Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 216 Градскиот хор Вокс Лихнидос интензивно се подготвува за својот годишен концерт. Четириесеттината членови од најразлична возраст двапати неделно интензивно вежбаат за на публиката да и приредат едно незаборавно доживување. Ќе бидат изведени дванаесет композиции и тоа од најразлични жанрови, ќе има духовни песни, песни од класичната музика, но и модерни нумери. Диригентот Бурим Хидри вели дека кога го одбира репертоарот секогаш се труди да биде шаренолик и да има за сите по нешто. Уште кога станав диригент на хорот јас направив избор на репертоарот со кој ќе настапува...
Започнува „Баскерфест“
Post Views: 210 Театар на отворено. Денес и утре охриѓани ќе имаат можност да ги проследат атрактивните баскер артисти, како и музичарите кои што се дел од годинешниот „Баскерфест“. Артисти има речиси од секаде во светов. Ќе има циркус, фрлање со ножеви, жонглирање со оган. А најзгодниот магионичар на светот кој доаѓа од Бразил ќе го изведе своето шоу со илузии и магични трикови на кое никој не останува рамнодушен. Најпрво благодарност до општина Охрид за нејзината поддршка. Баскерфест се одржува по четврти пат а задоволство ни е што годинава го отвараме во Охрид, бидејќи нашите...
Се прави стратегија како да се спроведат забелешките од УНЕСКО
Post Views: 217 Министри на Македонија, Црна Гора и на Албанија учествуваа на денешната средба на која се дискутираше за спроведувањето на акциите и мерките кои произлегуваат од одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, а кои се однесуваат на Охридскиот регион и на црногорскиот град Котор. Неодамна реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО и Комитетот за светско наследство на УНЕСКО побараа Македонија да воведе мораториум на сите крајбрежни и урбани трансформации во Охридскиот регион се додека не бидат донесени урбанистичките планови за 19 региони во старото градско јадро. Тоа...
Светската оперска дива Елена Мошуц ќе го отвори овогодинешното Охридско лето
Post Views: 192 Светската оперска дива Елена Мошуц ќе го отвори овогодинешното Охридско лето. На свеченото отварање заедно со неа ќе настапи тенорот Калин Братеску и симфонискиот оркестар на Македонската филхармонија под диригентската палка на Николае Молдовеану. Со настапот на Мошуц продолжува традицијата најголемите светски ѕвезди да настапат на отварањето на овој реномиран фестивал. Охридското лето со својата доследност и светски квалитет е вистински репрезент на обединувачката сила на културата. Ова лето ќе имаме одличен фестивал, полн со концерти и претстави, кои што очекуваме...
Влезот на Охрид од сеуште не е уреден
Post Views: 188 Северозападниот влез на Охрид сеуште не е хортикултурно уреден. Освен куќарката во стилот на старата охридска архитектура и една стрелка која е направена од левата страна на патот кога од Скопје доаѓаш за Охрид нема ништо друго што би асоцирало на тоа дека тука е влезот во најголемиот туристички центар во Македонија. Од ЈП „Комуналец“ ветија дека просторот кој меѓу охриѓани е познат како кај петљата ќе биде уреден, ќе биде засадено зеленило, дрвца и цвеќиња, ќе бидат поставени и некои други содржини, а старите ќе бидат отстранети. Но еве и оваа сезона пристигна,...
Охрид го чествува Денот на сесловенските просветител
Post Views: 189 Охрид, лулката на словенската писменост со низа настани и концерти го чествува Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј. Пред споменикот на Светите браќа во градскиот парк денеска беше положено свежо цвеќе, а потоа пред присутните се обрати градоначалникот Јован Стојаноски. Ова е ден на сесловенските просветители и мора да биде празнуван во склад со она што тие го претставувале, а тоа е описменување на народот кој што живее на овие простори, а и пошироко, вели Стојаноски. Свеченоста заврши со доделувањето на награди за најдобрите ученици од...
Случувањата поврзани со Али Пашината џамија имаат политичка позадина
Post Views: 178 Граѓанското здружение „Совест“ упорно во своето барање градежниот инспекторат да постапи согласно законите и изграденото кај Али Пашината џамија да се прогласи за дивоградба. Одржана уште една прес конференција на оваа тема на која беа истакнати нови факти дека се она што се прави на оваа локација е многу контрадикторно. Од здружението потенцираа дека имаат сознанија дека конзерваторското решение за објектот било издадено во јуни 2016 година. Според законските нормативи тоа важи доколку по истекот на две години од неговото издавање се обезбеди сета потребна документација...
Случувањата поврзани со Али Пашината џамија имаат политичка позадина
Post Views: 175 Граѓанското здружение „Совест“ упорно во своето барање градежниот инспекторат да постапи согласно законите и изграденото кај Али Пашината џамија да се прогласи за дивоградба. Одржана уште една прес конференција на оваа тема на која беа истакнати нови факти дека се она што се прави на оваа локација е многу контрадикторно. Од здружението потенцираа дека имаат сознанија дека конзерваторското решение за објектот било издадено во јуни 2016 година. Според законските нормативи тоа важи доколку по истекот на две години од неговото издавање се обезбеди сета потребна документација...
Пламна шумата над Кошишта
Post Views: 178 Се случи тоа од што се плашеа и на што предупредуваа кошиштани. Во саботата навечер околу 11 часот вивна ниската вегетација од десната страна на улицата Кирил и Методиј која води од Горна Порта до пумпната станица. Среќа во несреќa e што мештаните брзо забележале дека гори сувата трева па пожарот не зафатил големи размери. Димитрије Блажески, жител на оваа улица раскажува што се случувало во саботата. Тој вели дека 20тина луѓе кој по пижами кој по влечки истрчале да го гаснат пожарот. „Гасневме со кофи вода, со црева кој соо што најде“, вели Димитрије. „За среќа...
Охриѓани бараат ЈП „Охридски Комуналец“ порано да го подига сметот
Post Views: 183 Охриѓани бараат ЈП „Охридски Комуналец“ порано да го подига сметот. Велат дека во пролетниот и летниот период кога во градов е зголемен бројот на туристи пожелно е отпадот да биде собран во раните утрински часови. Особено ова го потенцираат угостителите кои имаат свои објекти во центарот на градот. Пракса во ЈП „Охридски комуналец“ не само оваа туку и изминатите години е во летниот периот почнувајќи од 1ви јуни да го поместуваме работното време од 7часот во 6часот за навремено да ги испразниме контејнерите и да не се создава гужва и неубава слика и пред мештаните...
Туризам или авантуризам
Post Views: 184 Во која насока ни оди туризмот? Кој и колку ќари од оваа туристичка сезона. Сондажите допрва ќе се прават, но ако денот по утрото се познава по се изгледа ќе имаме една од најслабите туристички сезони досега. Станоиздавачите се жалат дека не паметат кога цената по кревет била само 300 денари, а сепак повеќе од половина сезона останале празни. Во една од елитните населби Лагадин, а ништо поинаку не беше и во Пештани, ретките туристи кои ќе побараа сместување можеа да бираат каде ќе бидат сместени. Во градов состојбата малку порозова, но и тука имаше апартмани и соби...
Без договор нема поставување урбана опрема ниту закуп на тезги
Post Views: 209 Заврши аукцијата за поставување на тезгите во централното градско подрачје, а тече и новиот повик за оние тезги кои не беа доделени. Сеуште може да се доставуваат и барања од граѓани за поставување тезги на нови локации кои дополнително ќе бидат разгледани од страна на градоначалникот и стручната комисија. Склучени се и најголемиот дел договори со угостителите кои поднесоа барања за поставување урбана опрема на јавна површина. Договорите си течат. Ние, знаете дека имавме долги разговори, но на крајот стигнавме до едно прикладно решение за обете страни, компромисно...