Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 12 Како еден турист да стигне до Билјанини извори? Ова не е наградно прашање туку прашање кое си го поставуваат туристите, но и охриѓани кои често го посетуваат ова место кое е едно од обележјата на градот. Нема патокази, нема ниту некоја табла која ќе асоцира дека натаму води патот до изворите каде Билјана го белела своето платно.–Јас многу често доаѓам овде и секогаш доаѓајќи си размислувам како еден турист би стигнал до Билјанините извори. Срамота е за градот за едно вака значајно место да нема никакво обележје, вели една наша сограѓанка.–Ова е уште...
(обновено)Бродска линија Охрид- Поградец
Post Views: 15 Денес се воспостави бродската линија Охрид- Поградец. Пред тргнувањето на бродот „Александрија 2“ со кој се реализира ова патување, се одржа мала свеченост на охридското пристаниште, со сечење на лента. Присутните уживаа во звуците на охридската староградска песна на ансамблот „Билјана“ како и во настапот на подмладокот на КУД „Гердан“. На промотивното патување покрај многу видни луѓе од градов присуствуваа Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, кои на пристаништето во Поградец беа пречекани од албанските...
Од денес официјално се воспостави бродската линија Охрид- Поградец
Post Views: 8 Од денес Охрид и албанскиот град Поградец поблиску еден до друг. Овие два езерски града години наназад правеа напори да се поврзат преку воден сообраќај. Од охридското пристаниште исплови бродот „Александрија 2“. Конечно се реализира долгонајавуваната бродска линија Охрид- Поградец. На бродот се наоѓаа видни луѓе од градов како и министерот за Транспорт и врски, Миле Јанакиевски. Пред тргнувањето на бродот, се одржа мала свеченост на охридското пристаниште, со сечење на лента. Присутните уживаа во звуците на охридската староградска песна на ансамблот „Билјана“...
50 години од матура
Post Views: 6 Генерацијата матуранри 1964 од Гимназијата Св. „Климент Охридски“ го одбележа својот 50 годишен јубилеј. Дваесет некогашни ученици заедно со нивниот класен раководител Зарко Баче евоцираа спомени за нивните школски денови, за сите згоди и незгоди, скриени љубови. Во саботата претпладнето се собраа на класен час а вечерта прославија во ресторанот „Далга“. Тие се договорија ваквите дружби да ги практикуваат почесто бидејќи тоа им дава еден поголем смисол на нивните пензионерски денови. {loadposition content9}
Општинскиот комунален инспекторат во акција
Post Views: 6 200 столови и 50 угостителски маси беа подигнати при акцијата што ја спроведе Општинскиот комунален инспекторат. Ова следуваше поради непочитување од страна на голем дел од угостителите на одлуката која беше донесена уште во зимскиот период од Локалната, а со која сите беа обврзани да достават барања за поставување урбана опрема до Секторот за урбанизам најдоцна до 15 април оваа година. Од општинскиот инспекторат после овој рок спровеле акција и уште еднаш на терен ги опоменале сите кои немале доставено барања во рок од 15 дена да го направат тоа, но и покрај тоа...
Пристаништето во Свети Наум во незавидна состојба
Post Views: 6 Пристаништето во Свети Наум во незавидна состојба. Ова го тврдат некои сопственици на пловни објекти кои се усидруваат таму. Додаваат дека на пристаништето нема никакви услови и дека е прилично руинирано. Од Охридската капетанија ги отфрлаат ваквите забелешки објаснувајќи дека зимата бил извршен еден зафат на продлабочување на влезот на пристаништето и бил отстранет нанос од 1000метри кубни. Во месец февруари било санирано свлечилиштето кое се појавило од јужната страна односно на пристапниот дел на пристаништето–Пристаништето е во функционална состојба и без...
Раскрсницата кај новата автобуска станица опасна по живот
Post Views: 4 Раскрсницата кај новата автобуска станица опасна по живот. Граѓаните кои ја преминуваат велат дека е невозможна мисија да поминиш од едниот до другиот крај на коловозот. Нема семафори речиси и да нема пешачки премини, а возачите развиваат голема брзина бидејќи оваа сообраќајница е магистрален пат. Од Фондот за комунален развој знаат за овој проблем.–Моментално е обележана со хоризонтална и вертикална сигнализација према постоечките можности. За тој дел уште од порано беше разгледувана можноста за кружен тек но бидејќи бензинската пумпа од Мак петрол е на...
Градски превоз сеуште се чека под ведро небо
Post Views: 5 Охриѓани кои чекаат градски превоз најчесто се под ведро небо. На голем дел од автобуските постојки во градов нема ниту настрешници ниту пак клупа каде да се седне, се жалат тие. На оние пак каде има некаков покрив над глава најчесто е искршен па изложени се на дожд, а и на сонце, категорични се граѓаните.Неуредените постојки преставуваат проблем и за автопревозниците.-Не се покриени постојките не се правилно обележани така да може да се случи доколку некој од возачите незнае дека на тоа место има постојка да ја промаши, вели Димитар Василевски-директорот на АД...