Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 15 Работниците од Емо повторно со марш низ охридските улици го искажаа своето незадоволство. Со познатите барања исплата на заостантите 40плати и приоднеси бараат од владата да го реши нивниот егзистенцијален проблем. По трет пат за кратко време алармираат за тешкиот статус во кој се наоѓаат веќе неколку години и се во тешка финасиска ситуација. За нивниот проблем се оглушуваат сите институции па дури и национални медиуми молчат, не ги пренесуваат нивните маки, кажа револтирано Боро Настоски еден од вработените кој беше дел од штрајкувачите. „30 години имам...
„Твоето лице ми звучи непознато“
Post Views: 8 „Твоето лице ми звучи непознато“. Во саботата во Центарот за култура „Григор Прличев“ се оджа овој невообичаен концерт организиран од охридските гимназијалци. Самиот настан беше замислен како варијација на познатото телевизиско шоу „Твоето лице звучи познато“. Идејата била на професорот по музичко Александар Димоски и на самите ученици, а во организацијата активно се вклучила директорката на гимназијата, Вера Јовческа. Се подготвувале повеќе од еден месец. Во улога на музички ѕвезди беа самите гимназијалци претежно оние кои се дел од хорот кои изведуваа домашни и...
Охриѓани незаинтересирани да учествуваат во јавната расправа на нацрт развојните програми за 2015та
Post Views: 10 Охриѓани незаинтересирани да учествуваат во јавната расправа на нацрт развојните програми за 2015та. Денес тие имаа можност да прашуваат, да сугерираат и да бараат од службите во локалната во буџетот за наредната година да предвидат средства за решавање на некои проблеми од сферата на комуналниот развој, сообраќајот, образованието, културатра или урбанизмот, кои за нив преставуваат приоритет. Но малата сала во општината остана празна. Освен двајца сограѓани и преставници од секторите и секретарот на општината немаше никој друг. Секретарот Димитар Спасески не беше...
Свечено отворен ново изградениот плоштад во населбата Рача
Post Views: 8 Денес жителите на населбата Рача добија убаво уреден плоштад. Со тоа нивната долгогодишна желба се исполни. Плоштадот зафаќа површина од 520 метри квадратни и се наоѓа на место кое порано ја нагрдувало населбата и преставувало вистинска депонија каде се одлагал градежен шут и друг вид на отпад. После неколку месечна работа за релативно брзо време успеавме да го уредиме ова место во едно убаво карче во кое граѓаните од оваа населба ќе имаат можност да се рекреираат и да се одмараат, а децата да се забавуваат, рече градоначалникот Никола Бакрачески. Тој додаде дека...
Дали поради отстранувањето на времените објекти ќе згснат многу семејни бизниси
Post Views: 7 Времените објекти низ градов дел отстранети, а дел не. Веќе половина година трае акцијата која ја презеде локалната за отстранување на овие градби од времен карактер од атрактивните локации во централното градско подрачје. Дел од сопствениците на времените објекти кои сеуште не се отстранети а кои редовно ги подмирувале давачките кон државата и локалната сметаат дека до тоа воопшто нема да дојде. Некои сопственици пак се на мислење дека поради тоа што објектот континуирано работи нема да биде отстранет. Се тешат дека локалната досега ги отстранила само оние што биле...
Охрид ќе добие ново зелено катче и детски парк
Post Views: 9 Охрид ќе добие ново зелено катче и детски парк. Започна уредувањето на просторот во непосредна близина на основното музичко училиште. Ова е дел од програмата на Локалната чија цел е да ги оплемени деловите на градов кои досега биле грда слика на Охрид.Локалната самоуправа заедно со јавните претпријатија од сопствени средства ќе изградат еден современ плоштад како оние што ги направивме во изминативе две години кај некогашната библиотека, кај Влашка маала, а во петок свечено ќе го пуштиме во употреба плоштадот што го направивме во Рача, рече градоначалникот на...
Локалната ќе распишува трет тендер за јавно приватно партнерство за изградба на современ градски пазар
Post Views: 14 Локалната ќе распишува трет тендер за јавно приватно партнерство за изградба на современ градски пазар. По пропаѓањето на вториот повик општината планира да ја измени физибилити студијата и проектната документација во консултација со стручните служби, но и со амин од Советот на Општина Охрид се со цел конечно да се најде партнер кој ќе инвестира во овој капитален проект.Јас сум уверен дека ќе успееме да најдеме партнер, но секако како одговорна локална власт доколку не најдеме партнер под оние услови кои ќе ги зацртаме и доколку физибилити студијата не покаже...
Реакција на ВМРО ДПМНЕ на соопштението на ВМРО НП
Post Views: 2 Очигледно членовите од ВНРО-НП не знаат што им се случува во родниот Охрид па затоа им укажуваме дека до сега постоечките тезги за продажба на честитки и новогодишни реквизити уште во теков на денешниов ден се заменуваат со нови дрвени, добро уредени и покриени. ВМРО- ДПМНЕ со доаѓањето на локална власт измени многу работи. Почитувајќи ги законските правила и норми локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира многу проекти, се градат патишта ,тротоари. Се гради фекална и атмосферска канализација. Се градат плоштади, спортски терени и...