Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Ќе се реконструира кружниот тек на пресекот на улиците „Јане Сандански“ и „Питу Гули“

Post Views: 9 Ќе се реконструира кружниот тек на пресекот на улиците „Јане Сандански“ и „Питу Гули“. По направените сондажи од страна на стручни лица од Одделението за комунален развој, сообраќај и патишта било констатирано дека овај кружен тек кој е поставен на една многу фреквентна крстосница, има оштетувања и некои недостатоци па неопходно е да се реконструира. Најпрво се планирало само да се направат некои помали зафати, но состојбата на терен покажала дека неопходна е целосна реконструкција. Завршена е тендерската постапка, склучен е договорот со изведувачот за...

Продолжи со читање

Охрид ќе добие нов спортски објект

Post Views: 5 Охрид ќе добие нов спортски објект. Неодамна беа ставени темелите за изградба на спортска сала во ОЕМУЦ Св. Наум Охродски. Овој проект кој долги години наназад беше најавен, конечно ќе се реализира. Со тоа не само што училиштето ќе добие современа спортска сала, туку и градов ќе има нов простор во кој ќе можат да се одржуваат спортски настани. На оние состаноци кои ги имавме со покојниот градоначалник тој ни побара проекти со кои ќе аплицираме. Јас му го понудив проектот за спортската сала кој беше изготвен од 2008 и стоеше во фиока. Веднаш се зинтересира и...

Продолжи со читање

Нема втор пат за првиот впечаток

Post Views: 8 Нема втор пат за првиот впечаток. Ова многу добро го знаат и веќе активно го применуваат туристичките водичи од градов. Тие се свесни дека го претставуваат првиот впечаток за Охрид како туристички центар, па затоа инвестираат во себе и во сериозноста на оваа професија. Пратејќи ги современите трендови во туризмот и се поголемиот интерес за развој на неговите алтернативни форми како што се планинарење, алпинизам, авантуризам и др., дел од водичите специјализирани за вакви тури, пред неколку месеци ја формираа Асоцијацијата „Експлорер“. Асоцијацијата за...

Продолжи со читање

Се загрева атмосферата околу престојните вонредни локални избори

Post Views: 7 Се загрева атмосферата околу претстојните вонредни локални избори. Владејачката СДСМ веќе испрати четири свои кандидати за градоначалник до централата во Скопје. Извршниот одбор на огранокот на партијата на синоќешната седница на која биле преставени вкупно тринаесет кандидати изборот го стеснил на четири предлози и тоа в.д. градоначалникот Константин Георгиески, актуелната претседателка на градскиот совет Живка Ангелоска, претседателот на ОО СДСМ Охрид, Лазе Танески и поранешниот претседател на охридскиот огранок и бизнисмен Науме Јованоски. Оваа листа на...

Продолжи со читање

Ќе се санираат потпорните ѕидови во стариот дел на градот

Post Views: 9 Возачи внимателно кога возите по улицата која води кон Горна порта. Поради влажната зима, обилните врнежи на снег и дожд, секојдневно на овој дел од патот има одрони од камења. Граѓаните велат дека со тоа се загрозува безбедноста на возачите бидејќи коловозот е тесен и доколку се избегнат одроните може да дојде до судир со возило кое доаѓа од другата страна. Бараат од Локалната да направат потпорен ѕид кој ќе ги спречи одроните. Минатата година беше направен еден дел од потпорниот ѕид токму на овој дел од патот, но не беше дозавршен поради немање доволно...

Продолжи со читање

Охридските сообраќајници прекриени со ударни дупки

Post Views: 10 Охридските улици небезбедни за возење. Речиси да нема сообраќајница на која нема ударни дупки. Секојдневно се појавува и по некоја нова. Возачите се жалат дека ги оштетуваат возилата, а и ја загрозуваат безбедноста на пешаците. Ваквата состојба не е непозната за Одделението за комунален развој, сообраќај и патишта. Нивните служби веќе биле на терен и ги детектирале оштетувањата на коловозите низ градов. Тоа најмногу се должи на снегот и на ниските температури што ги имавме во изминатиот период, па и оние мали оштетувања кои до тогаш не беа видливи од мразот и од...

Продолжи со читање

Библиотеката „Григор Прличев“ се сели во новите простории

Post Views: 7 Библиотеката „Григор Прличев“ наредниов месец треба веќе конечно да се прошири во новите простории. Направени се сите подготовки за преселба, останува уште да се постават уредите за ладење и греење кои се неопходни за одржување на книжниот фонд. Од библиотеката велат дека министерството за Култура треба да им обезбеди средства за тоа, но постои уште еден проблем кој треба да се надмине. Мора да признаеме дека имаме една физичка бариера бидејќи двете згради на библиотеката во моментов не се поврзани и имаат два различни влезови. Најверојатно ќе се направи еден...

Продолжи со читање

Врачена Повелбата за најдобра поема за 2018 година

Post Views: 12 Денес во Центарот за култура „Григор Прличев“ беше врачена Повелбата за најдобра поема за 2018 година. Лауреатот Славчо Ковилоски го доби ова престижно признание за поемата „Крале Марко по втор пат“ која ја пишувал повеќе години. Авторот кажа дека е посебно почестен со наградата бидејќи да се продолжи делото на ловороносецот Григор Прличев е огромна чест и одговорност. Оваа награда Григор Прличев која се доделува за поема е единствена во македонската книжевност и е една од најзначајните награди воопшто во македонската литература. Така што ми е огромна чест и...

Продолжи со читање