Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

СВР Охрид го одбележа 7ми мај

Post Views: 6 Денот на безбедноста и македонската полиција – 7 Мај одбележан и во СВР Охрид. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот Константин Георгиески кој го истакна значењето на полицијата за безбедноста на државата и градот и уште еднаш ја потенцира сложеноста на овој позив.Вие сте тие кои гарантирате безбедност и сигурност за сите граѓани во едно општество, а наша е обврската во рамки на своите надлежности да обезбедуваме услови и да ги поддржиме Вашите проекти. Соработката меѓу општина Охрид и полицијата секогаш била добра, а така ќе биде и во иднина. Сите заедно...

Продолжи со читање

Охрид обоен и во сино и во црвено

Post Views: 14 Охрид обоен и во сино и во црвено. Синоќа во вториот круг од предвремените локални и од председателските избори, резултатите спротивни. Изборната трка за градоначалник ја доби кандидатот на СДСМ д-р Константин Георгиески, додека на локално ниво на изборите за претседател на државата во Охрид победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова.На вонредните избори за градоначалник Георгиески освои 16.523 гласа, а неговиот противкандат од ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски 12.668. Својата воља ја искажале вкупно 30 397 гласачи, а излезеноста беше...

Продолжи со читање

Дебата

Post Views: 9 За проблемите со кои се соочува градот и охриѓани како и за можните решенија содржани во изборните програми дебатираа кандидатите за градоначалник на Охрид, Стевче Стевоски од Демократи, Михаил Трендафилов Нанче од ГДУ, д-р Константин Георгиевски од СДСМ и д-р Митре Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ. Четворицата од вкупно пет кандидати кои ја прифатија поканата за учество во дебатната емисија на Телевизија ТВМ пред присутните граѓани во салата на центарот за култура Григор Прличев и гледачите на ТВМ ги спротиставија своите ставови и мислења на повеќе актуелни теми. Пред...

Продолжи со читање

Стевоски: Денешниот ден нема да биде ист со утрешниот и ќе дојдат подобри времиња

Post Views: 10 Денешниот ден нема да биде ист со утрешниот и ќе дојдат подобри времиња, ова е животното мото на Стевче Стевоски, кандидатот за градоначалник на Охрид од партијата Демократи. Стевоски основно образование завршил во ОУ „Св. Наум Охридски„ во Пештани, средно полициско училиште завршил во „Елисие Поповски- Марко“ во Скопје по што, во 1987година се вработил како милиционер. Вонредно завршил факултет за безбедност и се стекнал со звање дипломиран правник криминалист на Факултетот за безбедност во Скопје. Желбата за оваа професија ја имал од најмали ноѕе бидејќи...

Продолжи со читање

На две основни училишта и на општинската зграда поставени сончеви колектори

Post Views: 9 Заврши проектот за поставување фотоволтаични системи на две основни училишта и на општинската зграда. Сончевите панели во површина од 100 метри квадратни кои ќе даваат енергија од 15 киловати, веќе се монтирани на училиштето Живко Чинго во с. Велгошти, Св. Наум Охридски во с. Пештани и на зградата на Општина Охрид. Останува уште некои поситни технички работи да бидат завршени за да почне нивното користење. Наскоро ќе имаме производство на електрична енергија во двете училишта и во општина Охрид и тоа чиста електрична енергија добиена по еколошки пат, Томе...

Продолжи со читање

Реконструкција на плоштадот „Крушевска Република” содржи програмата на кандидатот Константин Георгиески

Post Views: 10 Реконструкција на плоштадот „Крушевска Република” како едно од најрепрезантативните места во Охридското централно подрачје, дел од предизборната програма на Константин Георгиески, кандидат за Градоначалник на СДСМ и коалицијата. Сегашниот изглед со целокупната инфраструктура, постоечката фонтана и урбаната опрема на овој плоштад не се на задоволително ниво и истите се во лоша состојба, па оттука се јавува потреба од нивно реконструирање, рече Филип Јовановски од ВМРО НП, кој го презентираше проектот. Уредувањето на овој плоштад ќе придонесе за создавање поубав...

Продолжи со читање

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се сретнаа со туристичките работници

Post Views: 13 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Охрид, Митре Милошевски денес се сретнаа со туристичките работници. Како што кажа Мицкоски целта на средбата била да се поразговара со нив за се она што во минатото било успешен проект, а и да се чујат предлози што во иднина би ја зголемиле и подобриле туристичката понуда на Охрид.Што можеме ние како идна локална властТука во Охрид да понудиме ново што ќе додаде вредност во процесот на привлекување туристи, зголемување на квалитетниот туризам во градот, но и во земјата во целост. Ќе...

Продолжи со читање

Почина познатиот охридски историчар на уметност, Гоце Ангеличин Жура

Post Views: 14 Синоќа на 67-годишна возраст почина познатиот охридски историчар на уметност, Гоце Ангеличин Жура.Роден е 1951 година. Основно и средно образование завршил во Охрид, а дипломирал на Филозофскиот факултет, група Историја на уметност со археологија, прва генерација. Работниот ангажман го започнал во Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид, со звање советник конзерватор каде останал до самото пензионирање. Жура посебно се истакнува како основоположник и втемелувач на теренските истражувања на пештерските цркви и монашки живеалишта во...

Продолжи со читање