Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 6 Матурска вечер во Италија. Оваа идеја е на учениците од четврта година во гимназијата Св. „Климент Охридски“ и на нивните родители. Средношколците изработиле анкета која ја спровеле меѓусебно и на која повеќе од 70% се изјасниле позитивно за оваа идеја. Зелено светло за ваков начин на славење на матурската вечер дале и родителите и тоа дури 82% од анкетираните. Веќе е формиран и стручен тим составен од класните раководители од четврта година, од директорката и стручната педагошка службаза спроведување на оваа идеја. Во рок од една недела директорката треба да...
Младите од Охрид се едуцира како да го користат правото за слободeн пристап до информации од јавен карактер
Post Views: 9 Средношколци и студенти од Универзитетот за информатички науки и технологии „ Св. Апостол Павле“, денес се едуцира како да го користат правото за слободниот пристап до информации од јавен карактер. Во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и општина Охрид, се одржа работилница на оваа тема. На работилницата, претставници од Комисијата ги запознаа учесниците со содржината на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер и искуствата од неговата примена. Тие...
Охрид се подготвува за дочекот на новата година
Post Views: 5 Локалната се подготвува за новогодишните празници. Распишан е тендер за украсување на градов кој треба да заврши до 1ви декември. До празникот Св, Никола градов треба да светне во новогодишно руво. Празничната атмосфера ќе биде збогатена и со голем број настапи од локални уметници, а нема да бидат изоставени и најмладите. Во програмата ќе бидат вклучени детските градинки и училиштата со своите секции како и музички таленти од Основното музичко училиште „Методи Патче“. Од локалната ветуваат дочек на новата година за паметење кој ќе се организира на градскиот...
Продолжен рокот на огласот за субвенционирање на комуналните трошоци
Post Views: 4 Продолжен рокот на огласот за субвенционирање на комуналните трошоци. Причина за тоа е зголемениот интерес на граѓаните на општина Охрид кои своите барањата можат да ги поднесат заклучно со 05.12.2014 година. Вкупниот износ на субвенцијата изнесува 600 денари месечно за секој корисник и ќе биде составена од четири компоненти: покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 250 денари, покривање на трошоците за одведување на отпад до 150 денари, покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари и покривање на трошоците за плаќање...
„Сите кон Свети Климент“
Post Views: 10 „Сите кон Свети Климент“. Вака е насловена свечената поворка која ќе се организира во очи големиот празник, патронот на Охрид-Св. Климент Охридски. Граѓани, преставници на локалната, преставници од советот и гости ќе бидат дел од процесијата која ќе започне на 7ми декември во 20 часот од градскиот плоштад. Со факели и свеќи во рацете поворката ќе се движи по стариот дел на градот се до црквата на Св. Климент на Плаошник. Таму ќе биде оддадена почит на светецот, заштитник на градот и ќе биде одржан говор.Симболикатакако што е и самото име на анстанот е да сме сите...
Екс градоначалникот и неговите соработници правеле малверзации околу јавните набавки
Post Views: 15 Поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески и уште 13 други лица меѓу кои поранешни раководители на сектори во локалната самоуправа, соработници и сопственици и управители на фирми, уапсени денеска во акцијата Јагула на МВР. Едно лице е надвор од државата, а за едно се преземаат активности за негово лишување од слобода. Вкупно 16 лица се товарат за повеќе кривични дела меѓу кои злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба, перење пари, фалсификување или оштетување деловни книги, оштетување или повластување на доверители, примање поткуп и...
Потрошувачките спорови можат да се решат со помош на медијатор
Post Views: 9 Потрошувачите кои не се задоволни од квалитетот на купената стока и кои започнале потрошувачки спор истиот можат да го решат со помош на медијатор. Уште во декември минатата година е донесен закон за медијација, но досега многу мал број граѓани ги искористиле услугите на медијаторите.Граѓаните се многу малку запознаени со оваа можност за решавање на потрошувачките спорови па целта ни е да ги информираме да си го користата ова право, вели Вангел Спироски, претседател на советот на потрошувачи на Општина Охрид.Спироски објаснува дека медијаторите се луѓе овластени од...
Охрид нема да аплицира на конкурсот за град на културата во 2015та година
Post Views: 6 Охрид нема да аплицира на конкурсот за град на културата во 2015та година. Локалната смета дека градов нема потреба да конкурира на оваа манифестацијата која ја организира Министерството за култура бидејќи Охрид сам по себе е град на културата и не може да биде ставен во ист кош со останатите градови во Македонија.Охрид треба на повисоко ниво да ги промовира своите историски и културни вредности . Тоа е главната причина зошто не учествуваме на конкурсот, а од друга страна во градов во летниот период има толку културни настани што нема потреба да аплицираме на една...