Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 7 Од вчера и официјално започна есента, а со тоа доаѓаат и обилните есенски дождови. Граѓаните сугерираат Локалната што поскоро да ги исчисти каналите и речните корита како не би дошло до појава на поплави на некои критични места во градот. Моменталната состојба на каналите и реките е на незавидно ниво. Натрупана земја, чакал, пластична амбалажа и друг вид отпад може да се види во оние кои не се обраснати со бујна вегетација. Од Локалната тврдат дека каналите и речните корита не се во толку лоша состојба.Според она што лани нашите екипи го сработија каналите не се во...
Реакција на Локалната на прес конференцијата на СДСМ
Post Views: 6 Како што се покажа , констатацијата на Градоначалникот дека СДСМ нема да настапи со аргументи на говорницата и дека во деновите по неа, ќе организира прес конференции повторно за жал се покажа како точна и денес како и секогаш од како ќе доживеат фијаско на седниците имаме прес конференција на оваа партија, а вчера на седницата имавме наведнати глави и молк.Во интерес на јавноста и вистината уште еднаш чувствуваме за потребно да ги објасниме поволните услови на овој заем кој исклучиво го добива општина која направила извесен напредок во однос на финансиското...
Реакција на ВМРО ДПМНЕ на прес конференцијата на СДСМ
Post Views: 5 Не поучени од досегашното искуство на национално и локално ниво од СДСМ се повеќе и почесто го допираат дното од кое најверојатно нема уште долго да се кренат доколку и понатака критикуваат се што е добро и на кое вредно и посветено се работи а е во интерес на Охрид и охриѓани. По денешната “бледа“ и вообичаено неаргументирана прес – конференција, бараме од СДСМ јавно да им се извинат на сите охриѓани затоа што со самиот факт што за нив не се битни патиштата , улиците и другите проекти од инфра структурата кои Општина Охрид ќе ги гради со средства од Светска...
ОО на СДСМ прашува; за каква цел е земен кредитот во висина од 127 милиони денари
Post Views: 4 За каква цел е земен кредитот во висина од 127 милиони денари, прашуваат oд општинската СДСМ. Тие бараат од градоначалникот Никола Бакрачески, да каже и дали под капитални инвестиции се подразбира асфалтирање улици и поставување атмосферска канализација кои што се редовна обврска на секоја општина.–Она што дополнително загрижува е фактот дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески кријат колкави камати ќе плаќаат охриѓани за земениот кредит од 127 милиони денари. – За тоа ли граѓаните на Охрид ќе враќаат кредит до 2030 година?, прашува координаторот на...
„Билките на баба Рада“ пред охриѓани
Post Views: 7 Во книгата „Билките на баба Рада“ можат да се најдат многу совети, рецепти и препораки како да се користат билките кои се наоѓаат во природата, а кои можат да ни бидат од животно значење. Промотор е самата авторка познатата баба Рада со која граѓаните ќе можат лично да се запознаат и да поразговараат, вели Александра Белеска-директор ката на НУ библиотека „Григор Прличев“. {loadposition content9}
Кој сака да го занемари Законот за заштита од пушење
Post Views: 9 Летово направени 100 надзори од страна на општинскиот пазарен инспекторат во врска со спроведувањето на Законот за заштита од пушење. На триесеттина прекршители изречени им се казни во висина од 2000 евра за правно лице и 500 евра за физичко лице. Ѓорѓи Бошалески, раководителот на општинскиот пазарен инспекторат вели дека нема отстапување и дека и понатаму ригорозно ќе го спроведуваат Законот за заштита од пушење. Контролите се прават секојдневно и тоа не само по угостителските објекти, туку и во сите трговски и занаетчиски објекти, бутици, продавници и сите...
Почнаа да функционираат двете дисперзирани спортски паралелки
Post Views: 9 Почнаа да функционираат двете дисперзирани спортски паралелки. Министерството за образование заедно со Спортаската академија од оваа учебна година отворија една паралелка за фудбал и една за ракомет во рамките на средното училиште „Ванчо Питошески“. Голем број дечиња се определија своето средно образование да го продолжат токму во овие паралелки, но само триесетина од нив беа избрани од селекторите.Во паралелката за ракомет има десет деца, а во паралелката за фудбал има дваесет и пет.Интересот беше голем но критериумите низ кои поминаа децата беше многу ригорозен....
Започнаа подготовките за проширување на НУ библиотека „Григор Прличев“
Post Views: 4 Започнаа подготовките за проширување на НУ библиотека „Григор Прличев“. Со тоа се реализира одлуката на Владата на РМ донесена уште пред една година, а со која просториите каде моментално функционира НУ фестивал„Охридско лето“ и беа доделени на библиотеката на трајно користење без надомест.Ние изминатиов период распишавме јавен оглас за спроведување тендерскам постапка на која беше избран економски оператор односно фирма која даде најповолни услови и која од комисијата за јавни набавки во библиотеката беше избрана како најдобар понудувач. Фирмата во наредниов период...