе се оди за Поградец со брод
Post Views: 49 Водената линија Охрид-Поградец ќе функционира и ова лето. Од охридската капетанија велат дека по се изгледа редовно ќе се воспостави од први јуни, но најавуваат дека уште во мај ќе се организираат неколку тури бидејќи кај сопствениците на бродовите има интерес за тоа. Капетанот на охридската капетанија, Горан Устијаноски објаснува дека интензивно работата на поедноставување на процедурите за спроведување на овие екскурзии.Се подготвуваме да елаборираме на таа тема и да ги упростиме граничните процедури односно пријавувањето на списоците со патници да биде наместо 24часа...
Каде ќе се дислоцира градскиот пазар
Post Views: 52Се бара идејно решение за изградба на затворениот градски пазар. Во тек е конкурсот на ГП „Илинден“ за изнаоѓање најдобар проект според кој ќе се гради совремемниот зелен пазар. Од Локалната велат дека конкурсот треба да заврши до месец мај после што веднаш ќе се започне со реализација на проектот. Според нивните најоптимистички предвидувања камен темелникот за новиот пазар ќе се стави уште во текот на ова лето. Но во Локалната она што сеуште не го знаат е локацијата на која ќе биде привремено сместен сегашниот пазар. Во јавност се спомнуваат две локации. Едната е на...
Колку должи Студентскиот дом „Никола Карев“
Post Views: 54Студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид има долг од 34 000 евра. Според податоците од Државниот завод за ревизија студентските домови во државава се во големи долгови. Во споредба со останатите сепак состојбата во охридскиот дом е најрозова. Тој е најдолу на листата на сите домови според заостанатиот долг што го има. Директорот Марјан Ристески вели дека сликата која е дадена во извештајот на Државниот завод за ревизија не е реална и објаснува за што станува збор.Не се работи за долг кој го има државниот студенски дом туку се работи за неподмирени трошоци кои се во валутен...
Отворени денови и во Охрид
Post Views: 52Охриѓани денес имаа можност да се информираат за активните мерки за вработување. Во подрачната единица на Агенцијата за вработување се одржа отворена средба помеѓу граѓаните и директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски. Таа е дел од отворените денови кои ги спроведува Агенцијата со цел да се утврди дали се применува оперативниот план за активни мерки и програми за вработување согласно насоките коишто ги дава. Директорот на Агенцијата рече дека сака да ги сослуша невработените лица, со какви проблеми се соочуваат при имплементацијата на мерките. Присутните на...
Белвицата десеткратно повеќе се лови поради зголемените риболовни основи
Post Views: 46 Се подобрува состојбата со рибниот фонд во езерото. Тоа е резултат на тоталниот мораториум кој се воведе од 2012та година кога повторно езерото се даде под концесија, тврдат од Хидробиолошкиот институт во Охрид. Последните резултати од вештачкиот мрест на пастрмката се охрабрувачки бидејќи за пократок период собрани се поголем број зрна икра. Каква е состојбата со белвицата не може да се увиди на овој начин бидејќи за оваа специфична и автохтона риба не се врши вештачки мрест. Нејзината градба не го дозволува тоа. Контрола се врши преку експериментален риболов во одреден...
Охридскиот Црвен крст го одбележа 17ти март, денот на крводарителството во Македонија
Post Views: 53Петре Трајчески од Охрид 100 пати ја дарувал својата скапоцена течност. Со тоа тој спасил многу човечки животи или им помогнал на луѓето во моментите кога им било најтешко.Уште како мал почнав да дарувам крв и во секое време кога можев одев и тоа го правев. Посакувам и другите кои можат да даруваат крв , вели Трајчески.Трајчески вели дека ќе продолжи да дарува крв се додека може да помага и да ја дарува драгоцената течност што живот значи. За ова негово хумано дело денес на пригодна свеченост која се одржа во охридскиот Црвен крст на која беше одбележан 17 март, Денот на...
„Комуналец“ бара извинување, „Анималија“ не гледа причина за тоа
Post Views: 44Невладините организации обвинуват дека деградацијата на Студенчишкото блато продолжува. Oд Здружението за заштита на животните „Анималија“ тврдат дека, и покрај реакциите на јавноста, таму сеуште се одлага отпад, и тоа од страна на ЈП Комуналец. Вчера тоа и го изјавија на јавната расправа која се одржа во општинската зграда а се однесуваше на донесувањето на ГУПОТ за УЗ 17.1 во која спаѓа и Студенчишкото блато. Во телефонски разговор директорката на ЈП Комуналец, Елена Скрческа за ТВМ кажа дека за ваквата изјава од преставникот од „Анималија“ ќе бара јавно извинување затоа...







