Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 6 Ќе се изготвува нова национална стратегија за развој на туризмот. На постоечката која е донесена во 2009год., а ревидирана во 2011 и истекува рокот нареднава година. Стратегијата е многу важен документ, вели Проф. Др. Науме Мариноски од ФТУ од Охрид, бидејќи врз нејзина основа се донесуваат многу закони кои се значајни за развојот на туризмот. Врз основа на овој општ акт се донесуваат документи на регионално и локално ниво, како и стратешки документи, објаснува Мариноски. Тој учествувал во ревидирањето на стратегијата од 2009 при што тогашниот тим ставил акцент на...
Итна седница на Локалниот економски совет поради нарушениот туристичкиот углед на Охрид
Post Views: 5 Неодамнешните пишувања и прилози во некои електронски и печатени медиуми околу ниското ниво на услуги во туристичкиот сектор и високите цени на туристичките услуги и производи во Охрид, беа причина Градоначалникот да свика итна седница на Локалниот економски совет во екот на туристичкава сезона. Седницата се одржа во проширен состав и на неа присуствуваа претставници од сите субјекти кои учествуват во креирањето на туристичката понуда во градов. Бакрачески рече дека општ впечаток на сите бил дека обидите да се оцрни градов со констатации дека е прескап и дека не...
14 нови државни службеници ќе се вработат во Локалната самоуправа
Post Views: 7 Преку Агенцијата за администрација во Локална самоуправа ќе се вработат 14 нови државни службеници. Ќе се прима еден виш референт за архивско и канцелариско работење, двајца соработници за следење и донесување урбанистички планови, двајца помлади соработници за донесување на урбанистички планови, еден соработник за правни работи од областа на урбанизмот, еден виш соработник за следење и реализација на проекти, еден соработник за туризам и угостителство, еден виш референт – администратор, еден соработник за прибирање и обработка на податоци од областа на културата,...
Жителите од Канео упатија петиција до градоначалникот Бакрачески
Post Views: 4 Жителите од Канео со петиција до Градоначалникот Бакрачески за спасување на „Мостот на желбите“. Петицијата ја пренесуваме во целост. ДоГрадоначалник на Општина ОхридСовет на Општина ОхридДо средствата за јавно информирањеПЕТИЦИЈА Од сите жители на Вековната населба Канео – Охрид.Од незванични извори имаме информација дека ’’ Мостот на Желбите’’ во најскоро време ќе се сруши.Во име на сите нас кои овде живееме со векови, и во име на сите оние што години наназат го посетувале Канео и уште повеќе што сега како врвулица се движат по ’’ Мостот на желбите’’(како што...
Нема место за паника поради бактеријата листерија, велат од ЦЗЈЗ
Post Views: 5 Во Охрид засега е регистриран еден случај на пациент кај кого лабораториски е потврдено присуство на бактеријата листерија, велат од Центарот за јавно здравје. Станува збор за повозрасна жена која по лекувањето во Скопје, е пуштена дома и е во добра здравствена состојба. Од таму додаваат дека нема место за паника. Оваа бактерија не е нешто ново, ја има насекаде во природата и во почвата и таа лесно може да се намножи и во овошјето и во зеленчукот. Посебно проблеми се јавуваат во летниот период кога температурите се повисоки а храната е поподложна на расипување....
Најавено па одложено рушењето на „Мостот на желбите“
Post Views: 6 „Мостот на желбите“ се спаси, но до наесен. Среде туристичка сезона денес беше најавено па одложено неговото рушење. Утрово 50 -тина жители од Канео и стар град со жив штит се спротиставија на решението на општинскиот инспекторат да го срушат мостот. Еден од жителите кој се спротистави на рушењето е и Величе Велјаноски. Тој вели со оваа одлука се руши нивниот сон Канео да биде поврзан со градот и да не мора да ја искачуваат 500 метарската стрмна нагорнина. Сега кога годините натежнаа и ни е ограничено движењето низ стар град со режимот за сообраќај оваа ...
Охридскиот Сонк стапи во солидарен штрајк со глад
Post Views: 7 Охридскиот регионален синдикат за образование, наука и култура од утрово е во штрајк со глад. Аце Речкоски, претседател на регионалниот Сонк, вели даваат поддршка на тројцата професори од штипскиот универзитет кои штрајкуваат со глад барајќи ги своите прекршени законски права за да бидат реизбрани за вонредни професори. Речкоски нагласува дека со солидарниот штрајк регионалните одбори на Сонк, меѓу кои и нивниот, бараат Универзитетот „ Гоце Делчев“ да постапи според решението на Државниот просветен инспекторат. Тоа значи да се повтори гласањето на нучно...
Засилени контроли поради појавата на бактеријата листерија
Post Views: 7 Граѓаните деновиве во паника поради појавата на смртоносната бактерија листерија од која за еден месец се заразија седум, а починаа три лица. Бактеријата може да ја има во месото и млекото, пастеризирано и непастеризирано, млечните и месните производи, морските плодови и рибата, како и во овошјето и зеленчукот. Од Центарот за Јавно здравје од Охрид велат дека од почетокот на годината во лабораторијата исконтролирале 100тина примероци од прехранбени производи од најразлични видови, од готови јадења, до слаткарски производи, сладоледи, меса, млечни производи. 70% од...