Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 219 Пумпните станици на колекторскиот систем ќе се управуваат далечински.Ова е проект кој МЈП Проаква го реализира заедно со Швајцарската амбасада која за таа цел издвои средства во висина од 2 мил денари. На потегот од Св. Наум до Радожда во должина од 28 км има 11 пумпми станици. На ваков начин ќе се намалат трошоците за гориво и електрична енергија, а и ќе се избегне затајувањето на системот кој кога има пообилни врнежи од дожд треба да работи со поголем капацитет за да се постигне саканиот ефект за заштита на езерото од отпадните води, вели Златко Старкоски директорот...
Петрески си ја призна грешката
Post Views: 232 Осум години манипулација со граѓаните и градот. Но дојде момент градоначалникот Александар Петрески да си ги признае грешките, велат од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Петрески и неговиот тим во урбанистичката и организационата сфера направија голем број грешки кои многу ќе ги чинат на изборите кои доаѓаат, додаваат од таму.Петрески и неговиот тим ја признаа грешката со начинот на управувањето на паркинзите во Охрид — велат од Општинсскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Но, тоа што три дена после тоа признание Петрески нема храброст да ги врати паркинзите под управување...
Кој го прекршува Законот за јавна чистота
Post Views: 246 Голем е бројот на граѓани кои го прекршуваат законот за јавна чистота сечејќи дрва на јавна површина, правејќи ајвар пред зграда, фрлајќи отпадоци на улица, продавајќи зеленчук на импровизирани тезги. Но, само мал дел од нив, најбаксузните заработиле казна за тоа. 56 260 ден. се наплатени годинава од страна на Општинскиот комунален инспекторат како глоба за непочитување на Законот за јавна чистота. Овој закон кој се донесе пред четири години граѓаните многу не го почитуваат, вели раководителот на Општинскиот комунален инспекторат, Танас Танасоски. Оваа сума не е реална...
Манифестацијата „Водици 2013“ со почесен строј и охридска гарда
Post Views: 298 На манифестацијата „Водици“ да има почесен строј и охридска гарда. Ова е идеја на здружението „Богојавление“ која датира уште од поодамна, но досега не е реализирана. Потпредсадателот на ова здружение, Митко Пендов вели дека заедно со Министерството за култура и Локалната самоуправа имаат намера да распишат конкурс за униформа на охридска гарда која ќе биде препознатлива и ќе ги содржи симболите на Охрид низ вековите. Оваа гарда би се користела и за други манифестации кои ќе се одржуваат во градов. Ова здружение подготвува и други новини со кои ќе привлече гости...
Жителите на Горно Лакочереј конечно добија вода за пиење
Post Views: 378 Жителите на Горно Лакочереј конечно добија вода за пиење. После речиси три години голгота, низ нивните чешми потече течноста што живот значи. 176 домаќинства, колку што има во ова село сега се приклучени на градскиот водовод. Синоќа кога потекла водата низ славините за нив било вистински празник, вели Климе Тренески, претседателот на МЗ Горно Лакочереј.Тренески потсетува дека овој проблем започнал откога биле исклучени од водоводот од кој се снабдувале, а е во сопственост на Емо. Мештаните години наназад барале решение за нивниот голем проблем, па дури самоиницијативно...
Свечено пуштен во употреба патот од Лескоец до Скребатно
Post Views: 408 Премиерот Никола Груевски денес свечено го пушти во употреба патот од Лескоец до Скребатно. Овој локален пат со должина од 8км е изграден со средства од Владата во висина од 25 мил. Денари. Груевски истакна дека сега сите граѓани кои живеат во овој дел од Општина Охрид како и сите намерници кои го посетуваат манастирот Св. Богородица во Скребатно не ќе мора да газат во кал и прашина бидејќи е изграден еден широк и модерен пат кој ќе го користат многу години.Премиерот потенцира дека ова не е единствен локален проект во кој со финансиски средства учествува Владата...
Пред очите на охридската и пошироката јавност е ставено непроценливо богатство
Post Views: 260 Пред очите на охридската и пошироката јавност е ставено непроценливо богатство. Во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ е отворена нова галерија на икони во која е изложена постојана поставка на автохтони иконописни дела. Презентирани се 48 икони, како и неколку црковни и богослужбени книги. Поставката содржи неколку икони од 18 век, но преовладуваат икони од 19 век и неколку икони од самиот почеток на 20 век,вели Отец диме Азески.Најстарата икона датира од 1740 година. Посебно вредни се иконите од Корчанската зографска работилница на Трпо Зограф,...
Во Охрид и Дебрца евидентирани се 600 социјално загрозени семејства
Post Views: 385 Во Охрид и Дебрца евидентирани се 600 социјално загрозени семејства. Ова го покажуваат податоците на Центарот за социјална работа. Поради строгите критериуми за доделување еднократна или постојана помош, бројот на евидентирани семејства според центарот во последните пет години се намалува, но се поголем е бројот на семејства кои бараат помош во охридскиот Црвен крст.Кај нас постојано доаѓаат луѓе кои бараат помош, некои од нив и не се евидентирани во списоците на Центарот за социјална работа поради строгите критериуми. Доколку сме во можност им даваме еднократна...
Четири години празни ветувања
Post Views: 238 И после четири години од дадените ветувања дека на просторот на некогашната библиотека ќе се гради плоштад, нема ништо на повидок. Локалната самоуправа и Заводот за заштита на спомениците уште тогаш започнаа реализација на заеднички проект за овој дел од градот. Во планот е предвидено овој простор да биде оплеменет со зеленило и клупи за седење како охриѓани би добиле едно пријатно катче за одмор. Вие знаете дека Советот изгласа и изградба на споменик на Христо Узунов кој ќе биде поставен токму на ова место. Постојано сме во комуникација со директорката на Завод и...
Производството на органска храна во Македонија срамежливо расте
Post Views: 254 Македонија има потенцијал за развој на органското производство но тој се уште не е доволно искористен, велат екологистите. Иако бројот на органските производители се зголемува во последните неколку години, сепак станува збор за слабо развиена дејност во споредба со светскиот просек.Минатата година органската храна се произведувала на илјада педесет и пет хектари што е многу малку од вкупно обработливата површина во Македонија, вели Владимир Џабирски, поранешен претседател на Здружението на екологисти на Македонија. Во државава регистрирани се вкупно 250 фармери, производители...
Охрид, град на раскопани тротоари
Post Views: 262 Добре дојдовте во Охрид, градот на УНЕСКО, но и на раскопаните тротоари. Западниот влез во градов воопшто не асоцира дека влегувате во некој туристички центар туку како да сете стигнале во некоја селска населба. Трње од сите страни на патот, раскопани тротоари и прашина, се жалат граѓаните кои токму таму живеат. Тие велат дека сликата не е изменета повеќе од 20 год. Миле Кипариз, наш сограѓанин кажува дека веќе 16 години живее во овој дел од градот и ништо не е изменето освен што се ставил асвалт на детското игралиште близу до стамбените згради. На тротоарите пак не...
Започнуват градежните зафати на комплексот Плаошник
Post Views: 332 За една недела започнуват градежните зафати на комплексот Плаошник. По двегодишно тапкање во место, работотеконечно ќе мрднат од мртва точка.Новиот изведувач охридската фирма Митан Пром ќе треба да го реализира проектот онака како што беше замислен. Проектот „Плаошник“ предвидува околу 23 објекти во кои ќе бидат сместени конзерваторска школа, универзитети, музеј со археолошки наоди, библиотека со околу 100.000 наслови, а се предвидува тука да биде седиштето на галеријата со икони, Македонскиот институт за хуманистички науки, монашки простор наменет за свештени лица,...