Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 305 Заврши аукцијата за поставување на тезгите во централното градско подрачје, а тече и новиот повик за оние тезги кои не беа доделени. Сеуште може да се доставуваат и барања од граѓани за поставување тезги на нови локации кои дополнително ќе бидат разгледани од страна на градоначалникот и стручната комисија. Склучени се и најголемиот дел договори со угостителите кои поднесоа барања за поставување урбана опрема на јавна површина. Договорите си течат. Ние, знаете дека имавме долги разговори, но на крајот стигнавме до едно прикладно решение за обете страни, компромисно...
55 години од матура
Post Views: 212 Генерацијата 1959-1963 од првата и последна учителска школа „Андон Дуков“ од Охрид, денес се собра да одбележат 55 години од матура. Тие се потсетија дека на овој ден пред повеќе од половина век својата матурска вечер ја прославиле во депандансот на хотелот Палас со што завршиле едно поглавје од својот живот. После тоа сите се распрскале на различни страни, следејќи ги своите желби и мечти за денес оние кои сеуште се борат со животните предизвици повторно да се соберат на заедничка средба. Важно е што се гледаме здрави и живи колку што можеме да бидеме, важно е...
Матурантиде го изиграа својот Квадрил
Post Views: 172 Уште една генерација матуранти од средните училишта во Охрид со изведба на познатиот штраусов танц Квадрил, го одбележаа крајот на средното образование. Точно на пладне, истовремено танцуваа со матурантите од уште шеесетина градови на Централна и Југоисточна Европа. Градоначалникот Јован Стојаноски кој со задоволство го проследи овој настан на матурантите им го честита завршувањето на средното образование и им посака секој да си го трасира сопствениот пат и успешно да го изоди. Бидете цврсти во Вашите одлуки да напредувате во животот, само на оној начин кој нема...
Противпожарната единица засега останува на старата локација
Post Views: 187 Засега нема дислокација на Противпожарната единица во Охрид. Командирот Спасе Прентоски вели дека идејата на Локалната за преместување на противпожарната на друго место која потекнува уште од пред неколку години, барем според најавите за брзо време нема да се реализира. Тој додава дека нивниот став е јасен. Локацијата на која се наоѓаат е најпогодна за обавување на нивната дејност, но командирот додава дека доколку Локалната одлучи поинаку тие ќе мора да прифатат. Како една од можните локации каде би се сместила противпожарната единица беше спомнувана и касарната. Од...
Базиликата на локалитетиот Манчевци е една од најубавите не само во Охрид туку и пошироко
Post Views: 189 Министреката за култура, Елизабета Канческа Милевска го посети локалитетот Манчевци. Таа уште еднаш потсети од колкаво значење е овај локалитет на кој се пронајдени остатоци од камени архитектонски градежни пластики од многу значаен период како и ранохристијанска базилика со фантастичен мозаичен под кој потекнува од крајот на 4-тиот и почетокот на 5-тиот век. Министерката нагласи дека од буџетот на министерството за култура биле издвоени 2 милиони и 200 000 ден. за изградба на потпорни ѕидови на локалитетот Манчевци. Канчевска Милевска кажа дека и наредната...
Канализација се влева во езерото близу СВ. Софија
Post Views: 174 Фекалии пливаат по езерото, реагираат жителите на улицата „Коста Абраш“. Тие велат дека во близина на црквата Св. Софија во езерските води се влева канализација. Тоа ни го потврдија и од ЈП „Нискоградба“ од каде објаснуваат дека некои од домаќинствата не сакаат да се приклучат на канализационата мрежа и на колекторскиот систем кој на овој потег се направи пред две години. Од таму објаснуваат дека неможат ништо да сторат бидејќи дел од цевката која треба да се приклучи на најблиската шахта треба да помине низ дворно место што е приватна сопственост. Дејан Паноски,...
ТЛЕР преку анкети ќе дознава што сакаат, а што не туристичките работници и туристите
Post Views: 188 Туристичките работници, странските и домашните гости , а и граѓаните ќе можат да си ги напишат маките на хартија. ТЛЕР изготви формулар на кој сите субјекти кои се вклучени во туризмот, а и гостите ќе можат да ги стават своите забелешки и да кажат од што се, а од што не се задоволни. Анкетата не е класична со точно утврдени прашања туку секој може да наведе повеќе забелешки доколку ги има. Гоце Симоновски, раководителот на ТЛЕР вели дека се одлучиле на овој начин на испитување на јавното мислење во областа на туризмот со цел да дознаат кои се пропустите и истите да...
Патувачката дизајнерска продавница пристигна и во Охрид
Post Views: 178 Висока мода во Охрид. Охриѓанки, а и гостите ќе можат да си купат уникатно парче облека со потпис од познати македонски дизајнери по не така астрономски цени, вели еден од организаторите и моден креатор, Драган Христов.Ова е втора ваква распродажба летово организирана од Лудус и Капка. Првата била минатиот викенд во Битола, а во Скопје претходно биле организирани две. Зa сите имало огромна заинтересираност кажува Христов. Тој додава дека иако нашата модна сцена е сосема на почеток и овие парчиња кои се продаваат се малку поавангардни македонките добро знаат да ги...
Се повеќе велосипедисти, а се помалку простор каде да се вози
Post Views: 186 Се повеќе велосипедисти, а се помалку простор каде да се вози. Локалната сериозно размислува како да ја подобри велосипедската инфраструктура во градов и да направи патеки по кои ќе може да се вози без притоа да се стравува дека може некој да настрада. Сите некако сме го заговарале и како политичари и како граѓани решавањето на проблемот со велосипедските патеки во Охрид и ние како општина во овој период преминавме кон изработка на сообраќајната студија од која треба да произлезе и решението за велосипедските патеки. Тендерот е веќе при крај и наскоро ќе пристапиме...
Има ли спас за жителите од улицата „Живко Чинго“
Post Views: 224 Жителите на улицата „Живко Чинго“ секојдневно се молат да не заврне дожд. Кога врне нивниот живот се претвара во кошмар. Од сите страни се прелева канализацијата па нивните домови пливаат во гнасна вода. Со овој проблем се борат веќе две години. Миланка Димоска вели дека се започнало со изградбата на канализацијата во Велгошти. Цевката која е поставена во 2010год. е со поголем обем од онаа на која претходно жителите од оваа улица биле поврзани па сега и при најмали врнежи доаѓа до прелевање на канализацијата и тоа во нивните домови објаснува Димоска.Едни од засегнатите...
Туристичка сезона за „паметење“
Post Views: 176 Најслаба туристичка сезона досега, тврдат од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Од таму велат дека за жал Градоначалникот Александар Петрески и Локалната самоуправа не превзеле никакви мерки за подобрување на квалитетот на туристичката и угостителската дејност. Никола Митровиќ, портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ рече дека жртвата од ваквиот нивен игнорантски став кон промоција и подобрување на квалитетот на туристичката сезона не се само граѓаните на Охрид туку и сите домашни и странски туристи кои доаѓаат да го посетат нашиот град. Тој запраша дали на Градоначалникот...
Шумата над кошишта, темпирана бомба
Post Views: 183 Шумата која се наоѓа на потегот од Горна порта до амбулантата Воска, потенцијална опасност за жителите на Урбаната заедница Кошишта. Мештаните велат дека особено во летниот период во секој момент би можело да дојде до пожар кој би имал катастрофални последици. Жилески Крсте, жител на оваа месност, инаку шумарски инжинер во пензија, вели дека шумата претставува темпирана бомба. Бидејќи голем дел од стеблата се суви и стари, а има и сува ниска вегетација условите за пожар и негово брзо ширење се идеални, предупредува Жилески.За овој проблем жителите од Кошишта алармирале...