Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

sdsm

Од ОО на СДСМ обвинуваат дека ВМРО ДПМНЕ им се заканува на вработените во јавната администрација

Post Views: 16 Вработени во јавната администрација и здравствени и образовни институции во Охрид приморани и уценети од партиското раководство на ВМРО ДПМНЕ да носат сигурни гласачи на престојните избори, обвинуваат од ОО на СДСМ. Од таму велат граѓаните да не се чудат доколку на роденден, слава, визита или на кафе им се појават на врата новопримени наставници, професори, негователки, лекари, медицински сестри или службеници од локалната самоуправа или од јавните претпријатија, кои го нудат отчетот на Ѓорге Иванов или агитираат за ВМРО. Додаваат дека тие не по нивна вина се...

Продолжи со читање

trajko

Централната градинка „Јасна Ристеска“ ќе се реконструира

Post Views: 18 Централната градинка „Јасна Ристеска“ ќе се реконструира со пари од Светска банка. Директорката на градинаката Розе Костоска вели дека централниот објект ќе биде реновиран комплетно и дека за тоа ја имаат целокупната потребна докумнтација. –Ќе се менува покривната конструкција, санитарните јазли, надворешната и внатрешната дограма и фасадата со што градинката ќе добие нов, современ и поефикасен лик. Ќе се менува и електричната инсталација која во многу случаи знае да ни направи проблем, вели директорката. За останатите три објекти во тек е подготовката на...

Продолжи со читање

5ie

Охридскиот регион ќе биде големо градилиште

Post Views: 16 Носителот на кандидатската листа за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ во петтата изборна единица Антонио Милошоски денес во посета на Охрид. Тој на пресс конференцијата покрај тоа што зборуваше за 2046те нови проекти кои ќе овозможат 64 илјади нови вработувања во Македонија најави дека охридскиот регион ќе биде едно големо градилиште во текот на наредните четири години.–Охрид и Охридско во наредните 4 години ќе биде едно големо градилиште како што не било во последните 50 години. Тоа градилиште ќе почне со автопатот –...

Продолжи со читање

trajko

Започна решавањето на статусот на волонтерите во градинката „Јасна Ристеска“

Post Views: 14 Започна решавањето на статусот на волонтерите во градинката „Јасна Ристеска“. Директорката Розе Костоска вели дека од септември минатата година за потребите на оваа детска установа биле ангажирани 30 работници преку агенцијата за времени вработувања. Откога во јануари агенцијата ја изгубила лиценцата и згаснала работниците биле ангажирани на волонтерска основа. Од вчера започна постапката за повторно нивно времено вработување.–Ние имаме реална потреба од овие работници, дури и за повеќе од оваа бројка, но средствата моментално се тие па дел од волонтерите ќе...

Продолжи со читање

promocija

Промотивна тура „ Охрид 2014 “

Post Views: 18 Во рамките на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот Општина Охрид организира промотивна тура „ Охрид 2014 “ . На оваа тура присуствуваат претставници на туроператори, туристички агенции и медиуми од Турција, Албанија, Србија, Бугарија, Русија и Косово кои во наредните два дена ќе  ги посетат хотелските капацитети во градов, културно-историските знаменитости, формите на алтернативен туризам, руралните средини, планината Галичица, Заливот на коските, клубот за параглајдинг и др. -Јас верувам дека оваа година како пилот проект ќе успее но ќе има и...

Продолжи со читање

vmro dpmne

Предложениот модел со студијата најприфатлив, тврдат од ОК на ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 17 Kако Одлука на совет која претходно беше изгласана и од советничката група на СДСМ преку ноќ беспредметно се критикувa, се прашуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ, во врска со изнесените наводи на пресот на СДСМ за изгласаната физибилити студија за изградба на затворен градски пазар. Добро е што СДСМ низ наводни критики всушност  ги промовира капиталните проекти на ВМРО ДПМНЕ, кажа Јованка Дамоска Секулоска. Партијата која што осум години не успеа да направи никаков јавен објект вклучувајќи и затворен пазар кој ќе служи за интересот и потребите на граѓаните на Охрид, денес...

Продолжи со читање

knigi

Детската литература во Македонија на работ на опстанокот

Post Views: 17 Во Македонија речиси и да нема писатели за детска литература. Денес на меѓународниот ден на книга за деца и млади уште еднаш на виделина излегоа сите проблеми со кои се соочуваат книжевните работници. Писателот и поет Тоде Илиевски кој зад себе има четири книги за деца вели дека Македонија сеуште не е влезена во меѓународната организација на Светскиот совет на детската книга и покрај неговите долгогодишни заложби. Тој додава дека државава долги години наназад не размислува за детско издаваштво–Имам 62 години а спаѓам во најмладите писатели за деца во...

Продолжи со читање

sednica

Денешниот дневен ред на седницата на градскиот совет остана покус за една точка

Post Views: 13 Одложена една од најинтересните точки од дневниот ред на дваесет и втората седница на градскиот совет. „Предлог одлуката за давање согласност на одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори“, беше тргната на барање на секретарот на општината Димитар Спасески. Причина, изготвувачите на физибилити студијата кои требало да пристигнат од Скопје не стигнале поради дефект на возилото. За опозицијата ова...

Продолжи со читање