Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 7 По шести пат охридски хорски фестивал. Од 21ви до 25ти август сите љубители на хорската музика ќе можат да уживаат во настапите на 30 европски хорови. Концептот на фестивалот останува ист како и минатите години. Отворањето на фестивалот започнува со кратки настапи на хористите на отворена сцена.–Атмосферата ќе е прекрасна. Сите хорови се квалитетни и ги покануваме сите граѓани и туристи кои ќе престојуваат во Охрид да ги посетат концертите, а причина повеќе е што влезот е слободен, вели Александар Димоски, директорот на Охридскиот хорски фестивал .И годинава...
Викенд на вино и сирење во Охрид
Post Views: 7 Викенд на вино и сирење во Охрид. После петгодишна пауза дегустаторско-продажната манифестација „Вино и сирење“ повторно ќе се одржи. Овојпат таа ќе има регионален карактер, па учество ќе земат производители на вино и сирење и од другите општини од Македонија, како и од Корча, Албанија. Производите ќе бидат поставени на дваесеттина штандови распоредени околу фонтаната кај чинарот.–Она што е иновативно за ова издание на фестивалот „Вино и сирење“ е што ќе има еден многу добро осмислен вид на презентација преку посебно дизајнирани штандови на кои ќе бидат...
Расте угледот на манифестацијата Поетска ноќ во Велестово, а институциите ги кратат финансиите
Post Views: 3 Течат завршните подготовки за одржување на манифестацијата Поетска ноќ во Велестово. 26 -то издание на оваа значајна културна манифестација, која ги слави поезијата и уметноста, ќе започне на 15 август во Велестово. Годинешното издание е посветено на македонската поетеса, академик Катица Ќулавкова. Традиционално нејзина поезија ќе се чита на сред село во Велестово. Останатите две вечери ќе се одржуваат во Охрид. На интернационалната вечер гостува поетот од Ирска, Патрик Котер, од Словенија доаѓа Барбара Погачник, а од Црна Гора ќе се претстави поезијата на...
Општината со кредит од Светска банка ќе прави капитални проекти
Post Views: 3 Со пари од Светска банка општината ќе прави капитални проекти. Денес за таа цел се одржа јавна расправа која е една од финалните постапки кои ги налага Светска банка пред одобрување на кредитот. Општина Охрид долгорочно ќе се задолжи во висина од 1милион и 700 000евра.–Целта на овај заем е финансирање на капитални инвестициски проекти за рехабилитација на некои локални улици и два локални патни правци како и набавка на најсовремени специјални возила за ЈП Комуналец, вели градоначалникот Никола Бакрачески.Општината ќе има 13 години рок на отплата на кредитот...
По седми пат Француска вечер на „Охридско лето“
Post Views: 8 По седми пат Француска вечер на „Охридско лето“. По тој повод вечерва концерт ќе одржат пијанистите од Франција – Уго Леклер и Елен Котино-Коен.Леклер е француски пијанист кој изградил многу успешна кариера, настапувајќи во најпрестижните концертни сали со реномирани оркестри. Дипломирал пијано, музичка теорија и камерна музика со високи одликувања. Настапува како солист и камерен музичар, а неговиот репертоар го сочинуваат дела од речиси сите епохи. Вечерва заедно со својата колешка ќе изведат дела од Дебиси, Пуланк и Стравински.–Навистина сум среќен што...
Полициски службеници и граѓани, синоќа патролираа низ Охрид
Post Views: 5 Полициски службеници и граѓани синоќа патролираа низ Охрид. Заменик градоначалникот Ангел Јанев, претставници од секторот за образование во локалната самоуправа, претставници од урбаните заедници, од училишните одбори, од советот на родители, наставници, репрезенти од советодавните групи на граѓани и други заинтересирани институции, синоќа посетија повеќе угостителски објекти и места каде во изминатиов период се случиле кривични дела и прекршоци. Овие заеднички патроли се дел од проектот „Соседска патрола“ кој го спроведува МВР.–Сите што беа поканети на...
Јавна расправа
Post Views: 10 Општина Охрид ги поканува месните заедници, и сите заинтересирани правни и физички лица на јавна расправа која ќе се одржи утре, 12ти август, со почеток во 13 часот, во малата сала на општината. На јавната расправа ќе се презентираат капитални инвестициски програми и тоа:– рехабилитација на неколку улици и два локални патни правци– набавка на специјална опрема за ЈП Охридски Комуналец– и аплицирање на Општина Охрид во рамки на проектите кои се финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка. {loadposition...
Учениците од генерацијата 1948/49 со почит возвраќаат на училиштето Григор Прличев
Post Views: 4 Со донација од поранешни ученици, во ОУ Григор Печичев ќе се доопремат санитарните јазли во старата зграда. Трисеттина ученици од генерацијата 1948/49 собраа парични средства во висина од околу 1500 долари за да го поправат осветлувањето во училишните тоалети. Александар Сталески кој живее во Индијана, САД, вели дека тој и неговите соученици се вклучиле во акцијата секој колку што може. Ние имаме должност кон училиштето кое засекогаш е во нашите спомени, да бидеме општествено одговорни и да ги подобриме условите во училиштето, во кое сега учат нашите внуци.„...