Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 56Охриѓани добија уште едно катче каде што ќе можат да ги згрижат своите деца. Денес свечено беше отворена детска градинка во рамките на ОУ „Кочо Рацин“ каде на простор од 90 метри квадратни адаптирана е една занимална во која ќе престојуваат дечињата, кујната е преадаптирана, а санирани се и санитарните чворови. Ова е трет ваков проект реализиран во изминатите неколку месеци наменет за зголемување на капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески истакна дека овој проект се реализира во рамките на Стратегијата на општина...
Стагнираат работите околу уредувањетона новиот детски парк
Post Views: 49Стагнираат работите околу уредувањето на просторот во непосредна близина на основното музичко училиште на кој треба да се направи нов детски парк. Иако од локалната пред еден месец најавија дека на овој простор до 19ти јануари, на големиот христијански празник Богојавление-Водици ќе се реализира овој зафат, сеуште ништо на повидок. Портпаролот на Локалната самоуправа, Томе Џамтоски објаснува зошто закочија работите. Знаете дека изминатиов период Охрид го зафати едно снежно невреме, а имаше и многу ниски температури па не можеше да се работи на терен. Сега службата за...
Kој ќе биде организатор на манифестацијата Богојавление-Водици наредната година
Post Views: 51Празникот Богојавление-Водици помина, но останаа коментарите на граѓаните околу се она што ја пропрати неговата организација почнувајќи од контроверзниот избор на кумовите па се до изјавата на митрополитот дебарско кичевски Г. Тимотеј кој отворено го нападнаЗдружението „Богојавление“ кое ја организира манифестацијата. Тоа и оваа година е најповикано околу слабостите кои се јавија. Потпредседателот на „Богојавление“, Митко Пендов признава дека ова е нивниот максимум во организациониот дел и дека тие веќе го достигнале врвот. Охриѓани велат дека треба да се размислува за...
Земјоделците да се пријават за паушално оданочување со персонален данок
Post Views: 64Граѓаните кои се знимаваат со земјоделска дејност било тоа да им е дополнителна или основна дејност, а кои оствариле приход од еден милион и 300 000 ден. Во текот на 2014та год. До крајот на месецов треба да се регистрираат и пријават во Управата за јавни приходи за паушално оданочување со персонален данок . Доколку тоа до сега не го сториле потребно е да поднесат пријава за регистрација на обврзници кои остваруваат приходи од земјоделска дејност и барање за паушално одданочување за приходи од земјоделска дејност. Доколку веќе се регистрирани како обврзници кои остваруваат...
Климент Довлев од населбата Кошишта го фати бурето со црвено вино
Post Views: 58Традиционално како и изминативе години, денес на „Денот на рибарите“ се фрлаа петте буриња со вино. Од нив, само едно беше полно со црвено вино, а оној кој го фати ова буре, доби Божји благослов и дарови од здружението „Богојавление“.Оние кои скокаа по бурињата, најпрво запалија свеќи за здравје, а од црква заедно со црковните симболи се упатија на пристаниште. Денешниот ден донесе радост за Климент Довлев од населбата Кошишта.Скокам веќе четврти пат по бурето со вино и еве годинава ми се посреки. Сега виното ќе го поделам со другарите и заедно ќе го пиеме и ќе славиме, рече...
Дали ќе го зачуваме духовното или ќе надвладее материјалното
Post Views: 62Богојавление -Водици, празник кој им пркосел на сите општествени турбуленции и си го задржал автентичното одбележување со фрлањето на крстот и осветувањето на водите. Иако во некои периоди како на пример за време на поранешна СФРЈ поради забраната од тогашните власти, била прекината традицијата крстот да се фрла во езерото, сепак се изнаоѓале форми и начини како да се направи и зачува таа традиција. Никогаш во Охрид не престанало фрлањето на крстот па тоа се правело во црквата Св.Никола-Ѓеракомија, каде што крстот бил фрлан во голем казан. Од 1973 год. овој настан повторно...
Гранки, испаднати дрва, камења и земја на потегот од Кошишта до Горна Порта
Post Views: 60Гранки, испаднати дрва, камења и земја преставуваат голема пречка во одвивањето на сообраќајот на потегот од Кошишта до Горна Порта. Ваква е сликата од предновогодишните празници кога во Охрид заврнаа 30тина сантиметри снег кој беше причина многу стари дрва да се откорнат а и потпорниот ѕид да попушти. Граѓаните кои живеат таму реагираат и бараат од службите да го расчистат коловозот бидејќи на улицата сега не можат да се разминат две возила. Од Локалната објаснуваат дека Градоначалникот во координација со стручните служби и со Јавните претпријатија направиле план како ќе се...
Социјалната заштита во градов ставена на маргините
Post Views: 53Социјалната заштита во градов ставена на маргините. Средствата кои општинава ги издвои за оваа намена со буџетот за 2015та се премалку за да се задоволат потребите на оваа ранлива категорија на граѓани, вели советничката од НСДП, Верица Хајба.Срамно е во денешно време Локалната самоуправа да предвиди буџет од 200 000 ден. за оваа намена. Поднесов амандман за да се изврши корекција и да се направи трансфер од буџетот наменет за програмата за трансфери на спортските клубови каде е предвиден буџет од 4милиони денари и да се издвојат еден милион денари кои би отишле во...







