Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Охриѓани ќе се рекреираат на современа пешачка патека

Post Views: 1   Ќе се прави современа пешачка рекреативна патека на потегот од мостот кај каналот до почетокот на Парк. Таа ќе биде широка десет метри и ќе содржи две пешачки зони од по четири метри и уште две патеки од по страните  во широчина од по еден метар кои ќе се користат за велосипеди и ролери. Во средината ќе биде хортикултурно уредена со комунална инфраструктура и со современо осветлување. Патеката ќе биде долга 1390метри а ќе се реализира со средства од ИПА фондовите. Општина Охрид во заедничка соработка со општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун аплицирале со...

Продолжи со читање

Охрид сардисан од кучиња скитници

Post Views: 6 Кучињата скитници повторно го окупираат градов.  Граѓаните мака мачат со овие незгрижени животни кои ги има речиси насекаде. Тие во групи окупираат одредени територии во кои тешко кој од граѓаните ќе се осмели да се приближи. Со страв одат децата на училиште, со страв се враќаат граѓаните дома во подоцните ноќни часови. Овие бездомни животни голем број граѓани  преплашиле, нападнале па дури и касналее. Охриѓани бараат надлежните што поскоро да го решат овој проблем.Директорката на ЈП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа вели дека овој проблем се провлекува години...

Продолжи со читање

Децата, младите и жените во фокусот на програмата на ГРОМ

Post Views: 5 На денешната пресс конференција партијата ГРОМ обелодени дел од програмата посветена на децата, младата популација и понежниот пол. Во неа е зацртано да се доделат три години пензиски стаж на жените-мајки за секое родено дете. Од ГРОМ предлагаат жените да можат доброволно да одат во пензија на 55 години старост.  ГРОМ нуди интересни решенија и за младите во државава. –За секој млад кадар до 29 години што ќе се врати и  вработи во Македонија 30 % субвенција на плата за период од 2 години. 20 % субвенција на плата за период од 3 години за секој вработен млад...

Продолжи со читање

Костоски: Го прават истото за што критикуваа

Post Views: 2 Од ВМРО НП потсетија дека пред само неколку години од ДПМНЕ со дрвја и камења фрлале по минатата локална власт поради претераната урбанизација, а сега оваа локална го прави истото. Потсетија и за долгот на општината од околу 30 мил евра кој секојдневно расте, но исто така потсетија дека тој долг не е направен само во времето кога градоначалник беше од редовите на СДСМ, туку дека 4милиони евра од тој долг биле направени за спроведување на проектот за водоснабдување во времето кога градоначалник бил од редовите на ВМРО ДПМНЕ  како и за проектот за изградба на...

Продолжи со читање

На ФТУ ќе се гради ботаничка градина

Post Views: 3 На ФТУ ќе се гради ботаничка градина. Ова е дел од проектот во кој учествуваат  четири партнери, Општина Охрид, Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун. Вкупната сума која е одобрена од ИПА фондовите е 600 000 евра од кои ФТУ добил околу 60 000 евра. Од нив 27 000 евра ќе бидат употребени за набавка на софистицирани апарати за опремување на кујната, а 25 000 евра ќе бидат наменети за изградба на ботаничката градина.–Во таа ботаничка градина планираме да има зачини и лековити билки, а еден мал дел ќе биде оставен за органско производство. На тој начин сакаме...

Продолжи со читање

Кузески:одговорните лица во ДПМНЕ даваа лажни ветувања за здравствените услуги

Post Views: 5 Непосредно пред вонредните парламентарни избори, одговорните во општата болницата се пофалија дека купиле најсoфистициран 4Д ултразвучен апарат за ран скрининг на плодот. Нека и објаснат сега на јавноста кој гинеколог е сертифициран за таков ран скрининг на плодот и каде се вршат таквите прегледи, кажа портпаролот Александар Кузески на пресот на ОО на СДСМ. Кон средината на септември минатата година истиот тој менаџмент на охридската општа болница изјави дека е направена првата лапароскопија во Охрид – ги прашуваме: колку лапароскопии се направена оттогаш во...

Продолжи со читање

Заштитата на Охридското Езеро, приоритет на ВМРО НП

Post Views: 5 Заштитата на Охридското Езеро и ревитализацијата на Студеничишкото блато е можно само во време кога Македонија ќе го потпише Договорот за датум за челенство во Европската унија,рече кандидатот за пратеник, Владо Цветкоски на денешната пресс конференција на ВМРО НП .  Тој потсети дека во времето кога Љубчо Георгиевски беше премиер на Република Македонија се реализира проектот за заштита на Охридското Езеро во вреЗаштитата на Охридското Езеродност од 20 милиони Г. марки односно во вредност од 10 милиони Евра. Цветкоски ги обелодени нивните планови за решавање на...

Продолжи со читање

Охрид под снег

Post Views: 8 Снег на средината од април. Е овој снег навистина не изненади. Граѓаните кои забрзано се подготвуваат за најголемиот христијански празник-Велигден за кој вообичаено имаме убаво сончево време, изненадено велат дека  според времето надвор како да доаѓа Божик. Снегот што од синоќа паѓа во поголемиот дел од западна Македонија формира покривка која на повискоите места достигна и до 40 сантимети. Во Охрид снегот не се задржува, меѓутоа снежна покривка и до 15 сантиметри е забележана во околните села и на повисоките места. Охриѓани загрижени за сопственото здравје поради...

Продолжи со читање