Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Осум фармацевти од Охрид ќе можат да комуницираат со лицата со оштетен слух

Post Views: 5   Осум фармацевти од Охрид ќе можат да комуницираат со лицата со оштетен слух. Тие успешно ја завршија обуката за комуникација со глуви и наглуви лица која ја спроведе националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Обуката била многу интересна и корисна и за фармацевтите и за глувите лица.–Досега лицата со оштетен слух навистина има проблем. Тие ќе му ја дадеа рецептата на апотекарот и тој ќе им го дадеше бараниот лек но не можеше да се воспостави една подобра комуникација. Не можеа да...

Продолжи со читање

Батериска ламба

Post Views: 7 Граѓаните кои живеат на дел од улицата „Прва македонска ударна бригада“ пред да излезат навечер надвор од своите домови обавезно си земаат батериска ламба. Оваа сообраќајница е  опасна по живот бидејќи по неа се движат голем број возила,  нема тротоар, а нема и  улично осветлување. Ако жителите сами не си го осветлат патот не им се гледа прст пред око. Неколкуте бандери на кои се поставени светилките кои се прегорени се дополнителен проблем бидејќи се наоѓаат на самиот коловоз. И учениците кои учат во ОУ “Христо Узунов“ кога се попладне нашколо мора дома да си одат...

Продолжи со читање

Без радио станица нема пловење

Post Views: 6 Сопствениците на пловилата со посилен мотор од 20 киловолти кои имаат подрачје на пловидба повеќе од една наутичка миља одалеченост од брегот, имаат уште половина месец да си набават опрема која им ја налага новиот правилник за пловидба. Покрај тоа што мораат да имаат аларм за високо ниво на вода во потпалубата, електрична пумпа за празнење на вода, рачна пумпа за празнење на вода од чамецот, обврзен елемент во самата опрема станува и ВХФ радио станица. –Со тоа ќе се подобри комуникацијата и ќе се подобри преносот на информациите од капетанија према учесниците...

Продолжи со читање

Дипломира првата генерација на Универзитетот „ Свети Апостол Павле“

Post Views: 6   Триесеттина студенти од првата генерација дипломци при Универзитетот за информатички науки и технологии „ Свети Апостол Павле“, денес ги доби своите дипломи. Ректорот на универзитетот Проф. Д-р Нинослав Марина рече дека е среќен што заврши оваа прва генерација и додаде дека тие ќе бидат квалитетен кадар бидејќи ова е единствениот универзитет во регионот кој дава образование на англиски јазик, а воедно е специјализиран за информатички науки и технологии. Фактот што на „Св. Апостол Павле“ доаѓаат да предаваат професори од познати високообразовни институции од светот...

Продолжи со читање

Кој ќе биде бројот на новите студенти во Охрид

Post Views: 7   Министерството за образование ги објави квотите за запишување студенти во новата студиска година 2014-2015. На  ФТУ  и на Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле веќе се знае првичниот број на идните студенти. Деканот на ФТУ, Сашо Коруновски вели дека оваа година на нивната високообразовна институција одобрено е да се запишат 215 студенти или педесеттина помалку од лани. Тоа се должи на укинувањето на студиската прогрма за менаџмент во услужен сектор, која била отворена минатата година. Коруновски објаснува дека тие ќе ги вложат сите...

Продолжи со читање

Охрид го одбележа Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Post Views: 9 Со положување цвеќе пред споменикот на ослободителите на Охрид  денеска  официјално беше одбележан 9-ти мај – Денот на победата над фашизмот. Цвеќе положија делегација на Локалната самоуправа, преставници на Советот на Општина Охрид, преставници на ОО на СДСМ и на ОО на Сојузот на борци за Охрид и Дебарца. Делегација на Сојузот денес положи цвеќе и пред Споменикот на паднатите борци во НОБ „Кременатец“ во месноста Рашанец во Дебрца. Заменик градоначалникот Ангел Јанев уште еднаш потсети на значењето на овој светол ден кога со потпишувањето на безусловна капитулација...

Продолжи со читање

Азбестни покриви над главите на нашите ученици

Post Views: 5   Децата сеуште учат под азбестни покриви. Речиси сите основни училишта во градов се покриени со азбестни плочи кои не се променети со децении. Знаејќи ги штетните последици од азбестот кој е радиоактивен материјал ова е податок кој сите сериозно треба да не загрижи. Во основното училиште „Григор Прличев“ директорката Силвија Мојсоска вели дека и двете згради се покриени со азбест. Постарата зграда е од 1959 год. И тогаш покривот бил направен со азбестни плочи. И после реконструкцијата која била направена во меѓувреме тие не биле отстранети. И новата зграда која е...

Продолжи со читање

Внимавајте, почна сезоната на крлежите

Post Views: 8 Внимавајте, почна сезоната на крлежите. Наглото зголемување на температурите после долгата и влажна зима се идеални услови за нивно размножување. Ги има во грмушките, високите треви, на дрвјата, а граѓаните често се жртви на овој пајаковиден членконог.–Ми се закачи крлеж и отидов на лекар па интервенираа. Многу непријатна случка. Сега многу внимавам кога се движам каде што има високи треви, вели еден наш сограѓанин.–Крлежите ги има по тревата ама и од милениците. Тие што имаат кучиња и мачки треба да водат сметка за нив, вели една охриѓанка.Лекарите...

Продолжи со читање