Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Меѓународниот ден на лицата со попреченост уште една можност за да се кажат проблемите со кои се соочуваат

Post Views: 206 Проблем со паркинг места, пристапни патеки до јавните установи и институции, немање толкувачи се само дел од проблемите кои и оваа година лицата со попреченост ги истакнаа на одбележувањето на Меѓународиот ден. Здружанието на инвалиди на трудот од Охрид и Општина Дебрца го посети градоначалникот Јован Стојаноски кој ги сослуша забелешките и потребите на лицата со попреченост и вети дека Локалната ќе направи напори да помогне во нивното решавање. Ова што го организиравте денес е една извонредна прилика да се видиме и вие да се дружите и да си размениме одредени мислења,...

Продолжи со читање

Локланата годинава новогодишно ќе го украсува и стариот дел на градот

Post Views: 178 Стариот дел на градот оваа година ќе биде дел од новогодишната бајка. На барање на жителите и сопствениците на угостителските објекти лоцирани токму таму, но и на сугестија на туристите кои минатите години празниците ги поминаа во нашиот град, Локалната одлучи годинава да ги украси со новогодишни реквизити и улиците Коста Абраш, Самоилова и Илинденска. Поголем проблем ќе преставува овие улици да се украсат по целата должина поради амбиентот, но и поради технички потешкотии, но секаде каде има можност за украсување тоа ќе биде направено, вели Томе Џамтоски-портпарол...

Продолжи со читање

Античкиот театар со нов лик

Post Views: 195 Античкиот театар со нов лик. Ова е замисла на студентите од четврта година на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кои како проектна задача изработија проекти за ревитализација на охридскиот Антички театар. Нивните замисли и идеи денес беа поставени на изложбата со наслов „Ревитализација на Античкиот театар во Охрид“ во Центарот за култура Григор Прличев. Станува збор за центар за посетители што би претставувал туристичка поддршка, каде би имало просторија каде би се оддржувале предавања, мал музеј како и простории за поддршка...

Продолжи со читање

Пијте кафе и учете за Охрид

Post Views: 198 Испијте кафе и научете нешто повеќе за урбаната историја на Охрид. Од неодамна во дел од охридските угостителски објекти покрај кафето ќе добиете и испишана порака со „Факти за Охрид“ креирана од охридскиот историчар, доц. д-р Никола Митровиќ – Бабе. Податоците кои се испишани на тоа мало парче хартија убаво спакувано, покрај за едукација допринесуваат да се развие дополнителна тема на разговор меѓу оние кои седнале да испијат кафе. Засега интересот е навистина голем. Ова беше еден пилот проект кој го направив во временски период кога во Охрид нема многу туристи...

Продолжи со читање

На сцената на „Охридско лето“ ќе се врати балетот и балетските претстави

Post Views: 181 Се кројат планови за 59тото издание на фестивалот „Охридско лето“. Директорката на оваа Национална установа, Наташа Поповиќ вели дека контактите со многу светски познати уметници се во тек и дека и новото издание на фестивалот ќе понуди квалитет и настани за сечиј вкус. Поповиќ кажува дека на сцената на „Охридско лето“ ќе се врати балетот и балетските претстави бидејќи малку се подзаборавени, а публиката особено помладата сака да види еден таков културен настан. Од оваа година публиката ќе има можност да види балетски претстави. Нормално од помал карактер, но не...

Продолжи со читање

Охридското автохтоно вино вранец барик наградено на меѓународен саем на вино

Post Views: 213 Охридското автохтоно вино вранец барик наградено на меѓународен саем на вино „ЖУПА 2018“ кој се одржа во Александровац, Република Србија. Производител на ова вино е винаријата Мал Св. Климент, а сопственикот Будимир Соколовиќ задоволен од освоеното второ место кажува дека ова вино е специфично по многу негови карактеристики што ги препознаа и стручњаците. Наградата ја добив согласно квалитетот на виното кое одлежува веќе 18 месеци во барик дабова бочка и има порафиниран, попрефинет вкус. Ова беше добра можност да се презентираат и вината од охридскиот регион кои...

Продолжи со читање

Деновиве Владата ќе донесе одлука за преземање на колекторскиот систем

Post Views: 206 Прашање на време е кога Владата ќе донесе одлука за преземање на колекторскиот систем заедно со побарувањата и обврските што се направени при неговото функционирање. Градоначалникот Јован Стојаноски вели дека сите услови се исполнети и дека пред Владата ќе се достави усвоената одлука на советите на општините Охрид и Струга за поделба на МЈП ПРОАКВА на три дела. Ние донесовме одлука, останува на Владата да донесе одлука. Очекувам дека ќе добиеме позитивен одговор. Не може да се сокрие фактот дека приоритет во инфраструктурните работи во Охрид е токму колекторскиот...

Продолжи со читање

Македонија е високо ризична земја за работниците

Post Views: 187 Во РМ во 2017год. се евидентирани 24 смртни случаи на работно место. Државниот инспекторат за труд пак во своите извештаи нотифицирал дека во 2017год. се евидентирани над 1600 повреди на работните места. Како најризични професии се истакнати градежништвото, земјоделство, јавната администрација. Според сите податоци Македонија е високо ризична земја за работниците. Ние во нашата организација имавме доста пријави од страна на семејства кои бараат правна помош во овој дел, а ние на вакви дебати секогаш говориме и се бориме дека согласно Законот за работни односи и...

Продолжи со читање

Избран новиот состав на ДИК

Post Views: 180 Атанас Урумов, дипломиран политиколог од Гевгелија, Александар Чичаковски магистер по правни науки и Реџеп Прекопуца професор по албански јазик од Арачиново се тројцата експерти кои ќе бидат дел од новиот состав на ДИК, пренесува „Телма“.По двоипол часовна средба во Клубот на пратеници партиските лидери си заминаа без да дадат изјави. Во заедничкото соопштение што го дистрибуираа побараа од Парламентот да ги финализира неопходните постапки што е можно побрзо со цел Комисијата да започне со својата работа и да ги преземе своите должности за подготовка на веродостојни...

Продолжи со читање

Охридските акцијаши најдобри на големата акција за чистење, „Скопје на дланка“

Post Views: 239 Aкцијашите од охридското здружение „Брег на младоста“прогласени за најдобри меѓу акцијашите од поранешна Југославија. Тие од 22 до 29 јули учествуваа во големата акција за чистење, „Скопје на дланка“, организирана по повод 55 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје на која учествуваа уште 200 акцијаши од поранешните југословенски републики. Во еднонеделниот престој во Скопје тие ја расчистуваа населбата „Автокоманда“ односно студентскиот дом „Стив Наумов“ и просторот кај шумарскиот факултет. Впечатоците ни се прекрасни. Ние сме среќни поради сите тие пријателства...

Продолжи со читање

Oд денес започна со работа новиот ресторан „Бистро Вилиџ“

Post Views: 292 Во комплексот „Village Вања Камчев“ од денес започна со работа новиот ресторан „Бистро Вилиџ“. Ова бистро е новина во нашиот град и нешто што му недостасуваше на туристички центар како што е Охрид. Бистрото има интересно мени со високо квалитетни оброци. Во понудата има свежи салати, супи, чорби и готвени јадења, а за љубителите на слаткото има и убави десерти. Цените се навистина достапни за сечиј џеб, па за сума од околу 100 денари може да се добие супер оброк. За првите посетители на денешното отварање на бистрото следуваше дополнителен попуст од 50% на целата...

Продолжи со читање

ОК НА ВМРО ДПМНЕ:Со кое право Заев се фали со проект на ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 214 Новата автобуска станица е проект на ВМРО-ДПМНЕ кој отпочна изминативе години и на кој особено сме горди како партија, бидејќи охриѓани го заслужуваат и упатуваме честитки до граѓаните. Но кога се отпочнуваше проектот СДСМ и Зоран Заев бесмислено го напаѓаа и критикуваа. Денес се тука горди што ќе сечат лента, ова беше кажано на денешната пресс конференција на ВМРО ДПМНЕ која се одржа порасди свеченото пуштање во употреба на новата автобуска станица во Охрид. Не сме сигурни и ги прашуваме господата од СДСМ, кога повеќе им беше срам, тогаш кога критикуваа дека ќе...

Продолжи со читање