Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

sud

Охридскиот суд денес ширум ги отвори вратите за граѓаните

Post Views: 13 Охридскиот суд денес ширум ги отвори вратите за граѓаните. 25ти октомври е европски ден на граѓанските права кој се одбележува во сите држави во Европа, а целта е правдата да се доближи до граѓаните и тие да бидат запознаени со нејзиното функционирање.Денес им се овозможува средба на сите граѓани заинтересирани преку непосредни контакти да остварат прием и да се запознаат со работењето на основниот суд во Охрид, вели Милчо Клишески, претседателот на основниот суд во Охрид.Претседателот на охридскиот суд е задоволен како истиот функционира и нагласува дека се повеќе...

Продолжи со читање

kafe

Перфектно италјанско еспресо со вкус на лешник и на печено лепче

Post Views: 17 Во Охрид од неодамна може да се пие перфектно италјанско еспресо какво што се подготвува во светот. Дваесетина баристи од регионов четири дена беа на специјални обуки во кафе академијата во Скопје и здружението на баристи  за да ги научат тајните на овој занает. Подготвувањето на кафе и неговото служење преставува цела наука и овај топол напиток без кој многумина не можат да го започнат денот треба да биде подготвен до перфекција. Душко Петровски, еден од баристите кој ги посетувал овие обуки, а кој денес во кафе терасата „Аквариус“ доби и сертификат за тоа, вели...

Продолжи со читање

trgovija so luge

Жртва на трговија со луѓе може да биде секој

Post Views: 14   Младите барајќи подобро место под сонцето и трагајќи по егзистенција многу често се заплеткуваат во пајакова мрежа. Сомнителни лица, фиктивни компании со примамливи ветувања ги тераат да направат непромислен чекор впуштајќи се во опасни авантури така што многу лесно стануваат жртви на трговија со луѓе.Жртва на трговија со луѓе може да биде секој посебно  младите девојките кои се убави и посакувани бидејќи најлесно можат да се продадат. Ништо помал бројот не е и на децата со кои се тргува, вели Анета Јованоска, координаторот на проектни активности во охридскиот...

Продолжи со читање

gradinka

Дечињата во градинките низ државава ќе учат охридски бон-тон

Post Views: 22 Дечињата во градинките низ државава ќе учат охридски бон-тон. Градинката „Јасна Ристеска“ израборила проект во кој е опфатено изучувањето на бон-тонот кај најмладата популација со кој аплицирала до Министерството за труд и социјална политика. Проектот не само што бил прифатен туку министерството решило да биде интегриран во програмата  што треба да се работи во текот на целата година во предучилишните установи. Во тек е изработката на прирачник по бон-тон.Целта е да се збогати однесувањето на децата во секоја ситуација и се надеваме дека ќе постигнеме добри...

Продолжи со читање

seminar

Англискиот јазик во градов се изучува по светски стандарди

Post Views: 15 Наставниците по англиски од градов и регионот се усовршуваат како да ги следат новите трендови во наставата. Денес за таа цел се одржаа две работилници организирани од Британскиот совет и Бирото за развој на образованието. Едната со наслов „Воспоставување добар однос со учениците“, а другата „Прилагодена настава, креирање на своја веб страница„. На ваков начин се придонесува кон подобрување на наставниот процес и изучувањето на англискиот јазик во Македонија, вели Зора Бушоска, советник  за настава по англиски јазик во Бирото за развој на образованието. Искуството...

Продолжи со читање

вмро

Атанаско Михаилов повторно претендент за првата општинска партиска фотеља

Post Views: 12 Актуелниот претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов повторно претендент за првата општинска партиска фотеља.Конкурсот за нов претседател на општинската ВМРО кој беше распишан пред еден месец заврши и сега во тек е втората фаза кога од страна на комисијата  на Извршниот комитет се врши селекција на пријавените кандидатаи . Откога ќе се изберат неколкумина кои најмногу ги задоволуваат поставените барања  одат на интервју кај претседателот на партијата, а за конечниот избор на претседател на ОК одлучува Извршниот комитет. Михаилов речиси пет...

Продолжи со читање

nikola bakraceski

Градоначалникот заигра ракомет и фудбал

Post Views: 19   Градоначалникот Никола Бакрачески денес ги покажа своите афинитети кон ракометот, а и кон фудбалот. Тој промовирајќи ги двете спортски паралелки кои оваа учебна година се отворија во рамките на средното училиште „Ванчо Питошески“ заедно со идните ракометари и фудбалери заигра на теренот. Градоначалникот не го криеше задоволството што токму нашиот град доби можност да едуцира кадри кои подоцна ќе бидат дел од македонските репрезентации кои ќе не преставуваат во светот.–Она што е најважно за нас е што со отварањето на овие паралелки ќе го развиваме ...

Продолжи со читање

drva

Огревното дрво најефтина варијанта за затоплување

Post Views: 19 Од денес официјално започнува грејната сезона. Граѓаните интензивно се подготвуваат за престојната зима набавувајќи огревно дрво. Во складовите привршуваат нарачките за потрошувачите. Дрва има доволно, велат од Македонски шуми. Цената на дрвата е иста веќе неколку години. Сеченица на даб или бука од втора класа со дебелина од 3 до 7 см се продава по цена од 1859ден. Даб од прва класа со дебелина од 7 до 16 см чини 2453ден., а бука од 7 до 16 см е 2371ден. Досега преку стовариштето на Македонски шуми во Охрид продадени се  преку 22 000 просторни метри. Дрвата можат...

Продолжи со читање