Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 5 Утре, од 12:00 до 17:00ч, да бидеме на градскиот плоштад и сите заедно да ја покажеме нашата хуманост. Собраните средства ќе бидат наменети за лекување на 11 годишно момче од Охрид на кого му е потребна итна операција во Пекинг, а која чини 35 000 евра. Својата хуманост можете да ја покажете и со донирање на 100 ден.+ддв, на следниве телефонски броеви:ONE 075/143-113VIP 077/143-115Финансиски средства можете да уплатите и на следнава ж.с-ка:530-5000176152-54депонент: Охридска банкаВо понеделник, со почеток во 20ч. во Центарот за култура „Григор Прличев“ со купената...
Се покриваат сцените на Антички театар и на Долни Сарај
Post Views: 2 Се покриваат сцените на Антички театар и на Долни Сарај. Деновиве интензивно се работи на поставување на метална конструкција на овие два локалитети кои се најкористените и најпосетените отворени сцени на Фестивалот Охридско лето. Овие два проекти се изработени уште во 2013 год, вели директорката на Завод и музеј, Тања Паскали Бунташески, а средства од Министерството за култура за започнување со нивна реализација биле издвоени оваа година.–И на двете сцени самите покривни конструкции ќе бидат изведени од челични решетки а ќе бидат покриени со плексиглас како...
На Плаошник свечено доделени дипломите на педесеттина студенти од ФТУ
Post Views: 5 Педесеттина студенти од ФТУ од Охрид денес на свечен начин ги добија дипломите за завршено високо образование и тоа на Плаошник. Идните академски граѓани со нескриена возбуда50 студенти од петте насоки на ФТУ, денска ги зедоа своите дипломи. Свеченоста на промоцијата на 42 тата генерација на дипломирани студенти на овој факултет, се одржа на Плаошник. присуствуваа на овој чин земајќи го в рака парчето хартија кое треба да им ја гарантира нивната светла професионална иднина.–Јас сум голем оптимист и се надевам дека дипломата нема да ми биде само парче...
Охрид конечно ќе добие автопазар
Post Views: 18 Охрид конечно ќе добие автопазар. Дел од паркингот кај градските гробишта ќе биде уреден за оваа намена. Охриѓани во исчекување на отворањето на автопазарот. -Ова е убава иницијатива се што се прави е добро, вели еден охриѓанец-Супер ја поздравувам иницијативата. На Охрид му требаше автопазар, вели друг. Зелено светло за оваа иницијатива дадоа и членовите на Советот на Општина Охрид на последната седница. По се изгледа пазарот за продажба на половни автомобили ќе почне со работа кон средината на наредниот месец.– Двете јавни претпријатија, „Градски пазар“ и...
И забаено и забораено
Post Views: 6 Сообраќајната раскрсница на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“, во близина на основното училиште „Христо Узунов“ и понатаму опасна по безбедноста на пешаците. И покрај безбројните ветувања од надлежните, веќе десеттина години семафорите кои се поставени на улицата не се во функција и сообраќајот не се регулира со помош на светлосна сигнализација. Учениците се жалат дека возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните правила на пешачките премини. Тие бараат под итно да се пуштат семафорите во функција.Директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски вели дека...
Нов советник и нови координатори во советот на општината
Post Views: 8 Виолета Мицкоска е новиот член во советот на Општина Охрид. Таа доаѓа од редовите на СДСМ и е на местото на Томислав Тунтев кој беше разрешен поради верификација на неговиот пратенички мандат. Инаку, Мицкоска беше и во претходниот состав на советот на општината. Денес беа назначени и новите координатотри на советничките групи. Илија Арнаудоски од ВМРО ДПМНЕ ќе биде гласноговорникот на владејачкото мнозинство во советот. А кај опозиционерите оваа функција ќе ја извршува носителот на листа на СДСМ, проф. д-р Јован Стојаноски. Арнаудоски доаѓа на местото на Сашо Донев...
Oваa локална власт ја повтори грешката од минатото, обвинува Станкоски
Post Views: 8 Изгласани најинтересните точки од дневниот ред на продолжението на дваесет и третата седница на градскиот совет. „Предлог одлуката за давање согласност на одлуката на Управниот одбор на ЈП„ Билјанини извори“ за усвојување на физибилити студија“ и „Предлог одлуката за давање согласност на одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори“ кренаа најголема прашина и отворија голем број дискусии. Јоне...
Ќе се брендира охридскиот чамец
Post Views: 37 Ќе се брендира охридскиот чамец. Ова е идеја на Охридската капетанија која се планира да се реализира наесен откога ќе заврши туристичката сезона. Капетанот Горан Устијаноски вели дека охридскиот чамец или како што охриѓани го викаат кајче има свои специфики по кои е препознатлив и поради што тешко кој друг освен охридските мајстори може да го изработи.–Охридскиот чамец не е автохтон. Тој е донесен од Холандија, но во Охрид се развиле такви мајстори кои во неговата изработка оделе до такви детали поради што чамецот заслужува да остане онаков каков што е...