Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Започнува конзервацијата на фрескоживописот во црквата Св. Богородица Перивлепта

Post Views: 3 Започнува конзервацијата на фрескоживописот во црквата СВ. Богородица Перивлепта. Конзерваторското одобрение е добиено и најавено е дека околу 15ти август ќе се отпочне со работа.  На реализацијата на проектот се ангажирани конзерватори од Македонија и двајца експерти од УНЕСКО кои во Охрид треба да пристигнат на 1ви Септември.–Се надеваме дека со оваа конзервација конечно ќе се стави крај на оние зборувања дека живописот во Перивлепта пропаѓа, се рони и го губи својот пигмент. Се надеваме дека со оваа конзервација ќе се направи најдоброто бидејќи отстранети...

Продолжи со читање

И на малиот полигон ќе се наплаќа за паркинг

Post Views: 7 Со паркингот кај поранешниот полигон за мали спортови од денес ќе стопанисува ЈП „Билјанини Извори“. Тој паркинг простор е сопственост на ГП „Гранит“.  Ова градежно претпријатие склучило договор за издавање под закуп на просторот наЈП „Билјанини извори“ во траење од една година.  Со тоа  ова јавно претпријатие  ќе врши економско оперирање на паркингот за што на „Гранит“ ќе му исплаќа соодветен процент. Во случајов „Гранит“ добива, но граѓаните губат. Инаку паркингот ќе биде дел од зоната Б, така што за еден час паркирање  ќе се наплаќа 20 денари. Уредувањето на...

Продолжи со читање

Дали тартанот на атлетската патека повторно ќе настрада

Post Views: 5 Љубителите на музиката на познатата балканска ѕвезда Цеца Ражњатовиќ со нетрпение го очекуват вечерашниот концерт. Локацијата на концертот добро позната, стадионот на СРЦ „Билјанини извори“. Додека фановите се во исчекување на овај музички настан, атлетичарите од АК „Охрид“ се во грч за судбината на тартан патеката. Стравуваат да не дојде до оштетување на подлогата бидејќи тоа и претходно се случувало при вакви големи концерти кои се одржувале на стадионот. Од ЈП „Билјанини извори“ смируваат тврдејќи дека се превземени сите мерки за заштита на тартанот.–Ние...

Продолжи со читање

Maси и столици на тротоарите, а пешаците на коловозот

Post Views: 8 Maси и столици на тротоарите а пешаците на коловозот.  Ваква е сликата на улицата “Коста Абраш“, пред рестораните „Александрија“ и „Чун“. На овој потег има огромна фрекфенција на  пешаци и автомобили кои се движат по коловозот затоа што тротоарите се пренаменети во угостителски објекти.   Пешаците стравуваат за својата безбедност и се прашуваат како Локалната дозволила поставување урбана опрема на двата тротоари и тоа не само во летниот период туку преку целата година. Од Локалната велат дека  опремата е поставена согласно програмата што се носи за поставување...

Продолжи со читање

Полни раце работа за ЈП „Комуналец“

Post Views: 5 Градов полека, но сигурно се полни со гости. Се очекува во викендов што доаѓа Охрид да биде дестинација за голем број домашни туристи поради престојните илинденски празници. Но, тоа значи и полни раце работа за ЈП „Комуналец“ бидејќи зголемениот број на гости носи и преполни контејнери со смет. Од ова јавно претпријатие велат дека превземени се сите мерки за поголема ангажираност на вработените за подигање на сметот, одржување на хигиената на јавните површини и на јавното зеленило.–За подобра организација во работата воведовме и трета смена. Возилата ќе...

Продолжи со читање

Ќе се пишува монографија за Охрид

Post Views: 7 Ќе се пишува монографија за Охрид. Тоа ќе биде еден репрезентативен примерок за историјата на градов. Во книгата ќе бидат опфатени сите значајни настани, личности, културно-историски објекти, археолошки локалитети и природни убавини или со еден збор се она што му дава белег на градов. Иницијативата за пишување на една ваква монографија е на Општина Охрид, односно на Секторот за Туризам и локален економски развој.-Во моментов сме во фаза на избор на стручни лица  кои ќе работат на оваа монографија и веднаш штом ќе завршиме со тој избор пристапуваме кон процес на...

Продолжи со читање

Граѓаните си го бараат ветеното

Post Views: 7 Добре дојдовте во Охрид, градот на УНЕСКО, но и на раскопаните тротоари. Западниот влез во градов воопшто не асоцира дека влегувате во некој туристички центар туку како да сте стигнале во некоја селска населба. Трње од сите страни на патот, раскопани тротоари и прашина, се жалат граѓаните кои токму таму живеат. Тие велат дека сликата не е изменета повеќе од 20 год. Иако во Локалната им рекле дека овој тротоар е ставен во приоритетите и дека  оваа пролет ќе биде направен, се останува само на ветување, вели Илија Магденоски, претседателот на УЗ Воска. Тој раскажува...

Продолжи со читање

Концертoт на виртуозот на пијано, Максим Мрвица, исфрли на површина повеќе организациони фалинки

Post Views: 8 Хрватскиот пијанист Максим Мрвица на сите кои саботата навечер беа на „Антички“ им приреди едно незаборавно доживување. Овој виртуоз на пијано кој настапи во рамките на фестивалот „Охридско лето“  на начин препознатлив само за него изведе кросовер композииции од своите десет албуми, како и еден помал блок класична музика и ја стана публиката на нозе. Овој концерт по се изгледа ќе се вброи во еден од најдобрите на овогодинешното фестивалско издание. Но, зачуди фактот што и за еден ваков светски настан античкиот театар пред почетокот на концертот остана полупразен па...

Продолжи со читање