Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

И ова лето забрана за скутерите

Post Views: 5 И ова лето забраната за скутерите важи во периодот од 11 до 19 часот. Од охридската капетанија објаснуваат дека во овој временски интервал е најголемата фрекфенцијата на капачи па затоа ќе се воведуваат засилени контроли како не би дошло до некоја несакана незгода. Капетан Горан Устијаноски вели дека колку што е во нивна можност ќе дејствуваат едукативно и  превентивно, но апелира управувачите на пловилата строго да се придржуваат до законите прописи, а доколку не се почитуваат од страна на инспекторите ќе следува забрана за пловидба, дециден е првиот капетан во...

Продолжи со читање

Нова линија многу прашања

Post Views: 6 Новата водена линија Охрид- Поградец  која неодамна беше промовирана кај охриѓани наиде на голем интерес, но им наметна многу прашања. Се интересираат колку често ќе се спроведува, колку ќе чини билетот, каде ќе се врши царинската контрола и со кој брод ќе се патува. Овие дилеми ги разреши капетанот на охридската капетанија, Горан Устијаноски. Тој вели дека најпрво треба да се разјасни дека оваа линија е чартер, а не редовна бродска линија.Ние создадовме услови за спроведување на оваа линија. Овозможивме извршување на сите гранични и царински формалности, а пазарот...

Продолжи со читање

Започнаа уписите во среднообразовните училишни центри

Post Views: 9 Во гимназијата Св. „Климент Охридски“ со завршено основно училиште ќе се запишат 272 ученици во осум паралелки. Новина е што годинава  економското училиште и медицинската паралелка се одделуваат од гимназизското. Па така во средното општинско стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“ односно во економското училиште ќе имаат можност да се запишат вкупно 170 ученици. Од нив 136 во економско-правната и трговската струка, а 34 ученици во здравствената струка. Уписите се спроведуваат денес и на 25 јуни. Ланската година паралелките броеја околу 25-27 ученици па се очекува...

Продолжи со читање

Кој затаи во спроведувањето на Законот за јавна чистота

Post Views: 7   Охриѓани како да подзаборавија да го почитуваат Законот за јавна чистота. Насекаде по градов повторно можат да се видат расфрлани отпушоци, гуми за џвакање, повторно се сечат дрва на јавна површина, се фрлаат отпадоци на улица се продава зеленчук на импровизирани тезги. –Хигиената не е на завидно ниво, се фрлат отпушоци насекаде, вели еден наш сограѓанин.-Криви сме и ние граѓаните ама и тие кои треба да го спроведуваат законот. Нека казнуваат па ќе видиме дали некој ќе фрла каде ќе му текне, вели друг.–Секој фрла каде ќе му текне, кај нас ништо не...

Продолжи со читање

Булеварот „Железничка“, страв за пешаците

Post Views: 6 Булеварот „Железничка“ стана бетонски ѕид за граѓаните кои живеат од едната и од другата страна на оваа сообраќајница. Поради големата брзина со која се вози  и поради лошата патна сигнализација пешаците се плашат да ja преминат  улицата. Граѓаните реагираат дека „Железничка“ плаче или за надвозник или за кружен тек. Тие секојдневно стравуваат за својата безбедност а посебно за безбедноста на децата за време на школската година.–На овој булевар досега се имаат случено повеќе сообраќајни незгоди а во дел од нив за жал имаше и жртви. Ние како Урбана заедница...

Продолжи со читање

Бледнее сјајот на Фестивалот на француски филм во Охрид

Post Views: 5 Годинава Охрид наместо домаќин на Фестивалот на француски филм мораше да се задоволи само со една проекција. Синоќа во Центарот за Култура “’Григор Прличев“ по седми пат беше послан црвениот тепих но за разлика од претходните години по него поминаа само мал број љубители на седмата уметност. Пред проекцијата на  филмот посветен на познатиот француски моден креатор Ив Сен Лоран на присутните им се обрати Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески кој говореше за македонско – француските културни врски и за отворањето на Охрид кон светот, а посебно кон филмот како...

Продолжи со читање

Ќе се реши ли проблемот со бучавоста во градов

Post Views: 3 Инспекторите од општинскио инспекторат заедно со службите од СВР деновиве интензивно работат на изготвување на акционен план за справување со бучавоста. Според планот ова лето ќе има многу позачестени контроли и акции бидејќи минатите лета бучавата беше проблем број еден во градов за кој не се најде соодветно решение. Надлежните ветуваат секојдневно мерење и на бучавоста која доаѓа од објектите на брегот на езерото кои во летната сезона приредуваат разно разни концерти на отворено. Граѓаните , посебно оние од стариот дел на градот години наназад реагираа, собираа...

Продолжи со читање

Ова лето нема пченки и крофни на градскиот плоштад

Post Views: 8 Доколку летово ви се пријаде печена прченка или американски крофни ќе мора дома да си направите бидејќи надвор ќе нема каде да купите. Општинскиот инспекторат во овогодинешната програма за поставување на урбана опрема не предвиде локации за продажба на храна на отворен простор. Нема да може да се купи ниту скара по тротоарите како што тоа беше случај минатите лета. Подготвување и продажба на храна ќе може да се врши само во затворен простор кој ги задоволува сите стандарди за тоа. –Не е дозволено продавање храна по тротоари и на плоштад. Доколку се затекне...

Продолжи со читање