Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

„На секое дете му треба семејство“

Post Views: 195 Охриѓани и туристите денес одблиску можеа да се информираат што е тоа згрижувачко семејство. На градскиот плоштад беше промовирана кампањата „На секое дете му треба семејство“ од страна на охридскиот центар за социјални работи, претставник од УНИЦЕФ и Локалната самоуправа. Кампања на министерството за труд и социјална политика која ги мотивира македонските граѓани да згрижуваат деца тече од први јуни. Неим Сулејман, в.д. директор на охридскиот центар за труд и социјална политика, информира каков е досегашниот ефект од оваа кампања во Охрид. Досега имаме само една...

Продолжи со читање

Педалинките и ова лето опасност за капачите

Post Views: 182 Викендов за влакно избегната несреќа во водите на езерото. Пет девојчиња кои биле качени на педалинка ќе настрадале во близина на плажата Немо. Педалинката потонала, а тие за среќа успеале да испливаат до брегот. Само две од нив имале елеци за спасување, а на оваа плажа нема ангажирани спасители на вода. Имаме доста интервенции на педалинки кои не се технички исправни, кои имаат одредени недостатоци и кои лесно потонуваат и кои се издаваат и на лица кои не се пливачи и на лица кои се малолетни, а и на поголем број на лица отколку што е капацитетот на самата педалинка,...

Продолжи со читање

Поствулканската појава Дувало ќе стане туристичка атракција

Post Views: 184 Поствулканската појава Дувало ќе стане туристичка атракција. Оваа идеја датира одамна но сега во тек е имплементација на проектот „Дувало“ : од предизвик до решение – Промоција и заштита за одржлива заедница”. Основна цел на проектот е да се подигне степенот на заштита и промоција на природната рекост „Дувало“ преку вклучување на локалната заедница. „Дувало“ претставува активна поствулканска појава која се наоѓа во непосредна близина на селото Косел, недалеку од Охрид. Има изглед на минијатурен кратер со пречник од 0,5м и длабочина од 30см. „Дувало“ претставува...

Продолжи со читање

Угостителските објекти ќе работат уште еден час подолго

Post Views: 190 Угостителските објекти ќе работат уште еден час подолго. Советот на општина Охрид на денешната седница ја прифати предложената одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти. За 1 час ќе биде продолжено времето овој месец и тоа во деновите:20,21,26,27 и 28ми јули. Во август угостителите ќе работат еден час подолго 13 дена ( 02,03,04,10,11,13,17,18,24,25, 26,28 и 31.08.2018 година) , во септември 3 дена и тоа 01,07 и 08ми септември, исто така и на 11ти октомври и на 07,08, и 09 декември годинава. Советниците за 2 часа го продолжија работното...

Продолжи со читање

Се поставуваат рампи кај Горна порта и во непосредна близина на поштата

Post Views: 198 Се поставуваат рампи кај Горна порта и во непосредна близина на поштата. Ова е со цел да се растерети и да се регулира сообраќајот во централното градско подрачје и во стариот дел на градот. Од Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта велат дека засега ова е најприфатливото решение бидејќи сите направени сондажи покажале дека овој дел од градот посебно во летниот период е најоптоварен со сообраќај. Неминовно беше тоа решение овој дел да се затвори за сообраќај, но граѓаните кои живеат во староит дел на градот да имаат можност да се движат со своите автомобили,...

Продолжи со читање

Се е подготвено за отварањето на 58 то издание на фестивалот „Охридско лето“

Post Views: 211 Се е подготвено за отварањето на 58 то издание на најголемата и најреномирана музичко сценска манифестација во земјава, фестивалот „Охридско лето“. Завршени се сите подготовки за оваа Национална установа да биде достоен домаќин на бројните уметници и вљубеници во уметноста. Во претстојните 40 дена пред бројната фестивалска публика ќе продефилираат повеќе од 800 музички и театарски уметници од 27 држави од Европа и целиот свет. Честа да го отвори годинешното фестивалско издание и припадна на романската оперска дива Елена Мошуц, која во четврток, 12 јули, на Античкиот...

Продолжи со читање

80 обучени спасители летово ќе се грижат за безбедноста на плажите

Post Views: 221 Охридските капалишта обезбедени со спасители на вода. Општинскиот Црвен крст ова лето ангажира 80 обучени спасители кои ќе се грижат за безбедноста на плажите в долж Охридско-Струшкото крајбрежје, а и на Преспанското езеро. Ќе се ставени во функција пет спасителни чамци , а ќе бидат ангажирани и екипите на парамедици. Се надеваме дека нема да имаме некои посериозни инциденти бидејќи и спасителите делуваат и превентивно со самите капачи, а концесионерите секако треба да ги следат сите инструкции, препораки и насоки кои што ги даваме, а кои се потребни за да го обезбедат...

Продолжи со читање

„Спорт и култура иднината на регионот“

Post Views: 178 Младите и спортот. Со цел што повеќе млади луѓе да се стимулираат и да спортуваат ЈП „Билјанини извори“ прави напори за подобрување на условите за тренирање како и овозможување натпревари каде спортистите ќе можат да си ги одмерат силите. Неодамна преку ТЛЕР ова претпријатие аплицираше за добивање средства од европските фондови за реализацијата на проектот „Спорт и култура иднината на регионот“, активност која е поддржана и финансирана од SWG Regional Rural Development Standing Working Group of South Eastern Europe. Проектот е прифатен, а средствата кои се одобрени...

Продолжи со читање

Јубилејно, петто издание на „Вдиши театар“

Post Views: 206 Јубилејно, петто издание на „Вдиши театар“. Денес со преставата „Во фиока“ во изведба на актерската група на општинскиот Црвен крст, се отвара фестивалот на аматерската глума со што започнува и културното лето во Охрид. Овој фестивал од година во година станува собиралиште на се поголем број млади талентирани деца кои под палката на неколку волонтери од Црвен крст прават престави за паметење. Целта на овој театарски фестивал е да се поттикнат младите да го искористат својот театарски потенцијал, да креираат театарска игра и да прикажат театарски престави. Фестивалот...

Продолжи со читање

Охриѓанката Ајше Хасан е една од најталентираните интелектуалци во светот

Post Views: 386 Охриѓанката Ајше Хасан е една од најталентираните интелектуалци во светот. Оваа матурантка од колеџот Јахја Кемал го понесе македонскиот тим на врвот со четири златни медали во четири категории на Светскиот натпревар „Талентирани интелектуалци“ што од 20 до 23 април годинава се одржа во Кембриџ, Англија. Тие се натпреварува со млади таленти од 40 земји од Европа, Азија, Африка ,Америка и Австралија. Хасан кажува дека со работа и труд се е возможно па дури да се освои и светот. Таа иако доаѓа од скромно семејство без некои големи материјални можности никогаш не престанала...

Продолжи со читање

Охрид станува единствен по уште едно уникатно дело

Post Views: 199 Охрид станува единствен по уште едно уникатно дело. Археологот и конзерватор Никола Упевче со огромна љубов, трпение но и знаење изработи мозаик со мапа на кој е преставено старото градско јадро. Тоа не е само уметничко дело пред кое посетителите ќе се воодушевуваат туку оваа мапа е направена со таква прецизност и точност што ги опфаќа сите важни културно историски знаменитости со нивните карактеристики и скриени пораки. Упевче вели дека тој што ќе може да ја протолкува мапата ќе може многу да дознае за градот односно за двата града кои постоеле на овие простори,...

Продолжи со читање

Улиците претворени во паркинг

Post Views: 216 Речиси на сите улици во центарот на Охрид ќе се наплаќа за паркинг и тоа не само за време на летната сезона туку во текот на цела година. Со воведувањето на новиот смс систем на наплата на паркинзите се воведуваат и овие новини од кои охриѓани ги заболе глава. Поголемиот дел од граѓаните веста ја дочекаа како измени кои ќе важат само во летниот период, но од локалната им ги скратија надежите. Со оваа одлука се очекува да се намали сообраќајот во централното градско јадро, односно непотребното користење на моторни возила или заземање на јавните паркинг површини преку...

Продолжи со читање