Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 6 Се враќаат „Водените лудории“ на охридскиот базен. Игрите ќе се одржат на градскиот базен „Атина Бојаџи“ на 25 и 26 август. Овие игри се организираат во рамките на спортско лето во организација на ЈП Билјанини извори и се под покровителство на општина Охрид. Идејата е да се возобноват некогашните игри кои замреле пред повеќе години. Намерата на организаторите е дружба на младите во Охрид, промовирање на спортскиот и натпреварувачкиот дух, јакнење на тимската работа, вели Наум Јамандиев главен судија и еден од креаторите на игрите.„ Правилата се едноставни ќе им...
IN MEMORIAM
Post Views: 13 По долго и тешко боледување во 75 година од животот почина Маринела Јовановиќ, поранешна директорка на установата библиотека Григор Прличев, писател и публицист од Охрид. Јовановиќ беше активен општествено- политички работник. 4 години беше претседател на Собаранието на здруженеи на пезнионерита на Охрид и Дебрца, член на Сојузот на борци од Охрид. Колегите од Здружението на пензионери одржаа комеморација во спомен на ликот и делото на Маринела Јовановиќ. Телеграма со сочуство по повод смрта на Јовановиќ испрати и Сојузот на пензионери на Македонија....
Поезијата е важна за малите земји
Post Views: 4 Поетите Патрик Котер и Тања Бакиќ се дел од учесниците на овогодинешната Поетска ноќ во Велестово. Покрај нив, на интернационалната вечер ќе се чита поезија и од словенечката поетеса Барбара Погачник. Тие се дел од интернационалната вечер на манифестацијата воведена пред 6 години, а која привлекува силно внимание кај странските поети. Ирскиот поет Патрик Потер е втор пат на оваа манифестација, а за Македонија дознал повеќе од Струшките вечери на поезијата. Тоа е доказ колку поезијата може да биде силно маркетиншко оружје за да се знае повеќе за една земја. Ирска...
Премиера на албанскиот театар со претставата „Предавање“
Post Views: 9 Утревечер премиера на претставата Предавање на албанскиот театар на текст од Мартин Мек Донах. Предавање е приказ на 4 човечки драми. Станува збор за црна комедија од обичното секојдневие. Ова е претстава е слика на времето во кое живееме, со сите недостаоци и проблеми, со сите радости и таги. Црната комедија преку карактерите , преку комична реплика во една трагична ситуација успева да третира и изнесе на површина комична ситуација од најтрагичен начин имајќи во себе вистинско емоционално доживување. Актерите се задоволни што повторно играат претства на...
Се анкетираат гостите и туристичките работници
Post Views: 5 И ова лето туристичките работници, странските и домашните гости , а и граѓаните ќе можат да си ги напишат маките на хартија. ТЛЕР изготви формулар на кој сите субјекти кои се вклучени во туризмот, а и гостите ќе можат да ги стават своите забелешки и да кажат од што се, а од што не се задоволни. Анкетата не е класична со точно утврдени прашања туку секој може да наведе повеќе забелешки доколку ги има.-Генерално анкетните прашалници се исти како и минатата година со мали модификации кои ги направивме врз основа на тековната состојба во туризмот, вели Ѓоко Апостолов од...
Кривични пријави за злоупотреба на службена положба за две лица од Секторот за комунални дејности
Post Views: 3 СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица Е.С.(59), раководител на Сектор за комунални дејности, сообраќај и улици и З.Ш.(48) советник во Сектор за сообраќај во општина Охрид, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во 2006 година, градоначалникот на општина Охрид донел решение за градење на фекална и атмосферска канализација, што требало да поминува низ приватен имот, сопственост на Џ. А. По ова, Е.С. во периодот од 2008 до 2010 година и З.Ш. од 2009 до 2012 година иако знаеле дека имотно правните односи каде што...
Започнуваат уписите на охридските факултети
Post Views: 7 На Факултетот за Туризам и угостителство во Охрид, за четиригодишни универзитетски студии вкупно ќе можат да се запишат 285 студенти, од кои 150 редовни, 85 со кофинансирање и 50 вонредни. На насоката Туризам, за четиригодишни универзитетски студии слободни места има 100, на Осигурување 50 и на Царина и шпедиција 15. За тригодишни студии на насоката Гастрономија, исхрана и диететика можат да се запишат 50 студенти, а на Хотелско- ресторански менаџмент 40. На Универзитетот за информатички науки и технологија „Св. Апостол Павле“ слободни се вкупно 440 места, од кои...
Помал број првачиња во Охрид, родителите емигрираат во странство
Post Views: 9 Продолжува намалувањето на првачиња кои треба да се запишат во некое од 8-те основни училишта во Охрид и околните селски населби. 660 деца кои се родени во 2008 година во оваа учебна година треба да стартуваат во прво одделение, информираат од подрачната единица на министерството за образование. Но, овој број не се совпаѓа со бројот запишани првоодделенци во охридските училишта. Од општинското одделение за образование потврдуваат дека во моментов се запишани 511 првачиња. Состојбата е можно да претрпи мали измени затоа што во месец агуст ќе следува и...