Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 271 Патот од Св. Стефан до кардиолошки утрово наликуваше на река , велат граѓаните кои поминале тука. Тие додаваат дека ова не е прв пат да се поплави оваа улица.Некои граѓани кои работат во овој дел од градот зад нашата камера коментираа дека постојано се случува ова и никако да се најде трајно решение. Тие велат дека проблем е тоа што цевките за атмосферската канализација се многу тесни па и при помали врнежи од дожд неможат да ги приберат водите кои се влеваат во нив и носат наноси од земја и гранки.Екипите од ЈП Нискоградба после дојавата за дефектот веднаш излегоа...
Граѓаните бараат државата да ги заштити од прехрамбените производи со сомнителен квалитет
Post Views: 217 Охриѓани исплашени од наодите на токсично млеко на „Дукат кое се продаваше на пазорот. 360 литри увезено млеко од „Дукат“ сместено во магацините на дистрибутерите во Македонија, се потврди дека се токсични. Директорот на Агенцијата за храна и ветринарство, Дејан Рунтевски, смирува дека овие количини млеко воопшто не се пуштени во промет. Од Агенцијата за храна велат, ќе продолжат со засилен мониторинг на операторите со храна во земјава и ќе се следи состојбата на европскиот пазар. Граѓаните, сепак се скептични кон квалитетот и голем број од нив кои го конзумираа...
Охридските групи и солисти утревечер ќе се промовираат пред својата публика
Post Views: 252 Млади охридски бендови и солисти утревечер ќе можат да се промовираат пред охридската публика. Четири групи и тоа: Ени рендом, Кј Данте, Ас би си, Уличен аспект и тројца солисти Елена Бујаровска, Теодора Настоска и Драга Ставреска, ќе можат да покажат што знаат и умеат секој во својата област. Концертот ќе биде колаж од различни музички правци како рок, рап, кои ќе се изведуваат акустично, а соло настапите ќе бидат на матрица. Ќе има и стенд ап комедија.Ташко Лаброски, организаторот на концертот објаснува дека ова не е прв ваков обид да се испромовираат младите и надежни...
Плоштадот кај некогашната библиотека сеуште не е изграден
Post Views: 217 И после четири години од дадените ветувања дека на просторот на некогашната библиотека ќе се гради плоштад, нема ништо на повидок. Локалната самоуправа и Заводот за заштита на спомениците уште во 2008год. започнаа со изготвување на заеднички проект за овој дел од градот. Во планот е предвидено овој простор да биде оплеменет со зеленило и клупи за седење како охриѓани би добиле едно пријатно катче за одмор. Со одлука на совет на овај плоштад требаше да се постави и споменикот од Христо Узунов. Градоначалникот Александар Петрески смета дека на овој простор не се потребни...
Завршните сметки веќе не ќе бидат кошмар за сметководителите
Post Views: 219 Сметководителите од Охрид на средба со преставници од Централниот регистар од Скопје. Целта на овие средби е да се разрешат нивните дилеми околу некои прашања од областа во која работат за да може што побрзо и поефикасно да се направат завршните сметки и да се запази законскиот рок. Трговските друштва завршната сметка треба да ја поднесат до крајот на февруари, а трговците поединци до 15 март, вели Љубинка Андоновска од Централен регистар.Претходните искуства покажуваат дека во овЗавршните сметки веќе не ќе бидат ноќна мора за сметководителите. Нивното поднесување...
Највредниот живопис во Македонија, набрзо пред очите на јавноста
Post Views: 206 Црквата Света Богородица Перивлепта ќе си го врати својот некогашен сјај. Конечно се гледа крајот на проектот со кој по добивањето на грантот од американската амбасада пред повеќе од три години се оформи тим кој вршеше истражувачки работи на архитектурата и фрескоживописот во Перивлепта. Сите работи се завршени пред месец и половина кога бил одржан и состанок со Комисијата која ќе го верификува проектот. Него го предводеа двајца странски експерти назначени од УНЕСКО. Директорката на Завод и музеј Тања Паскали Бунташеска вели дека од страна на Комисијата имало некои...
Охрид е на второ место во Македонија по бројот на регистрирани куќни совети
Post Views: 257 Охрид е на второ место во Македонија по бројот на регистрирани заедници на сопственици на посебните делови, популарно наречени куќни совети. На територијата на Република Македонија денес имаме вкупно 3.012 регистрирани заедници на сопственици. Ова се податоци добиени од Централниот регистар.Станарите кои ги користат услугите на овие компании велат дека за одржување на еден влез месечно плаќаат околу 290 ден. Од нив 140 се за компанијата, а 150 за хигиеничарка. За овие пари тие добиваат чистење и одржување на влезот, вршење книговодствени услуги, хаусмајсторски работи,...
Родителите бараат повеќе да се води сметка за хигиената во училиштата
Post Views: 223 Хигиената во тоалетите во средното економско училиште е на незавидно ниво. Нема ниту течен сапун, ниту пак друго средство за хигиена, а сега е сезона на грип па препорака од СЗО е што почесто да се мијат рацете, се вели во реакцијата на еден родител чие дете учи во овај образовен центар. Тој побара сериозно да се разгледа ова прашање и што поскоро да се најде решение. Директорот на економското училиште, Наум Рилкоски, се согласува со забелешките на родителите. Но, вели дека една од причините за ваквата ситуација е што средствата од блок дотациите кои ги добиваат од...
По стапките на мојот дедо
Post Views: 321 Дрвената палка со која Григор Прличев им покажувал на табла на своите ученици од денес ќе се наоѓа во наговата спомен куќа. Таа е подарок од неговата правнука, Олга Григорова Прличева која ја донесе од неговата семејна куќа во Софија. Олга заедно со уште неколку роднини на големиот поет, пристигнаа од Бугарија за да присуствуват на Прличевите беседи и да му оддадат почит на добитникот на ловоровиот венец. Ова не е прв пат членови на фамилијата на Прличев да дојдат токму на овој ден во Охрид. Тие биле тука и во 2005 год кога се отвори спомен куќата на овој великан....
Нови европски проекти
Post Views: 204 Секторот за Туризам и локален економски развој минатата година реализирал 30 проекти. Раководителот на овој сектор, Гоце Симоновски вели дека не застануваат тука. Општина Охрид преку овој сектор неодамна аплицираше со уште еден проект. Станува збор за Предлог проект во рамките на Програмата на Европската Унија “Европа за граѓаните”. Покрај Општина Охрид, како партнери во овој Предлог проект се појавуваат градови од Шведска, Франција, Германија, Полска и Словачка. Водечки партнер на проектот е Општина Птуј од Словенија. Ова е убава можност за промоција на Охрид...
Да има што повеќе жени во политиката
Post Views: 275 Да се зголеми бројот на жените во политиката. Ова е заложба на Советот на жени за родова еднаквост, македонското женско лоби и невладината организација „Антико“. Тие сметаат дека и сегашната законска бројка од 30% е мала за да може реално да се зајакне влијанието на жената врз политичките случувања во државава. Од друга старана пак и оние жени кои се инволвирани во политиката многу малку придонеле за подобрување на состојбата на ранливите категории. Ова е уште поевидентно на локално ниво, вели Наде Мартиноска од женскиот центар „Бисера“.Во Советот на општина Охрид...
новите вработувања,трн во око
Post Views: 226 Деновиве дел од граѓаните, а и општинската ВМРО ДПМНЕ се погласно реагираат на најновите вработувања во Јавните претпријатија во градов како и во Општинската администрација. Тие велат дека ова е само уште еден начин за добивање гласови на Локалните избори кои се наближуваат. Додаваат дека воопшто нема потреба од нов кадар бидејќи и онака состојбата во јавните претпријатија финансиски е тешка. Градоначалникот Александар Петрески со свое објаснување по ова прашање.Најновите случаи на вработувања во општинската администрација и јавните претпријатија не се поради изборите,...