Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

турција

Промотивните тури најефикасен начин за развој на туризмот

Post Views: 51Промотивните тури еден од поефикасните начини за развојот на туризмот. Рекламата од уста на уста и познатата девиза „јас бев, оди и ти“ се покажува како најефикасна. Непосредниот контакт помеѓу домицилната земја и потенцијалните туристи носи најмногу гости, велат туристичките работници. Од Агенцијата за промоција и подршка на туризмот потенцираат дека покрај учеството на саемите се повеќе се применува овој начин на промоција.Овој начин за разлика од саемите каде има поголем број агенции е поефикасен бидејќи има можност повеќе време да им се посвети на заинтересираните и на...

Продолжи со читање

ekonomsko

Средното општинско училиште Св. „Кирил и Методиј“ ќе се осовременува

Post Views: 53  Средното општинско училиште Св. „Кирил и Методиј“ ќе се осовременува. Директорката Славица Костоска вели дека откога оваа пролет се донела одлука на Совет средното економско училиште да  се издвои од Гимназијата Св. „Климент Охридски“, вработените се зафатиле со активности за создавање подобри услови за работа. Уште во летниот период со помош на спонзори биле преадаптирани неколку простории во училници.Просторните услови сега засега ги задоволуваат потребите, но со цел модернизација на наставата планираме и изработуваме проекти. Еден од нив е за поставување нова дограма на...

Продолжи со читање

saem

Невработени охриѓани, студенти и ученици денеска го посетија првиот Саем за вработување

Post Views: 57Голем број невработени охриѓани, студенти и ученици денеска го посетија првиот Саем за вработување кој одржа во Спортскиот центар „Билјанини Извори“ со надеж дека ќе најдат вработување или ќе остварат контакт со некој потенцијален работодавач. Саемот се одржа  во организација на  Агенцијата за вработување на Република Македонија. Караванот Саеми за вработување има за цел да ги доближи понудата и побарувачката на труд, со што се влијае како на информираноста на граѓаните за можностите за кариера, така и за увидот кој компаниите го прават на пазарот на труд.  Се надеваме дека...

Продолжи со читање

src biljanini izvori

Јавното претпријатие „Билјанини извори“ утре ќе добие струја, тврди директорот Ристе Мише

Post Views: 59Директорот Ристе Мише вели дека тоа е поради заостанатите долгови кое ова претпријатие ги плаќа кон доверителите. Тој кажа дека се во преговори со ЕВН и дека по се изгледа од утре повторно ќе имаат струја.Во интензивни разговори сме со ЕВН и мислам дека ќе најдиме заедничко решение и дека утре ќе добиеме струја. Ќе се одржат и заќажаниот натпревар во ракомет и саемот за вработување кој треба да се одржи во петок, изјави Ристе Мише, директорот на ЈП „Билјанини извори“. {loadposition content9}

Продолжи со читање

grigor prlicev

Дали ќе има настава во ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 56Голема е веројатноста дека учениците од УО „Григор Прличев“ наредните денови нема да одржуваат настава. Проблемот со исклучената струја од страана на ЕВН поради неплатениот долг на училиштето не ќе може така брзо да се реши. Градоначалникот Никола Бакрачески рече дека општината прави напори да не дојде до тоа, но проблемот е од пошироки размери. Локалната има пари да го покрие долгот на училиштето према ЕВН, но не може тоа да го стори поради блокираната сметка на училиштето заради заостанат долг поради имотно правен спор кој се води повеќе од 25год. Бакрачески рече дека...

Продолжи со читање

ohrid

Охрид заедно со Пловдив ќе развива образовен туризам

Post Views: 56Охрид заедно со Пловдив ќе развива образовен туризам. Овие два града веќе работат на создавање пакет аранжмани за учениците, студентите и професорите кои ќе можат да патуваат во Македонија и Бугарија и да се запознаат каков е образовниот систем во овие две земји. Идејата ни е сите училишта кои го носат името на Св. Климент Охридски заедно со универзитетот во Софија да можат да испратат ученици и професори во Охрид во посета на училиштата кои тука се викаат Св. Климент Охридски. На овај начин нашите ученици ќе ги видат убавините на Охрид , а вашите ученици на Пловдив и...

Продолжи со читање

blinker

Белвицата, крапот и плашицата од денес ќе можат да се купуваат по пониски цени

Post Views: 159Белвицата, крапот и плашицата од денес ќе можат да се купуваат по пониски цени. Концесионерот на Oхридското Езеро „Пастрмка 2012“ по повод претстојните православни празници и слави ја намали цената на овие видови риба кои охриѓани најчесто ги купуваат. Белвицата ќе се продава по цена од 250 денари за килограм, додека килограм крап ќе чини 200 денари, а килограм плашица 60 денари. Концесионерот на Охридското Езеро, Ристе Танасоски вели дека задоволни се од уловот и дека за овие две години од кога стопанисуваат со езерото многу е подобрена состојбата со рибниот фонд.Ние како...

Продолжи со читање

sostanok

Локалната воспоставува комуникација со охридските компании

Post Views: 55Градоначалникот Никола Бакрачески денес во посета на компанијата ЛТХ Леарница. Тој се запозна со целокупниот процес на работа на оваа компанија во која се произведуваат алуминиумски авто делови. Бакрачески изрази задоволство што оваа компанија е во стоте најуспешни во државава , а се наоѓа на дваесетто место по обемот на извоз.За нас како Локална самоуправа преставува особена гордост  да се соработува со оваа компанија која покрај тоа што има вработено 430 лица од кои најголем дел се охриѓани има кооперативни врски со  неколку локални компании и преставува значајна алка во...

Продолжи со читање