Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 7 Ник, Едвард и Дебора Марков се американци со македоско потекло. Нивните дедовци Ламбе и Војдан Маркови во 1909 година го напуштиле своето родно огниште во Ржаново и заминале во САД. Од оваа далечна земја повеќе не се вратиле, но љубовта и традицијата на македонското семејство не заборавиле да ја пренесат на своите внуци. Браќата Ник и Едвард Марков потомци на Ламбе, се по втор пат во Охрид и Ржаново.Дошле пред 5 години, а сега допатуваа со своите сопруги. Ник Марков врли среќен сум што се вративме на корените од каде што потекнуваме. Како дете слушав многу...
Потпишан меморандум за соработка помеѓу Охрид и Квинбиан
Post Views: 5 Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески се сретна со неговиот колега Тим Оверал од австралискиот град Квинбиан. Во негова придружба беше и советникот на општина Квинибиан Величе Трајаноски, македонски иселеник кој потекнува од охридско. Градот Квинбиан брои 42.000 жители, а околу 2000 од нив се македонски иселеници. Во овој град во државата Нов Јужен Велс живеат веќе трета генерација Македонци, а скоро 800 од нив по потекло се од охридскиот регион. Бакрачески и Оверал потпишаа меморандум за соработка помеѓу двете општини. Градоначалникот Бакрачески...
Забаено или забораено
Post Views: 5 Охриѓани желни за театарска претстава. Показател за тоа е и преполната сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ на трите претстави „Отело“, „Многу врева за ништо„ и „Аферата Елсинор“ кои се одржаа во рамките на фестивалот „Охридско лето“. За жал, граѓаните претстава можат да видат само благодарение на овој фестивал бидејќи охридскиот театар кој постои веќе три години, една година нема поставено претстава на штиците што живот значат. Од охридскиот театар даваа разно разни објаснувања зошто не се изведуваат претставите и ветија дека на публиката ќе и се оддолжат...
Општината ќе распише тендер за отстранување на двата билборди во Парк
Post Views: 10 Општината и по еден месец не го пронајде сопственикот на нелегално поставените билборди во комплексот Парк. Општинскиот Инспекторат го објавил повикот во Службен весник за да се јави сопственикот на билбордите. но без успех.Бидејќи сопственикот не се јавил сам во законскиот рок, следува Локалнaта власт да ги отстрани билбордите. За да се отстранат големите билборди, потребно е ангажирање на дигалки од поголеми размери или да се ангажира фирма која ќе ги исече билбордите на делови, информираат од одделението за односи со јавност при ЛС. Додаваат дека со оглед...
Противпожарната единица од Охрид доби нова опрема
Post Views: 6 Противпожарната единица од Охрид доби нова опрема. Преку донација од противпожарната од Лејден -Холандија пожарникарите добија заштитни одела, чизми и наочари со кои ќе се зголеми нивната безбедност при гаснење на пожари.–Ваква опрема не ќе можевме уште многу години да набавиме, тоа не ќе можеше да го стори ниту Локалната бидејќи е многу слкапа. Едно одело чини 1500 евра. Оваа опрема е користена, но е од 2009, 2010 и 2011год., а онаa која ја имаме ние е стара 20год. А сепак со неа пожарникарите одеа на интервенции. Затоа оваа донација за нас многу значи, вели...
Цистерна се заплетка во пајаковата мрежа од кабли
Post Views: 8 Цистерна со скопски регистрации синоќа околу 23 часот на пресекот на улиците „Марко Цепенков“ и „Момчило Јорданоски“ сруши два електрични столоба од уличното осветлување и пет столбови од кабелските оператори. Немилиот настан се случил поради тоа што каблите од повеќе оператори биле поставени пониско од пропишаните 4 и пол метри, па цистерната која била со висина од 3метри и 90 се заплеткала во нив. За среќа освен материјална штета немаше повредени во синоќешниот инцидент, но очевидците кажуваат дека сликата била застрашувачка, а во еден момент згаснало целото...
Се возобновува фестивалот на сирење и вино
Post Views: 7 Се возобновува фестивалот на сирење и вино. После петгодишна пауза оваа дегустаторско-продажна манифестација повторно ќе се одржи и тоа во средината на август, најавуваат од Локалната. Овојпат тој ќе има регионален карактер па учество ќе земат производители на вино и сирење и од другите општини од Македонија како и од Корча , Албанија. Виното и сирењето не се карактеристични за ова поднебје но организаторот смета дека на фестивалот охридски шмек ќе му даде плашицата. –На истата оваа манифестација ќе биде промовирана и плашицата бидејќи е еден препознатлив...
Каналот Студенчишта прекриен со маслена дамка
Post Views: 3 Каналот Студенчишта прекриен со маслена дамка. Очевидците кои ги затекнавме таму велат дека таа вчера во попладневните часови била многу поголема, а денес остатоци од масло можеа сеуште да се забележат на десниот кеј од каналот. Радован Димитриески, претседателот на Спортското риболовно друштво Св. „Апостол Петар“ вели дека тоа се должи на несовесното однесување на сопствениците на пловните објекти кои ги гаражираат таму. Димитриески додава дека не е прв пат на ваков начин да се загадува каналот, а инспекциските служби да не излезат на терен.–Досега такво...