Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Алергиите земаат се поголем замав

Post Views: 6   Алергиите заземаат се поголем замав. Годинава поради високите температури и малото количество на врнежи на дожд и снег бројот на пациенти со поленозни алергии во охридската алерголошка амбуланта е зголемен за седум проценти. Тие доаѓаат да се лекуваат тука и од другите градови во државава.-Синот имаше проблеми со алергија уште пред две години.  Киваше, му отекуваше носот и очите. Долго време немавме решение и примаше антибиотици. Ние сме од Дебар и не упатија да дојдеме тука. Сега син ми е многу подобар бидејќи прима соодветна терапија, вели таткото на еден...

Продолжи со читање

Потрошени вртоглави суми за патни расходи во земјата и странство, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 9 Енормното трошење на средства во периодот од 2005 до 2013 година, тема на денешната пресс конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ. Портпаролот Никола Митровиќ рече дека  СДСМ недомаќински работела со што потрошила милионски суми за службени патувања во периодот од 2005-2013 година заклучно со месец март.  Митровиќ таксативно ги наброја сумите за патни расходи во земјата и странство од најмалата, 752 632ден. во 2005год. и највисоката забележана во 2010год., 4 140 594 ден. Во овој период од раководењето на СДСМ со Локалната самоуправа според ВМРО потршени биле вртоглави суми...

Продолжи со читање

Директорите на училиштата сугерираа во иднина да не се злоупотребуваат образовните институции за партиски цели

Post Views: 4 Директорите на училиштата сугерираа во иднина да не се злоупотребуваат образовните институции за партиски цели бидејќи децата кои таму учат се на сите нас. Директорот на најголемото основно училиште во градов, „Христо Узунов“, Тони Симоноски рече дека мора да проговори за невистините кои беа искажани од страна на СДСМ. Тој ги демантираше тврдењата од општинските социјалдемократи дека на некои училишта во градов им биле блокирани жиро сметките поради неисплаќање на опремнините на пензионерите.-Во ниту едно училиште не е заостаната неисплатена опремнина на...

Продолжи со читање

ДПМНЕ манипулира со охридската јавност, обвинуваат од СДСМ

Post Views: 9   Локалната власт од ДПМНЕ никако да престане да манипулира со охридската јавност, кога се работи за образованието, обвинуваат од општинската СДСМ. Одговорните лица упорно се обидуваат да ја убедат охридската јавност дека градската власт ги одблокирала сметките на училиштата во Општина Охрид, поради наводното нестручно и недомаќинско работење на поранешните директори. За блокираните сметки на училиштата во Охрид вината исклучиво ја сноси Министерството за образование и наука, велат од СДСМ. По освојувањето на локалната власт, за таквата состојба неоправдано и...

Продолжи со читање

Црвениот крст од Охрид на поединци, институции им додели благодарници за развој и унапредување на крводарителството

Post Views: 4 Црвениот крст од Охрид го одбележа Светскиот ден на крводаротелството. Претседателот Сашо Точков рече дека изминатата година била и повеќе од успешна со реализирани 1734 дарувања крв и надминување на предвидениот план за 2.79 отсто. На вчерашната централна манифестација на Црвениот крст на РМ во Скопје, ЦК Охрид се здоби со посебно признание и плакета за исполнет план на крдовадарителството за изминатата година.–Особено радува фактот што најголем број од крводарувањата кои се реализирани се од млади луѓе од средните училишта и факултетите. Тоа секако ни дава...

Продолжи со читање

220 000 евра за развој на туризмот

Post Views: 5 Министерството за Економија обезбеди 220 000 евра за развој на туризмот. Денес започна проектот за обуки и тренинзи и изнаоѓање на поврзаноста помеѓу туризмот и останатите индустриски гранки, во организација на Секторот за туризам и угостителство при Министерството за економија и Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации. Овој проект е прв и единствен од ваков вид во државата, кој е обезбеден преку Словенечкиот билатерален проект за техничка помош од каде се одобрени 220.000 евра за период од 2 години. Главниот фокус на овој проект ќе биде ставен на...

Продолжи со читање

Се поизвесно воведувањето на бродската линија Охрид- Поградец

Post Views: 8   Се поизвесно воведувањето на бродската линија Охрид- Поградец. Капетанот на Охридската капетанија, Горан Устијаноски вели дека досега биле одржани  повеќе работни средби на работни групи од кои едната била од Поградец каде биле донесени неколку  заклучоци.-Ги информиравме албанските колеги дека во законската регулатива на РМ за отварање привремен граничен премин кај Св. Наум нема никакви пречки. Во моментов сме во исчекување на информации од албанска страна дали тие можат да донесат аналогно решение од нивното Министерство за внатрешни работи за отварање привремен...

Продолжи со читање

Децата во градинката Росица го одбележаа Летник

Post Views: 5 Дечињата згрижени во детската градинка Росица со песна на сите јазици од етничките заедници го одбележаа Летник.  Празникот се одбележа весело со песна и со  подарување на мартинки и  варена пченка. Преку  приредба децата  од сите етникуми кои се згрижени во овој објект прикажаа  дел од обичаите кои се карактеристични за денот Летник. Според  верувањето овој ден  е почеток на новата година или крај на зимата и почеток на летото. Се верувало дека мартинките симболизираат среќен живот и здравје заштита од штетници. Полната трпеза – значи богатство на трпезата преку...

Продолжи со читање