Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 383 Колку пари толку музика. Министерството за култура воведува такса за пуштање музика. Неа ќе ја собира новоформирана организација на македонската музичка индустрија ММИ каде членуваат музички продуценти и изведувачи. Новата давачка ќе треба да ја плаќаат хотелите, рестораните, пицериите, кафетериите, сендвичарите и сите останати субјекти каде се пушта музика. Хотелиерите реагират дека во ова време на економска криза кога повеќето од нив се на работ на економска оправданост секој денар е важен. Тоше Чочоровски, директорот на хотел „Силекс“ вели дека постојано се носат...
Кој ќе биде кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ?
Post Views: 473 Остануваат уште три дена за аплицирање за кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ. До први септември треба да бидат поднесени апликациите по што следува нивно разгледување од Извршниот комитет, а оние кои ќе влезат во најтесниот круг ќе имаат разговор во четири очи со претседателот на партијата, Никола Груевски. Многу имиња се вртат како можни кандидати за првата фотеља во Охрид, но четворица од нив се најсигурни, вели претседателот на Општинската организација на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Тој не сакаше да открие за кого точно станува збор, но меѓу...
Жителите од улицата „Прва Македонска бригада“ повторно без вода
Post Views: 413 Радоста на жителите од улицата „Прва македонска бригада“ траеше кратко. Само што се понадеваа дека и тие како и останатите граѓани конечно ќе имаат доволна количина вода за секојдневните потреби, оваа течност што живот значи, многу слабо или воопшто не течи низ нивните славини. Лилјана Богоевска, жител на оваа улица вели дека соседите се испокарале меѓу себе поради водата. Еден за да вклучи бојлер или да се капи другиот мора да нема воода, вели таа. Животот ни се претвори во кошмар, додава изреволтирано Богоеска.Жителите од оваа улица кажуваат дека директорот на...
Идеално време за стомачни вируси
Post Views: 436 Летото е на заминување, но стомачните вируси карактеристични за ова годишно време токму сега го достигнуваат пикот . Статистиката покажува дека тие се најзастапени токму во месец Август. Најчестите симптоми на ова заболување се грчеви во стомакот, 5 до 6 водени столици во текот на денот, гадење, нагон за повраќање, а многу често овие вируси знаат да бидат пропратени и со висока температура. Од Центарот за јавно здравје велат дека од почетокот на јуни па до денес има 40 пријави за заболени од стомачен вирус. Но ова не е реалната бројка, велат од таму. Објаснуваат...
Дали Охрид ќе си го добие својот локален културен бренд?
Post Views: 464 Во Охрид нема културна манифестација која целосно е под капата на Локалната самоуправа и која е препознатлив бренд за градов. Иако, посебно во летниот период секојдневно се случуваат некакви фестивали, било фолклорни или забавни, а за вистина на волјата не е мал бројот и на концертите на разноразни пеачи од секаков калибар, на градов преку му е потребна една манифестација која ќе го отсликува Охрид и неговото градско пулсирање. Секоја чест и респект кон полувековното постоење на фестивалот Охридско лето и Балканскиот фестивал, но тие се финансирани од страна на државата....
Кој и како лови во матно?
Post Views: 452 Велосипед агенции. Ова е терминот кој охриѓани масовно го користат, а се однесува на мобилните посредници помеѓу приватните станоиздавачи и гостите. Ваквите дилери многу често се среќаваа по охридските улици и ова лето. Дeл од станоиздавачите со кои контактиравме а кои сакаа да останат анонимни велат дека им нанесуваат голема штета затоа што тие всушност ја дикрираат цената за сместување. Само за пример, ако по кревет станоиздавачите бараат 300 ден., посредниците бараат 350 од кои 50 денари се провизија за нив. Оваа појава им е добро позната на општинските инспектори.Раководителот...