Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 50 Oтстатокот од Студенчишко блато да се ревитализира и заштити. За таа цел да се утврдат точните граници и просторот на кој се протега од страна на стручни лица. Останатата површина од урбаната заедница 17.1, во која спаѓа и блатото да се планира со Детален урбанистички план, кој треба да биде донесен во иднина. Ова беше еден од заклучоцоте на јавната стручна расправа за Измена и дополна на Генерален урбанистички план за град Охрид за периодот 2014-2024 за повеќе делови од општината каде спаѓа и Студенчишкото блато. Ова воедно бил и заклучок на Владата донесен врз основа на...
Државната матура, математички проблем за средношколците
Post Views: 59Одлуката на МОН за воведувањето на математиката како задолжителен предмет за полагање на државна матура, ги вознемири средношколците во државава. За нив оваа одлука е непотребна и избрзана. Покрај математиката, матурантите ќе полагаат и англиски и мајчин јазик, како и еден интерен. Тестовите ќе бидат поделени во два дела, во писмена и во електронска форма. Дел од средношколците веќе три дена протестираат барајќи одлуката да се повлече. Што мислат средношколците од Гимназијата Св. Климент Охридски за овие новини во образованието. -Па не би требало математика да биде...
Охридскиот народен театар работи со полна пареа
Post Views: 57Охридскиот народен театар работи со полна пареа. До Велигден треба да се заврши проектот на Ирена Стериоска, Вечера со глупаци и да се стави на репертоар за да може да го види широката охридска публика. 27 март, светскиот ден ана театарот ќе биде одбележан со целодневна програма која ќе започне од утринските часови и ќе трае до полноќ.Во таа програма ќе бидат вклучени сите. Најпрво ќе настапи детското младинско студио кое се формира на први март, после што ќе има детски престави, а вечерта ќе има престава наменета за повозрасните. После тоа ќе се чита светската и националната...
Здравствениот дом во Охрид доби нов ВД директор
Post Views: 75Доктор Катерина Арсенова Димитрова е новиот ВД директор на Здравствен дом. Така одлучи Министерството за здравство. Др Димитрова од вчера ја извршува оваа функција на која дојде од раководното место во Диспанзерот за здраво дете. Доктор Димитрова е специјалист педијатар со 33 годишно работно искуство. Таа ќе ја извршува оваа функција се додека ресорното министерство не распише оглас за назначување на нов директор. Инаку, Здравствениот дом остана три недели без директор по финансискиот скандал тежок 7,5 милиони денари кој го откри финансиската полиција. Од прво...
Нов начин на промоција, подобра туристичка сезона
Post Views: 46Хотелиерите во градов најавуваат добра туристичка сезона. Велат дека ова лето треба да биде поуспешно од предходното по бројот на остварени ноќевања во туристичките капацитети како од странски така и од домашни гости. Но, тие додаваат дека Охрид сеуште е далеку од достигнување на оние бројки кои се за паметење. Сугерираат локалната и државата сериозно да поработат на промоцијата не само на градов туку и на целиот регион. Според нив преставувањето на саеми со закупување на штандови е само непотребен трошок кој ретко кога вродил со плод. Речиси никој не склучил договор на...
Нова туристичка понуда во градов
Post Views: 50Охридските рекреативни риболовци се подготвуваат за риболов со кајак по Јадранскиот слив. Оваа авантура ќе започне од Охридското Езеро, преку Црн Дрим, Дебарското Езеро, Албанија, езерото Фрејза, па се до реката Бојана. Првата пробна тура ќе се организира кон крајот на април а во месец мај планирано е да се направи промотивна тура. Оваа идеја на спорското риболовно друштво „Свети Апостол Петар“ привлече огромен интерес не само кај домашните туку и кај странските риболовци. Радован Димитриески-претседателот на ова риболовно друштво вели дека во проектот ќе влезат четири...
Осмомартовскиот викенд ги наполни капацитетите во градов
Post Views: 56Хрватки, србинки и црногорки во Охрид за 8ми март. Речиси во сите хотелски капацитети во градов има групи со припаднички на понежниот пол кој овој празник решиле да го прослават токму овде. Традицијата на организирана прослава за Денот на жената, не се напушта, напротоив, се засилува, велат хотелиерите. Посебно се посетени хотелите во централното градско подрачје кои нудат дводневни, но и тридневни аранжмани за престојниот празник.Нашиот капацитет е исполнет. Имаме гостинки од Србија кои ќе пристигнат на 7ми а ќе останат до 9ти март. Им нудиме добра забава и гастрономски...
Охридските мозочиња едни од најдобрите во Македонија
Post Views: 51Охриѓани најдобри на третиот по ред Државен натпревар што се одржа викендов во Скопје. Децата на возраст од 4 до 14 години кои ја посетуваат Бреинобреин програмата во општинскиот Црвен крст покажаа одличен успех. Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид е првиот франшизен центар во Македонија кој оваа програма ја имплементира од 2009та година, преку високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма. Овој тим на интернационални тренери и овие деца од Охрид, Ресен и Струга го преставуваа нашиот центар и добија...







