Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Огрлици, привезоци, белегзии и друг рачно изработен накит неделава ќе може да се купи на градскиот плоштад во Охрид

Post Views: 212 Огрлици, привезоци, белегзии и друг рачно изработен накит неделава ќе може да се купи на градскиот плоштад во Охрид. Овие уникатни парчиња се изработени од страна на инавалидизираните лица од Охрид, Скопје и пет општини од Војводина. Домакин на оваа креативна работилница е здружението на лица со телесен инвалидитет од Охрид и Дебрца, „Мобилност“, вели Венко Голабовски, неговиот претседател.Организатор на оваа работилница е здружението „Мобилност“ од Скопје. Во Охрид ја организираат прв пат, а во Скопје една веќе се одржала минатата година. Деан Ѓоргиевски, претседателот...

Продолжи со читање

Временските промени влијаат на здравјето на граѓаните

Post Views: 203   Бројот на пациентите кои доживеале мозочен удар, а се третираат на невропсихијатрискиот  оддел во Охрид,  во последно време е зголемен. Д-р Јулија Василевска вели дека за жал старосната граница се повеќе опаѓа, а најголема причина за тоа е современиот начин на живот. Одредено влијание имаат и климатските промени кои се повеќе ги чувствуваме. Температурните разлики влијаат и на здравјето на граѓаните.Д-р Василевска вели дека многу важно за да се заштитиме од ваквиот вид на васкуларни заболувања е превенцијата. Тоа подразбира рано откривање и третирање на покачениот...

Продолжи со читање

„Златниот глас на Русија“ ќе го отвори овогодинешното Охридско лето

Post Views: 239 „Златниот глас на Русија“ , „Сибирскиот тигар“, „Елвис на операта“ овие епитети го красат името на познатиот оперски пеач Дмитри Хворостовски кој ќе го отвори 53тото издание на Фестивалот Охридско лето. Денес беше обелоденета програмата за овогодинешното фестивалско издание.Ветеното го остваривме, веќе се познати имињата на уметниците кои ќе продефилираат на 40-те фестивалски денови, но напоредно со тоа се договараат светските имиња за идното издание на фестивалот, рече Елизабета Јанкулоска директор  НУ Охридско лето.Ваквата долгорочна стратегија ќе ни донесе сигурност...

Продолжи со читање

УЈП на располагање на граѓаните

Post Views: 215 Граѓаните се повеќе се информираат за новините кои ги спроведува УЈП. Денес преставници на управата имаа средба со даночни обврзници од Охрид со цел да се дооразјаснат некои дилеми околу поднесувањето на ДДВ пријавите по електронски пат. Од 01.01 2013 год. Сите регистрирани даночни обврзници за ДДВ законски се обврзани ДДВ 04 пријавите да ги поднесуваат по електронски пат. Исто така по електронски пат треба да ги поднесуваат и месечните ДДВ обврзници, а и оние кои се регистрирани на годишно ниво. Во даночното одделение во Охрид има регистрирано над 1200 ДДВ обврзници...

Продолжи со читање

Состојбата со нивото на Охридското езеро сеуште е сериозна

Post Views: 174 Состојбата со водостојот на Охридското езеро сеуште е сериозна. Денес тој изнесува 27 см над дозволената максимална кота. Ваквите хидролошки проблеми траат веќе неколку недели, а се резултат на обилните врнежи, велат од ЦУК.  Критични точки на охридското крајбрежје се населбите кои имаат мал заштитен појас и при мало влијание на јужниот ветар претрпуваат оштетувања. Тука спаѓаат населбата Канео, брегот од источниот дел од езерото, Радожда како и централниот дел на Струшката ривиера. Митко Темелковски, раководителот на регионалниот ЦУК вели дека се превземени сите мерки...

Продолжи со читање

Министерот за образование, Панче Кралев денес прошета по училиштата во Струга

Post Views: 410   Целосно ќе се реконструира Основното општинско училиште Јосип Броз-Тито во Струга. Ова денес го најави министерот за образование, Панче Кралев. Тој го посети ова училиште со цел да види какви се условите во кои се одвива наставата. Кралев рече дека набрзо ќе бидат заменети прозорците, подовите и кровната конструкција во ова училиште.Министерот нагласи дека и во програмата на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Владимир Кочоски предвидени се инвестиции во делот на образованието. Кралев подвлече дека само со заедничко делување на Владата и Локалната самоуправа...

Продолжи со читање

Ќе се фискализираат охриските адвокати

Post Views: 240 Од први мај ќе се фискализираат охриските адвокати. 90тина адвокати од градов ќе треба да набават фискални апарати.Ова следува откога Владата го прифати барањето на Адвокатската комора и адвокатите за ставање надвор од примена на Законот за адвокатски маркички, со што ќе се овозможи фискализација на адвокатските услуги, вели Љупчо Наумовски-претседател на адвокатска заедница од Охрид.Министерството за финансии на првата седница на Владата ќе предложи измена на Законот со цел да се стави вон сила и да се премине на вообичаениот систем на одданочување на услугите на...

Продолжи со читање

Децата стануваат се посиромашни за литература која е наменета токму за нив

Post Views: 217 Во Македонија се помал е бројот на автори кои пишуваат детска литература. Еден од нив е охриѓанецот Тоде Илиевски кој досега има објавено четири книги за деца. Овој специфичен вид на литература се повеќе изумира, вели Илиевски. Тој објаснува дека крајно време е сериозно да се размислува за нејзината судбина бидејќи речиси никој од писателите од помладата генерација не се нафаќа да пишува детска литература.Детската литература е посебен вид литература бидејќи стилот на кој таа е напишана треба да биде лесен и разбирлив, достапен до најмладата читателска публика. Во основните...

Продолжи со читање

Распеано рибарче по 14ти пат

Post Views: 228 Детскиот фестивал Распеано рибарче ќе се одржи по 14ти пат. Се е подготвено за новото издание на кое ќе запеат 18 учесници. Песните се со најразлични содржини, а детските гласови и хорот веќе се снимени. Останува уште да се доуреди уметничкиот дел. Интензивно се работи и на кореографијата. Директорот на фестивалот, Колчо Петкуќески вели дека се се прави за да се понуди нешто ново и поквалитетно од минатите изданија на Распеано рибарче.Во организацијата на фестивалот работат луѓе со долгогодишно искуство. Се работи со голема сериозност и професионализам за на крај да...

Продолжи со читање

Завршна пресс конференција на Сојузот за иднината

Post Views: 176 Александар Петрески, кандидатот за градоначалник од коалицијата Сојуз за иднината денес  на завршното официјално обраќање пред новинарите, даде генерална оценка за кампањеата која се водеше во изминатите две недели. Тој рече дека ова е најлошата кампања која досега се спровела и дека нивните опоненти не бирале средства и начини за заплашување на граѓаните. Петрески вети дека првото утринско кафе во новиот мандат ќе го испие со новинарите, а мандатот ќе го потпише со пенкалото кое денес му го подарија членовите од неговиот тим. Кандидатот за градоначалник од коалицијата...

Продолжи со читање

Одделот за интервентна кардиологија во Заводот за кардиоваскуларни заболувања бележи рапиден раст и развој

Post Views: 240 Одделот за интервентна кардиологија кој е отворен пред 6год во рамките на Заводот за кардиоваскуларни заболувања бележи рапиден раст и развој, потенцираше директорот Д-р Никола Бакрачески. Тој кажа дека  илјадници граѓани не само од Охрид туку и од поширокиот регион како и од соседните градови на Р. Албанија се спасени токму на овој оддел.Бакрачески рече дека бројот на здравствените услуги во оваа установа е пораснат за 300 до 500%, а во одредени оддели тој е зголемен и над 1000%. Зголемен е бројот на пациентите третирани во интензивна нега, а рапидно расте и бројот...

Продолжи со читање

Најнекоректна кампања која досега ја видел Охрид

Post Views: 214 Александар Петрески, актуелниот градоначалник и кандидат за трет мандат на денешната пресс конференција укажа на голем број неправилности со кои се води кампањата од страна на нивните опоненти. Тој рече дека додека тие засадувале дрвца по повод денот на пролетта, луѓето од ВМРО ДПМНЕ кршеле изборни штабови од СДСМ и затварале фирми. Петрески изнесе и сознанија коишто им ги пренесле граѓаните за разни други притисоци. Како пример го посочи подметнувањето на обрасци за плаќање данок кои се фалсификат.Петрески рече дека начинот на кој се води оваа кампања од страна на...

Продолжи со читање