Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Изградбата на затворениот зелен пазар, камен на сопнување

Post Views: 6 Изградбата на затворениот зелен пазар, камен на сопнување на 36та седница на совет. Одлуката за избор на приватен партнер за изградба на административно деловно трговска зграда која вклучува изградба на затворен зелен пазар неприфатлива за опозицијата во советот. Координаторот Јован Стојаноски рече дека ова е уште еден пример на раскрчмување на општинскиот имот.Ние не сме против реализација на капитални проекти корисни за градов но сме против ваквиот начин на нивна реализација. Ваквите се неповолни и не се во интерес на граѓаните.Во општинава не остана веќе педа...

Продолжи со читање

Ќе се пренуркува Охридското езеро

Post Views: 7 Ќе се пренуркува Охридското езеро. Со тоа конечно ќе се реализира идејата стара 15-тина години. Нуркачите од клубот Амфора деновиве ги прават последните подготовки за овој сериозен проек. Станува збор за подводни активности во Охридското Езеро што ќе се реализираат на длабочина од пет до 15 метри и во должина 80 километри и 322 метри, вели меѓународниот нуркачки инструктор од Охрид, Милутин Секулоски. Целта не ни е само да го пренуркаме Охридското Езеро, туку со таквото пренуркување да фотографираме, снимаме под вода и да позиционираме одредени пронајдени работи под...

Продолжи со читање

Одрони на патот

Post Views: 8   Внимание, опасност на патот. Овој сообраќаен знак треба да биде поставен на патниот правец Охрид Св. Наум, поточно над Хидробиолошкиот завод, поради тоа што на оваа сообраќајница многу често има одрони на патот. Возачите кои ја поминуваат оваа магистрала секојдневно ги демне голема опасност.И поставената мрежа на еден дел од ридот не може да ги спречи одроните на карпи и поситни камења.Горниот дел од патот постојано се рони. Овој проблем треба еднаш за секогаш да се реши,а не само да се импровизира. Камењата кои се ронат не само што преставуваат опасност за...

Продолжи со читање

Спасен фрескоживописот во црквата Св. Богородица Перивлепта

Post Views: 9 Спасен фрескоживописот во црквата Св. Богородица Перивлепта. Спречено е понатамошното негово оштетување поради влагата на која беше изложен со години наназад. Од Завод и музеј велат дека зафатите кои ги превзедоа за конзервацијата на архитектурата на црквата со што се изврши санација на покривот, вродија со плод.Сите не критикуваа поради тоа што речиси три години црквата ја оставивме со отворен кров и само со наткров. Но тоа придонесе да се исуши и отстрани целата влага која со години беше наталожена во ѕидовите на црквата од што се оштетуваа фреските....

Продолжи со читање

Низ градов тешко е да се вози линиски превоз

Post Views: 6 Немањето автобуски постојки, нивно неодржување, немањето табли со возен ред, узурпацијата на постојките од дивите такси превозници се само дел од проблемите со кои се соочува АД „Галеб“, кое го спроведува линискиот превоз во градов. Раководителот Димитар Василевски вели дека повеќе пати им се имаат обратено на надлежните во Локалната и до сообраќајната полиција за да ги отстранат овие аномалии. Но досега нема некој конкретен ефект.Во градов има само две постојки кои се со настрешници и клупа за седење. Едната е кај некогашниот Тим маркет, а другата од спротивната...

Продолжи со читање

Локалната најавува градежна пролет

Post Views: 7 Ќе се подобрува патнат инфраструктура во градов. Локалната најпрво започна со санација на дупките на Булевар „Туристичка“, дел од улицата „Крали Марко“, „Јане Сандански“, а денес интензивно се работи на „Димитар Влахов“, „Абас Емин“ и на делови од „Богомилска“ и „Даме Груев“. Дупките се пополнуваат со бекатон коцки, но тоа е само привремено, велат од Секторот за комунален развој и  сообраќај.Заради неработењето на асфалтните бази во овој период од годината поради ниските температури ние ги закрпивме дупките со бекатонки, но штом почнат да работат базите веднаш ќе...

Продолжи со читање

Охридската градинка работи со деца со пречки во развојот

Post Views: 7 Градинката „Јасна Ристеска“ создава услови за згрижување дечиња со помали пречки во психофизичкиот развој. Во ова предшколска установа набавени се сите аудиовизуелни средства како и опрема и материјали за работа со овие деца. Директорката Роза Костоска вели дека интерес кај родителите за згрижување на децата има, а според законот во групата каде што има дете со пречки во развојот вкупниот број на децата се намалува за два.Не е благодарно да кажуваме колку дечиња има во градинката со некаква попреченост бидејќи ние во никој случај не сакаме да ги етикетираме. Ние...

Продолжи со читање

Во Охрид нема регистрирано ниту еден случај на туларемија

Post Views: 8 Туларемијата која најпрво се појави во Косово деновиве и тропна на врата и на Македонија со потврдувањето на трите случаи во Скопје и Арачиново. Пренесувач на оваа чума е бактерија, која што ја има на цела северна хемисфера и е доста отпорна на надворешни влијанија и ниски температури, а ја има во блата и мочурливи површини. Сепак, извор на инфекцијата се глодарите, како полските глувци, зајаците, куните, дабарите и др. Засега нема потреба од загрижување бидејќи нема опасност од зголемување на бројот на инфицирани, смируваат надлежните , но сепак поплавите би можеле...

Продолжи со читање