Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 13 Михаил Трендафилов – Нанче, кандидатот за градоначалник на Охрид на Граѓанско демократската унија, предизборната кампања ја почна со обраќање до граѓаните пред спомениците на Христо Узунов и Методија Патче во центарот на Охрид од каде порача дека на овие избори влегуваат со најсилното оружје, а тоа е вистината. Со стравот што владее меѓу луѓето мислат дека се само ВМРО и СДСМ и друга опција нема. Затоа сме последни во Европа. Кој како сака нека кажува приказни. На сите ни е тешко. Тие не се многу различни, едните мамат другите лажат, заедно крадат после се...
Жителите на населбата „Радојца Новичиќ“ ќе добијат нов уреден простор за спортување
Post Views: 8 Жителите на населбата „Радојца Новичиќ“ ќе добијат нов уреден простор за спортување. Тие години наназад реагираа дека младите, но и повозрасните кои сакаат да се занимават со некакви спортски активности немаат во близина никаков спортски терен. Потенцираа дека во оваа населба се наоѓа и училиштето „Кочо Рацин“, па навистина повеќе од потребно беше да се реализира еден ваков проект. Јавното претпријатие „Градски гробишта“ деновиве интензивно работи на уредување на две спортски игралишта во склоп на некогашната касарна на АРМ, но и на едно детско игралиште на кое ќе...
Повторно труење на кучиња во стариот дел на градов
Post Views: 5 Викендов повторно труење на кучиња во стариот дел на градов. Од расфрланиот отров настрада едно домашно милениче и едно бездомно куче. ЗА среќа со брза интервенција на активистите за заштита на животните и ветеринар беа спасени. Оваа појава во Варош е толку зачесетена што мештаните стравуваат да ги шетаат своите миленичиња. Крајно изреволтирани велат инспекторите конечно да преземат некакви мерки. Труењето на бездомните кучиња колку што е опасно за самите кучиња опасно е и за човекот и околината. Она што е алармантно е што институциите не ја сфаќаат сериозно оваа...
Јавното претпријатие „Градски гробишта“ финансиски се консолидира
Post Views: 15 Јавното претпријатие „Градски гробишта“ финансиски се консолидира. Во 2018 година претпријатието вратило стари долгови кои датирале уште од 2012 во висина од 5 423 000 ден. Во оваа година првпат од постоењето е даден регрес за годишен одмор во висина од 5000 ден. по вработен. Во 2018 година е зголемена платата на вработените во висина од 10%. Исто така е помогната синдикалната организација со 60 000 ден. Имаме многу поголемо ангажирање. Направивме добар тим со истите вработени кои беа и претходно, го извадивме потенцијалот кој претходно не можел да дојди до...
Мерко: Ауди не е луксуз
Post Views: 8 Општина Струга е една од општините која е презадолжена и години наназад функционира со потешкотии. Долгот изнесува 262 203 073 ден. Владата на РМ неодамна донесе Закон за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа со кој 51% од долгот на секоја општина доспеан заклучно со септември минатата година ќе им биде покриен. Но, додека останатите општини мака мачат како да се справат со долговите и стегаат ремен, задолженоста на општина Стуга многу не го загрижува градоначалникот Рамиз Мерко. Неодамна општината купи службено возило марка Ауди за кое од...
Богата театарска година во Охрид
Post Views: 9 Петок ден за театарска претстава. Директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“, Горан Сомоновски најавува богата театарска сезона. Охридските актери секоја недела ќе изведуваат по една престава така што граѓаните ќе можат да уживаат во нивната игра. Овој петок е претставата Стаклена менажерија, а наредниот „Каде е пиштолот“. Деновиве ќе се прави репертоарот за месец април. Инаку во текот на оваа година предвидени се и две нови премиери. Едната пролетва, а другата наесен. Иако ни се доста намалени средствата во однос на нашите побарувања мислам дека ќе...
Ѓорги Трпчески останува претседател на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца
Post Views: 9 Ѓорги Трпчески останува претседател на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца и на Извршниот одбор. По едномесечните избори на кои учествуваа околу 800 делегати повторно го избраа досегашниот вршител на оваа функција. За негов заменик избран е Живко Наумоски, а за секретар на Собранието и Извршниот одбор Стефан Владимиров. Претседател на Собранието и во наредните четири години ќе биде Димитар Спасески, а негов заменик Бране Ногачески. За членови на Собранието во СЗПМ од охридското здружение се избрани Ристо Трајкоски и Ружа Балеска, додека управител на Клубот...
Криминал, корупција и купопродажна афера
Post Views: 10 Криминал, корупција и купопродажна афера стојат зад продажбата на земјиштето на кое сеуште се наоѓаат бараките на АДГ „Трудбеник“, тврди Ацо Спироски, извршниот директор на ова акционерско друштво . Ова атрактивно земјиште кое се наоѓа во непосредна близина на Студенчишкиот канал уште во 2011год. Министерството за транспорт и врски му го продало на Фубула травел без при тоа да се земе во предвид корисничкото право на АДГ „Трудбеник“. Водена е сосема незаконита постапка, односно на „Трудбеник“ му е украдено земјиштето. Кога се продаваше на јавен повик „Трудбеник“...