Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Законот за забрана на пушењето на јавни места не се почитува

Post Views: 237 Охриѓани се жалат дека во голем број од угостителските објекти во градов не се почитува Законот за забрана за пушење. Тие велат дека сопствениците, а и гостите како да подзаборавија на ова законско решение кое беше донесено пред две години од страна на Министерството за економија. Од подрачната единица на државниот пазарен инспекторат пак тврдат дека се прават редовни контроли за тоа колку се почитува или не овој закон. Од таму додаваат дека само во последниот квартал направени се 400 контроли и 500 надзори по угостителските објекти. Изречени се глоби во износ од 38...

Продолжи со читање

Катастарот во Охрид не е најпроблематичен во Македонија

Post Views: 241   Охридскиот катастар отворен за граѓаните. Од денес па до в четврток тимови од Скопје ќе имаат блиски средби со граѓаните кои имаат потреба од услугите на ова одделение. Оваа пракса се спроведува веќе 6 години, а целта е од прва рака да се види и слушне што ги мачи Охриѓани. Доколку има грешки во работата на катастарот истите да се исправат или пак граѓаните да се упатат во другите институции кои се надлежни за нивниот проблем. Минатата година при контролата која беше направена во ова одделение беа затекнати околу 400 нерешени предмети ставени во фиока. Годинава состојбата...

Продолжи со читање

Центарот за култура Григор Прличев доби финансиска инјекција

Post Views: 208 Центарот за култура „Григор Прличев“ од Министерството за култура доби околу 5 мил. денари за проектите кои треба да ги реализира во текот на оваа година. И овојпат финансиски се подржани Балканскиот фестивал, Охридските староградски песни, фолклорните друштва, мешаниот хор, балетското студио и театарот.  Предвидени се и два големи театарски проекти и тоа „На дното“ од Максим Горки и „Орестија Есхил“ која претстава по се изгледа ќе ја режира познат режисер од Дубровник. Еден театарски проект ќе биде финансиран и од сопствени средства, вели директорката Драгана Боцевска....

Продолжи со читање

Охрид низ времето

Post Views: 233 Охрид понапред. Ова е насловот на изложбата на документаристички фотографии на нашиот сограѓанин, Никола Митровиќ. Низ 35 фотографии на места и објекти низ градов фатени низ објективот на фотоапаратот пред петнаесетина години и денес може да се види како градот растел и се менувал низ времето. Митровиќ идејата за ваков вид фотографија ја добил од својата професија. Тој е историчар архивист, а архивистиката се занимава со документите. Митровиќ вели дека фотографијата е еден многу важен документ од кој можат да се добијат многу податоци.Промоторот Зоран Велјаноски Летра...

Продолжи со читање

Жителите на Петрино со отворено писмо и петиција до Градоначалникот

Post Views: 230 „Состојбата на улицата „Петрино“ е тешко да се опише со зборови. Најдобро е да се види лично. Ако и покрај Вашите секојдневни обврски се одлучите за личен увид , за да ја поминете улицата пеш ќе Ви требаат повисоки чизми ,а ако тоа одлучите да го направите со возило тогаш тоа направете го со теренско возило“, со овие зборови жителите на Петрино му се обраќаат на градоначалникот Петрески.  Откако кон крајот на мај почнала да се раскопува оваа улица која претходно била асвалтирана и тоа со пари на граѓаните, тие имаат голем проблем кој никако да се реши. Градежните работи...

Продолжи со читање

Јован Бабаче најсреќен од сите

Post Views: 226 Јован Бабаче најсреќен од сите кои денес скокнаа во студените и разбранувани води на езерото за да го фатат светиот крст. Околу 1100 капачи 17 минути го бараа крстот, но тој како да чекаше токму Бабаче да го фати. Него веќе петти пат му се посреќува. Тој вели дека нема никакво правило и дека се е божја воља. Објаснува дека оваа година воопшто не планирал да се фрла по крстот, но кога видел дека капачите неможат да го најдат некоја внатрешна сила го натерала да скокне за да го најде. Кумот на овогодинешната манифестација Водици, Стојан Ѓоргоски на Јован Бабаче му подари...

Продолжи со читање

Триесет социјално загрозени семејства денес добија хуманитарни пакети

Post Views: 225 30 пакети со основните прехрамбени производи како брашно, масло, тестенини, ориз, денес им беа доделени на социјално загрозените семејства од градов. Пакетите се донација од годинешниот кум на манифестацијата „Водици 2013“, Стојан Ѓоргоски во соработка со Црвениот крст од Охрид. Ѓоргоски потенцира дека и оваа хуманитарна акција е во духот на празникот, бидејќи една од основните одлики на христијанството е  хуманоста и упати апел до сите граѓани кои се во можност да им помогнат на ранливите категории. Претседателот на здружението Богојавление, Љупчо Арнаудов потсети...

Продолжи со читање

Добра идеја, успешна реализација

Post Views: 215 Добра идеја, успешна реализација. Акцијата која Општина Охрид заедно со Црвен Крст и ракометарите ветерани ја спроведоа уште пред новата година, денес доби свој епилог. Од средствата кои се собраа од одржувањето на хуманитарниот ракометен натпревар помеѓу РК „Охрид 2012“ и ветераните, се купија спортски реквизити кои денес беа донирани во градинката „Јасна Ристеска“, вели Филип Јованоск, портпарол на Локалната самоуправа.И од Црвен крст задоволни како протекла оваа хуманитарна акција. Претседателот Сашо Точко ветува дека и понатаму ќе соработуваат со детската градинка...

Продолжи со читање

За крадците на струја и вода, затворски казни

Post Views: 380 Во Охридско струшкиот регион не е мал бројот на оние кои крадат струја, велат од ЕВН. Во Струга минатата година биле регистрирани 100 кражби. Граѓаните бесправно потрошиле 4 300 мегават часови со што во касата на ЕВН влегле  500 000 евра помалку. Во Охрид бројката е нешто помала, но не и незначителна.  Ланската година се регистрирани 80 кражби на струја при што недозволено се потрошени 3000 мегават часови, односно ЕВН е оштетена со 250 000евра. Граѓаните кои неовластено ќе користат струја, вода, парно или природен гас, ќе заработат затворска казна, ова го предвидуваат...

Продолжи со читање

Експресно завриши продолжението на педесет и седмата седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 309 Експресно завриши продолжението на педесет и седмата седница на Советот на Општина Охрид. На седницата беа усвоени одлуките за програмите за работа на ЈП “Охридски Комуналец“ и ЈП “Градски гробишта “ за 2013 – та година. Директорот на Комуналец вели дека програмата за работа на ова претпријатие за 2013та се надоврзува на онаа од 2012та. И оваа година ќе се работи на подигање на јавната чистота па за таа цел многу скоро низ целиот град ќе бидат поставени канти за отпадоци.Сашо Алче вели дека и оваа година продолжуваат со реализација на проектот „Охрид град на цвеќето“...

Продолжи со читање

Oхриѓани се потсетија на името и делото на писателот Иван Точко

Post Views: 903 Охриѓани денес се потсетија на нивниот сограѓанин,Иван Точко кој е еден од основоположниците на повоената македонска литература. Тој е препознатлив по неговиот уникатен и динамичен стил, а критичарите го нарекувале и последниот македонски литературен романтичар. Но, за жал неговото име денес како да е подзаборавено, вели писателот Мишо Јузмески.Со цел да не се заборави делото на Точко денес на неговиот роденден, во културниот центар „Култура 365“ се одржа литературни читање. Писателот Тоде Илиевски рече дека оваа идеја е за поздравувањеНа литературното читање беше...

Продолжи со читање

Охриѓани забрзано се подготвуваат за најголемиот христијански празник, Божик

Post Views: 223   Пред Божик, зад Божик кај да си дома да си. Оваа стара поговорка се кажува и денес и не само тоа таа и се применува. Сите православни христијани за најголемиот празник Божик, кога се слави раѓањето Христово се во своите домови со најблиските, правејќи ги сите оние обичаи и симболи поврзани со овој ден. Празнувњето на Божик започнува да се слави со Бадник, денот пред Божик. Охриѓани забрзано се подготвуваат за достојно да ги дочекаат овие убави денови. На градскиот пазар денес беше прилично раздвижено. Се купуваше овошје и се она што е посно за да се направи свечената...

Продолжи со читање