Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Нема пари за изградба на цветен пазар

Post Views: 9 Доцни реализацијата на проектот за изградба на цветен пазар. Уште пред шест месеци беше обелоденето дека на плоштадот „Крушевска Република“, кај Чинарот, на самиот влез на пазарот треба да биде новата локација на современиот цветен пазар. Според планот инвестицијата требаше да изнесува 30 000 евра. Овие средства во моментов ЈП „Градски Пазар“ ги нема , а заради презадолженоста на општината и таа не е во можност да ги издвои овие пари. ЈП „Градски Пазар“ нема можност оваа идеја да ја реализира ниту со земање  кредит од комерцијалните банки, бидејќи претпријатието не...

Продолжи со читање

Жителите на улицата „Крали Марко“ бараат да се постави сферно огледало

Post Views: 13 Улицата „Крали Марко“, непрегледна и небезбедна, се жалат мештаните. Тие велат дека некои од жителите си ги прошириле дворовите со узурпација на општинско земјиште па со тоа се намалила прегледноста на коловозот. Приклучувањето во главната улица „Стив Наумов“ која е многу фреквентна станува опасно.-Многу деца одат на училиште, а и ние возрасните се плашиме да излезиме на улица. Пред извесно време две деца со точаци се судрија ако не закочеа навреме можеше некоја кола да ги прегази. Затоа бараме да се подобри безбедноста на улицава, вели  Цветко Јанкулоски-жител на...

Продолжи со читање

Охриѓани ќе почекат за да добијат современа рекреативна патека

Post Views: 6 Изградбата на современата пешачка рекреативна патека на потегот од мостот кај каналот до почетокот на Парк, доцни. Иако од страна на Локалната беше најавено дека веднаш по парламентарните избори кои се одржаа во месец април ќе биде распишан тендер на кој ќе се бара најдобриот изведувач за овој градежен зафат, постапката не е ни започната. Од проектираната должина на патеката од 1390 метри, само мал дел или поточно 200 метри треба да се уредат со средства од ИПА фондовите а останатите со средства од Локалната.  Од секторот ТЛЕР објаснуваат дека работите закочиле кај...

Продолжи со читање

Oхридските пратеници на гости во „Охридско лето“

Post Views: 5 Oхридските пратеници Александар Николовски и Сашо Василевски гости во „Охридско лето“. Тие со директорката на фестивалот  Елизабета Јанкуловска при посетата разговараа за условите и начинот на работа на оваа национална установа, како и за напорите што се прават за уште едно успешно фестивалско издание. Констатирале дека фестивалот од година во година е се поуспешен бидејќим ги носи најголемите светски имиња од светот на културата во Охрид.– Предизвикот што го имавме минатата година со добивање на највисоката награда за туристички настан за 2013 година за нас...

Продолжи со читање

Пукната водоводна цевка ги поплави дворовите на „Никола Карев“

Post Views: 9 Дворот на семејна куќа која се наоѓа на улицата „Никола Карев“, претворен во езерце. Веќе една недела тече вода од пукната водоводна цевка и ги поплавува имотите на граѓаните кои живеат тука. Дефектот бил пријавен уште минатиот понеделник, дошле некои екипи, нешто интервенирале, но не го решиле проблемот, водата и понатаму си тече, раскажува Ристе Карадимче еден од сопствениците на куќите чиј двор е поплавен.–Вишнава ми се исуши овде е се влажно и мислам дека  водата ми е навлезена и во темелите на куќата. Се чудам и не можам да разберам  ако ми се оштетат...

Продолжи со читање

Охрид на прво место по бројот на иселени лица

Post Views: 2 Се поголем број млади луѓе го напуштаат градов. Овој факт загрижува и отвара многу прашања. Каде младите охриѓани  ја гледаат својата иднина, овде или во странство.  Колку тие се задоволни од можностите кои ги нуди градов за вработување и за обезбедување егзистенција.-Јас сакам да останам во градов и тука да ја градам својата иднина, вели една млада охриѓанка.-Го сакам градов но ако во странство ми се понудат подобри можности можеби би заминал, не сум размислувал за тоа, кажува еден средношколец.-Јас сум патриот и сакам да останам во земјава, а им советувам и на...

Продолжи со читање

Охридските плажи под будното око на општинскиот инспекторат

Post Views: 7   Ќе се стави ли ред на охридските плажи. Од општинскиот инспекторат велат дека минатото лето ретко кој концесионер го испочитувал правилото на плажата да има најмалку 40% слободен простор каде гостите ќе можат слободно да си постават свои реквизити и да не плаќаат за тоа, а наспроти тоа плажите биле преплавени со лежалки  што предизвикувало голем револт кај посетителите.Милески вели дека ќе се контролира дали концесионерите се придржуваат  на проектот кој им бил одобрен од страна на општината, дали објектите на плажите се во дозволениот габарит, дали на плажата се...

Продолжи со читање

Кој треба да ги подигне хаварисани бродови од каналот Студенчишта

Post Views: 4 Каналот Студенчишта наместо туристичка атракција  станува отпад за хаварисани бродови, се загадува и има се помалку риба. –Рибарите и сопствениците на пловните објекти кои се згрижени во каналот Студенчиште велат дека тој е многу запуштен и запоставен. Додават дека ниту државата ниту локалната водат сметка за него.Потребно е да се отстранат сите непловни бродови и каналот да се ревитализира, затоа што флората и фауната во каналот интензивно се уништува, предупредуваат рибарите. Тие додаваат дека на овој канал дневно имало и по 300 спортски риболовци кои ловеле...

Продолжи со читање