Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 240 Поддршка на самостојниот синдикат на клиничкиот центар денес му дадоа и докторите од општата болница од Охрид. Лекарите кои штрајкуваат интервенираат само на итни случаи, а на сите останати пациенти на кои состојбата не им е итна прегледите им се презакажуваат за други денови. Д-р Никола Симоновски, претседателот на синдикат на Општата болница Охрид вели дека прекинот на работата се одвива без никакви последици по пациентите бидејќи на сите оние кои им е неопходна здравствена помош истата им се пружа.Инаку, лекарите специјалисти бараат под итно укинување на проектот...
Амамот Воска нов галериски простор во градов
Post Views: 224 18 прекрасни мозаици изработени од 15 уметници од нашава земја и соседна Србија од вечерва ќе бидат ставени пред очите на охридската публика. Овие неповторливи уметнички дела, изработени од разнобојни камчиња кои создаваат една прекрасна целина се поставени во Амамот Воска. Овој автентичен амбиент со мозаиците во него ќе ги врати посетителите во времињата назад кога овој амам бил масовно посетуван од жените кои се разубавувале таму и уживале во миговите кои биле само нивни, вели Ели Аин, раководителот на центарот за културен проток, АртЕрија. Овој нов изложбен простор...
Кој ќе го добие најголемото општинско признание- Св. Климентовата награда?
Post Views: 247 Градоначалникот Александар Петрески и годинава ќе го избира добитникот на Св. Климентовата награда. Петрески ќе пресече кој ќе биде носител на наградата од пристигнатите номинации. Оваа пракса се воведе минатата година со цел да се растеретат од притисокот и да здивнат 5-те членови на Комисијата за одбележување на празници, манифестации и доделување на наградите и признанија, бидејќи изминатите години доделувањето на наградите го тресеа скандалозни случувања.За да се избегнат ваквите несакани ситуации советниците тежината на изборот ја префрлија на еден човек- Градоначалникот,...
Дваесетина деца од земјите на поранешна Југославија доаѓаат на гости во Охрид
Post Views: 233 За прв пат во градов се организира повеќедневен камп на деца од неколку градови од поранешните ЈУ простори. Основното училиште Св. Климент Охридски интензивно работи на подготовките на овј камп кој треба да се одржи од 4 до 8 декември, во неделата кога се одбележува и патрониот празник на ова училиште, но и на градот. Кампот го носи името Боите на светлината, а на него ќе учествуваат деца од четири градови и тоа Пиран од Р. Словенија, Котор Р. Црна Гора и Кикинда и Белград, Р. Србија. Се очекува да пристигнат околу 20 деца заедно со своите ментори. Учениците ќе бидат...
Премногу административни обврски, премалку време за учениците
Post Views: 226 Охридските просветни работници жестоко реагираат на се поголемиот број административни обврски кои им ги наметнува Министерството за образование. Нивното осумчасовно работно време повеќе поминува во пишување на административни забелешки, пополнување на електронскиот дневник, во подготвување на дневната програма и правење тестови отколку во квалитетни предавања и посветеност кон учениците, велат тие. Затоа преку регионалниот одбор на СОНК секојдневно реагираат до Министерството за образование, Бирото за развој и Државниот просветен инспекторат со цел да се најде начин...
Сработено а неисплатено
Post Views: 208 На градските избраници во Советот на Општина Охрид веќе осум месеци не им се исплатени паушалите. На секој советник месечно треба да му се исплатат 14 000 ден. Бидејќи во советот има 23 советници ако се направи проста математика за изминативе осум месеци општината на секој од нив им должи по 96 000, а на сите вкупно околу 2 мил денари. Советникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Пановски вели дека ова е крајно несериозен однос на Локалната кон нивната работа и функција.Инаку, исплатата на паушалите е регулирана со Законот за исплата на плати и други надоместоци на...
Ребалансот на буџетот ги размрда советниците
Post Views: 282 54-тата седница на Советот на Општина Охрид невообичаено кратака. На дневен ред беа ставени само четири точки и уште една дополнителна која беше додадена на барање на Комисијата за финансии и буџет. Советниците на првите три точки беа прилично комотни. Но, атмосферата се загреа кога на ред дојде четвртата точка- Одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на единицата на Локална самоуправа Охрид за 2012 година. За опозицијата нема никаква оправданост да се прави ребаланс на буџетот бидејќи како што потенцираа тие уште при неговото донесување укажувале дека проекцијата...
Свечено пуштен во употреба новиот дел на градинката „Јасна Ристеска“
Post Views: 217 Денес свечено беше отворен новиот дел на градинката „Јасна Ристеска“. Дечињата од оваа градинка фаќајќи го за рака Градоначалникот Александар Петрески го однесоа до трите занимални и новата трпезарија во која ќе можат да уживаат и да ги поминуваат своите детски денови нивните нови другарчиња кои треба да пристигнат од наредната недела. Со овој симболичен гест доградбата на централната градинка се стави во употреба. Градоначалникот Петрески не го криеше задоволството од позитивната реализација на овој како што кажа капитален проект кој го финансираше Локалната....
Стартуваат новите градински групи во централната градинака „Јасна Ристеска“
Post Views: 211 Од наредната недела стартуваат новите градински групи во централната градинака „Јасна Ристеска“. Новите простории во доградениот дел на оваа градинка утре, на денот на нејзиниот патрон свечено ќе бидат пуштени во употреба. Тие се изградени по сите нормативи и стандарди според правилникот за изградба на детска градинка. Во новите простории има три занимални, една трпезарија и магацински дел. Таму ќе бидат згрижени 90 деца, вели директорката на градинката, Марина Петровска Тодоровска.Доградбата на централната градинка ја финансираше Локалната самоуправа, а уредувањата...
Во Охрид се бара вакцина повеќе против сезонскиот грип
Post Views: 352 Во Охрид се бара вакцина повеќе против сезонскиот грип. Сите 2100 вакцини кои годинава ги набави Центарот за јавно здравје веќе се потрошени. Директорот Атанаско Михаилов вели дека ќе се потрудат да набават барем уште 200вакцини се во интерес на граѓаните. Зголемениот интерес на граѓаните за вакцинирање се должи на зголемувањето на нивната свест колку тоа е добро за заштита на нивното здравје, вели Михаилов. Вакцинирањето е најбезбеден,, најлесен и наефтин начин на заштита од грип. Вакцината чини 400 ден., а доколку граѓаните заболат од грип ќе ги чини многу повеќе...
Охрид и при обичен дожд се поплавува
Post Views: 235 И во Скопје се слушна за проблемите на Охрид кога има пообилни врнежи од дожд. Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Паноски на пресс конференција која се одржа во главниот град рече дека Општината Охрид со години наназад не го решава проблемот со атмосферската канализација.За Александар Петрески се друго е приоритет, освен решавањето на овој горлив проблем, подвлече тој.Сликите од поплавата во Охрид, се слики на град како од 18 век, без основни услови за живот. Поплавени домови, преплавени улици, атмосферска канализација која нефункционира,...
Охрид има квалитетна вода за пиење
Post Views: 296 Обилните дождови кои наврнаа деновиве во Охрид за среќа немаа големо влијание на квалитетот на водата за пиење. Од Центарот за јавно здравје велат дека постојано се вршат контроли како граѓаните не би се довеле во некаква опасност од зарази порадо слаб квалитет на водата. Атанаско Михаилов, директорот на центарот објаснува дека обилните врнежи најмногу влијаат на намалувањето на квалитетот на водата во Билјанините извори.Вообичаените анализи на водата од градскиот водовод се прават секој понеделник. Мостри се земаат од 24 мерни места во градов. Се мери количината на...