Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Убавините на планетата Земја на фотографија

Post Views: 3 Планетата Земја и нејзините убавини инспирација за професионалните но и за фотографите аматери. Од 01.05 2014 до 31.05 2014 ќе се одржи натпревар за избор на најдобра фотографија како дел од проектот Вики ја сака Земјата. Овој натпревар на фотографии е организиран од Википедија за спомениците на природата и заштитените природни подрачја. Учесниците на натпреварот ќе имаат за цел да направат фотографии од природни паркови, природни резервати и споменици. По завршувањето на натпреварот ќе бидат доделени награди во две категории: за најдобра фотографија и за најдобар...

Продолжи со читање

Охриѓани се жалат на квалитетот на водата за пиење

Post Views: 6 Охриѓани деновиве се жалат на квалитетот на водата за пиење. Велат дека има чуден мирис и е заматена и додаваат дека по се изгледа тоа се должи на обилните дождови кои ги имавме изминативе денови.  Од Центарот за јавно здравје смируваат. Велат дека водата од градскиот водовод постојано се контролира и дека е со добар квалитет. –Апелирам до сите граѓани кои ќе почувствуваат или видат некое отстапување од квалитетот на водата да се јават во Центарот за јавно здравје или да ја користат нашата веб страна каде можат да се информираат за одредени препораки не само...

Продолжи со читање

Првите холандски гости пристигнаа во градов

Post Views: 3 Од денес официјално започнува новата туристичка сезона. Претпладнето на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ пристигнаа првите холандски гости. Со чартер лет на Корендон и тур- операторот Фибула Ер Травел слетаа 189 патници.– Осми пат доаѓам во Македонија. Прв пат бев тука пред 7 години и навистина се вљубив во вашата земја. Среќна сум што сум повторно тука, ми надојдоа солзи во очите кога авионот слетуваше на аеродромот во Охрид, се осеќав како да си доаѓам дома , изјави една од гостинките од Холандија кои денес пристигнаа во Охрид.-Јас прв пат доаѓам...

Продолжи со читање

Саем на виртуелни училишни компании

Post Views: 3   Матурантите од средното економско училиште денес  во улога на успешни бизнисмени. Тие на традиционалниот саем на виртуелни училишни компании открија само дел од своите афинитети симулирајќи најразлични бизниси. Агенции за туризам, хотели, аква паркови, компании за трговија со пијалоци, беа само некои од компаниите на кои средношколците економисти вредно работеа преку целата година.На денешната свеченост учениците имаа можност да ги презентираат вештините, искуствата и достигнувањата стекнати во текот на образовниот процес. Организаторите на проектот повеќе од...

Продолжи со читање

Торта и благодарност до медиумите и граѓаните од кандидатите за пратеници од ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 5 Моите чувства поради овие историски мигови на  големата двојна победа на коалиција на ВМРО-ДПМНЕ сакам да ги споделам со сите граѓани на Охрид и Република Македонија и со вас медиумите, рече новиот пратеник од Охрид, доктор Сашо Василевски на денешната пресс конференција која беше одржана за прв пат по прогласувањето на победата на претседателските и парламентарните избори.– Ја добивме поддршката на народот и затоа искрено им сме благодарни и ги уверувам дека нашата работа во парламентарниот дом исклучиво ќе биде за интересите на нашата држава, Република...

Продолжи со читање

Дали и кога Охрид конечно ќе го добие затворениот пливачки базен

Post Views: 7 Дали и кога Охрид конечно ќе го добие затворениот пливачки базен. Години наназад се ветува и е еден од главните проекти со кој скоро пред сите избори се излегува пред граѓаните, но никако да се реализира. Градоначалникот Никола Бакрачески минатата година вети дека оваа година и тоа во месец април ќе се започне со градежните работи на базенот, но на терен нема ништо од тоа. Бакрачески изјави дека подготвителните работи веќе се започнати и дека во септември или октомври годинава ќе почнат и градежните работи.–По наша иницијатива Министерството за транспорт и...

Продолжи со читање

Колеџот Јахја Кемал домаќин на „Саемот за наука и култура“

Post Views: 6 Колеџот Јахја Кемал денес беше претесен за сите кои учествуваа на Саемот за наука и култура кој беше организиран во оваа среднообразовна институција. На триесетина штандови основците од Охрид кои беа гости ги имаа поставено своите научни истражувања и своите културни обележја. Можеа да се видат најразлични експерименти од областа на биологијата, географијата, физикаат, хемијата, како и многу предмети карактеристични за македонската, албанската, турската па и другите европски и светски култури. На еден штанд се престави и ОМУ Методиј Патчев каде негови ученици...

Продолжи со читање

Недела на солидарност

Post Views: 5   Под мотото “ВАШИОТ ПРИЛОГ – ЗНАЧАЈНА ПОМОШ”, а по повод одбележување на Неделата на солидарност,  Црвен крст од Охрид  организира хуманитарна акција. Целта е подигање на свеста на населението за помош и поддршка на ранливото население за обезбедување  храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства наменети за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни потреби од Охрид и Дебарца.–Во последно време со оглед на економската ситуација на граѓаните бројот на оние на кои им е потребна ваква помош...

Продолжи со читање